Каде се и што прават?

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.546
Поени од реакции
87.746
Елвир Мекич
Елвир одкога се ожени и доби дете, закочи малце на музичкава сцена... повеќе е посветен на фамилијата, али тоа не значи дека не се бави веќе со музика :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Последно што слушнав е дека нажалост Поце не е добар со здравјето, и затоа веќе не се бави активно со музиката. Истотака ги избегнува и камерите, последен пат се појави во јавност во емисијата на Миленко, и од тогаш испари.

Камиказа басистот е активен, си тера свој бизнис и чат-пат може да се види на некои настани (концерти) позади сцената

Ристо со Џон Ленон очилата, редовно настапува на некои небитни фестивали во земјава.

Другите се фамилијарни луѓе, одамна пензионирани од музиката :)
Поце едно време држеше продавница за музичка опрема.
Перо Камиказа има фирма за организирање настани: бина, светло, озвучување - опасен бизнис тера, а го гледаме и трча маратони.
Бане Поповиќ е сопственик на Томато-продукција, која продуцираше, (а веројатно уште го работи тоа) емисии, спотови исл.
Ристо Чили Вили работи во Шител, некој уредник на програма е.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Штo се случувa некoј сo групaтa бaгaж.
Па вокалот, таа Малинкова/Малинковска како и да беше си направи солидна соло кариера. Тапанарот беше брат на Цацко, почина...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223
Некој знае ли кај е и што прави Иванна од умрената ни А1 ?
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.133
Поени од реакции
4.008
Мене ме интересира што е со Владо Јаневски? Имаше разни гласини коа исчезна (демек тешко болен бил) ама после некое време направи неколку концерти така да со тоа мислам дека ги демантира гласините, но пак беше сумљиво оти не се појавуваше во јавност и пред камери и еве неколку години ништо не се чуло за него...?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Еден период (читај пред 10, а можеби и повеќе години) го немаше и се шпекулираше по новините дека бил заболен од СИДА, но колку што памтам он изјави дека тоа не било вистина. Иначе човекот е активен, снима песни и спотови, пред некоја година одржа концерт во салата Борис Трајковски, а и гледам дека одвреме навреме и има настап по некој од нашиве клубови.
 
Памтам за тие муабети дека имал Сида али тоа очигледно беше глупост оти као што кажа тоа беше пред едно 10 години така да сигурно немаше уште да биде жив да беше тоа точно.
Али не знаев дека е уште активен, ич немав чуено ништо од/за него последниве години.

А втор што ме интересира: шо праи Каролина? И она се изгуби.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.385
Поени од реакции
38.809
Муабетите за сида се уште пред 20тина години кога Владо беше актуелен со ефтините спотови шо ги снимаше во Патаја Тајланд. Таму е Мека за ефтина проституција , а да добиеш само гонореа е како да си добил на бинго наспроти другите болештини шо владеат.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
А втор што ме интересира: шо праи Каролина? И она се изгуби.
Каролина можеби последниве година две се изгуби на музички план, но сепак е активна во снимање на реклами и сликање за AVON списанија. Сепак со последниот албум Македонско девојче направи бум, а и песните и се хитови со неколку милиони прегледи на Јутуб што е реткост за еден Македонски пејач во денешницава. А и колку што разбрав си фатила дечко.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.713
Поени од реакции
13.404
Мене нешо друго ме интересира, што се деси со телевизијата Play tv, пуштаа електронски миксови со модни photoshoots измеѓу.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Некој знае ли кај е и што прави Иванна од умрената ни А1 ?
Работи во СДСМ, во организација, ПР, и такви работи... Знам дека е присутна на сите митинзи, трибини и конгреси.

Мене ме интересира што е со Владо Јаневски? Имаше разни гласини коа исчезна (демек тешко болен бил) ама после некое време направи неколку концерти така да со тоа мислам дека ги демантира гласините, но пак беше сумљиво оти не се појавуваше во јавност и пред камери и еве неколку години ништо не се чуло за него...?
Владо ќе гостува кај Жаре во Еден на еден оваа сезона, веќе имаше најава на ФБ профилот на емисијата. Ова ќе му биде прво појавување на телевизија после подолга пауза.
 
TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
179
Поени од реакции
107
Угро?
Нулта Позитив?
Нови Дечки?
Александра Пилева?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom