Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Неаме саглам лев бек реално у моментов. Барем мене не ми текнуе. Попов да не почна да се глупира, ќе имавме саглам решение таму. Може треба да се проба со Георгиевски. Иначе Нилсон се враќа најверојатно следна недела, а го продужил и договорот таму па ваљда нема да се мачиме со голманиве толку.
 
Тој Георгиевски беше добар, ама имаше тешка повреда(скрши нога мислам) и не играше подолг период е после повредата сигурно беше во лоша форма и не играше ни на клупско ниво..
А и Кире Ристевски би бил подобра опција од Жута на лев бек, џабе Мрме го враќа Алиоски дефанзивно на бек кога тој игра сосема друг фудбал, нејсе и штоперите не се нешто поарни Мојсов/Шиков ти се комбинација за во ФК Дреново, а и тој Стефан Ристевски десно не е нешто посебен, како овие двајца играат стандардно во Ријека се чудам, Ријека сезони наназад е и повеќе од стабилен клуб во Хрватска, па играја лани и во Европа Лига, еве ги сега се 1 место во Хрватска газат, лани вице шампиони, да се чуди чоек со бекови како Стефан и Леонард....
Цела одбрана треба ремонт, ама ваљда немаме поквалитетно на лагер па шо играат овие, средината не е лоша, ама можи да биди и подобра еве пример со Барди во иднина би биле покомплетни, нападот после толку време и тој не е лош, како кец на десетка излезе Несторовски, па уште со Трајковски, Тричковски и Хасани би личело на нешто добро...
 
Ме интересира кога ќе се врати Трајковски во игра како ќе го распореди него со Илија и Пандев во напад, оти до сега цело време играше 5-3-2 формација, односно 3 играчи за врска (меѓу Алиоски, Хасани, Спировски, Барди, Петровиќ) и 2 напаѓачи напред (Пандев и Несторовски), значи сега кога ќе дојде трет напаѓач еден од нив ќе мора да игра поповлечено.

Али не би ме чудело против Лихтенштајн сепак да се врати на 4-2-3-1, иако стои цврсто на 5-3-2 формацијата мислам дека може (и мора) против Лихтенштајн да се реши на поофанзивна варијанта оти таа со 5 во одбрана му беше пред се ради Шпанија и Италија оти проценил дека највеќе тешкотии имале кога играат против таква формација.
 
Како тоа во термин кога скоро сите репрезентации играат пријателски натпревари денес, ние немаме договорено пријателска? Туку кој ти сака пријателска со 155-тата земја во светот??
 
Ај овој Жута што е антиталент никој не може да му замери. Толку му е знаење и тоа не може да се смени. ...ама не ми е јасно кој му го испушил курот на селекторов за да му праќа повици за репрезентација. Сакав сега да проколнам нешто у стил да скрши нога и сл. ама жал ми падна. Животот и онака сурово си поиграл со греотинкава па уште моја клетва фали.

:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Како тоа во термин кога скоро сите репрезентации играат пријателски натпревари денес, ние немаме договорено пријателска? Туку кој ти сака пријателска со 155-тата земја во светот??

Со Косово можеби можеле да договорат натпревар.
Но потоа сосема е извесно дека можат и од нив да изгубат.
Вака подобро им е да тактизираат и одмораат. ;)
 
НЕКА ГЛЕДА ЕВРОПА СО КАКВА СТАТИСТИКА СТАРТУВАШЕ НЕСТОРОВСКИ ВО ИТАЛИЈА

176917-neka-gleda-evropa-so-kakva-statistika-nestorovski-startuvashe-vo-italija.png
 
Роман Ермененко казнет со 2 години неиграње за употреба на кокаин, а Ариан Адеми со 4 години , за користење на медикамент кој не е дозволен за професионални спортисти (за други е во јавна употреба)?!?!?!
После ова овие од ФФМ треба да прават бунт во УЕФА !!!
http://www.bbc.com/sport/football/38026273
 
Како што гледам овај Еременко е истиот што игра за Финска и ЦСКА..штета добар играч е и е многу битен во составот на ЦСКА.
 
јебига, од Финска е, не може да добие иста или поголема казна како некој од Македонија. тоа се тие двојни стардарди
 
ПАД ОД СЕДУМ МЕСТА НА НАЈНОВАТА ФИФА РАНГ ЛИСТА

И Белизе има подобра фудбалска репрезентација од Македонија

Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов пад на ФИФА ранг листата, сега сме на 162 место, а пред нас се селекции како Белизе, Танзанија, Аруба, Кинески Таипеи...
 
А како Тајван попозната тие?Се сеќаваш на Циле и милијардата?

Не ги знаев поинаку освен Тајван..имаше една девојка во USA што работеше заедно со мене од Тајван и всушност ми кажа дека нивното официjално уставно име е Република Кина, а цел свет ги знае како Тајван ..не знам сега од каде излезе Кинески Тапеи ама смешно ми падна :D
 
Не ги знаев поинаку освен Тајван..имаше една девојка во USA што работеше заедно со мене од Тајван и всушност ми кажа дека нивното официjално уставно име е Република Кина, а цел свет ги знае како Тајван ..не знам сега од каде излезе Кинески Тапеи ама смешно ми падна :D

На спортските манифестации се само претставени како Кинески Таипеи,така договорот им е мислам со Кина,иначе да името им е Република Кина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom