Каде се и што прават?

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Владо проба да напраи кариера во Русија, ама место тоа си се врати од таму со еден куп препеани "хитчиња", на кои демек беше автор. Не бил женет никогаш колку знам. Тоа со Австралија го направи Тошо Малерот - Васко Тодоров.
 
Ova samo dokazuva kolku e lesno da se izgubis vo ovaa zemja, i kolku ni e potop "estradata" i posle Zamp ke trazele 12 evra, a pola clenovi ne znaat kade im se hahahaaha, definitivno mizerija neka gi trazat preku APB.
 
Тука си е Владо. Пее по клубови, натака навака. И постојано дур пее го потенцира стихот од Евергрин: „Често на улица ќе наслушнам, види го шета како ѓавол сам, ма луѓе се, нек си прозборат“. Така нешто, ама често знае така да нагласи за хејтерите што збореле против него, во тој контекст. :P Башка песната Е, ама јас те сакам тебе му е поприлично нова мислам. Пјер е малку постара... така да тука е некаде. :D

Него кај се овие од ХХЛ? Посебно едната што пееше: За да го потсетАААаАм? :ROFLMAO:
 
Тука си е Владо. Пее по клубови, натака навака. И постојано дур пее го потенцира стихот од Евергрин: „Често на улица ќе наслушнам, види го шета како ѓавол сам, ма луѓе се, нек си прозборат“. Така нешто, ама често знае така да нагласи за хејтерите што збореле против него, во тој контекст. :P Башка песната Е, ама јас те сакам тебе му е поприлично нова мислам. Пјер е малку постара... така да тука е некаде. :D

Него кај се овие од ХХЛ? Посебно едната што пееше: За да го потсетАААаАм? :ROFLMAO:
Ние како група спонтано се распаднавме“, признава деновиве Росица Николовска, која денес веќе е Ристовска. Вчера, петок 25 мај, таа стана сопруга на Александар Ристовски. „Но и понатаму ние четирите сме најдобри пријателки и си го продолживме пријателството од детството. Секоја од нас си избра своја професија. Факултетите што ги избравме бараа од нас различни обврски и организација на времето, што се покажа дека е невозможно да функционираме како професионална музичка група. Затоа ’укинувањето’ на ’XXL’ беше некако природно и логично. Како што логично ние си продолживме со нашите животи и пријателство. Еве, Марија и Ивона се најангажираните гостинки на мојата свадба. Верица е во Катар, па пријателството ни е секако на далечина“, раскажува Росица неколку дена пред нејзината венчавка, која ете се случува во „време на Евровизија“. Инаку, Росица работи во оптиката „Визус“, иако дипломираше на Педагошкиот факултет и еден ден очекува да работи како учителка.

Таткото на црвенокосата Верица Каранфиловска, Драган Каранфиловски- Бојс, авторот на евровизискиот хит „Сто посто те љубам“, кажува дека неговата ќерка веќе една година работи во Катар, како преведувач. Таа дипломирала на Филолошкиот факултет и е овластен преведувач за неколку јазици, а англискиот и' е речиси како мајчин јазик. Бојс вели дека Верица е задоволна и среќна од својата професија и моменталната работа, па воопшто не тагува по музичката кариера, иако сите со задоволство се сеќаваат на евровизиските денови.

И за другите две девојки од групата, евровизискиот настап е убав спомен од тинејџерството. Русокосата Марија Николова денес работи како правник во Комерцијална банка. Ивона Џамтовска, повеќе од две години е и Јанкуловска, мајка на двегодишно синче и вработена во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“. Таа има дипломирано општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Ниту една од девојките не продолжи во музичките води, но и понатаму пасионирано ја следат секоја Евровизија. Навистина оваа година имаат друг приоритет - свадбата на Росица, но секако ќе се обидат да ѕирнат нешто од она што се случува на Евровизија во Баку, Азерџејџан.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=680DD613A544E54CAC5272DC17830B4F
 
Габриел Батистута
живее и работи на својот ранч во Аргентина,далеку од фудбалот,одвреме навреме се појавува во Фиренца на утакмица или на некоја церемонија.
 
Каде се овие кокошки? :D
[DOUBLEPOST=1482080215][/DOUBLEPOST]Односно едната кокошка, другата ја знаеме.
Баш пред некое време си ја пуштив песната и побарав. Gрупата сеуште постои, црната сеуште е у неа, а Лоба била заменета со друга типка.

Е сеа зашто немаат песни, тоа е друго прашање, интернетот не ги даде тие одговори :D[DOUBLEPOST=1482089036][/DOUBLEPOST]Али јак беше спотов коа излезе у пичку матер, не се тргав од телевизор.
 
Да се надоврзам за Чуприна дека вчера се породи. Мислам дека родила машко дете.

Мајка и вчера ја видов на преносот од Дик што одеше на телевизија. Дојдена беше од комисија од избирачко место и збореше за ливчето што им го немало во кочанот :D Баш спомна дека и се родил внук.
 
Последно уредено:
Еве ти плус да видиш што памет има.. ;)
Ќе си помагале меѓу себе, он на неа а она нему за рап ќе му помагала.

Ете од многу што му помогнала она сега е јак рапер со пчелите рап битки води :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom