Бидејки сум нов на форумот и многу ми се допадна јас само би ги изнесол своите импресии од мојот BAOTIAN за кој пишува дека има 2.66 KW и ништо повеке не знам за него, кој го купив половен со поминати 1800 км за 9 месеци,бил сервисиран на 500 км и на денот пред да го купам(значи на 1800).Е сега,за нецели 2 години поминав 15000 км,значи сега има 16800 км,и за цело тоа време ми сменаа каиш,филтер и ролни на 7000 км и на 14000 км,а масло ми менуваат на секои 1500 км,и да не заборавам 2 сијалички од кои на едната само долгото е расипано.Не дека немав пари да купам поскап туку заради тоа што ми беше прв скутер,па така едноставно сакав да пробам како изгледа да се возам со скутер(а никогаш не сум сакал),морам да кажам(иако некои нема да веруваат а и самиот сервисер вели дека мојот скутер е изрод)дека оди 70 км на час,без никакви додатоци на него,едноставно како што е купен од продавница бидејки од тој што го купив е мој комшија да не испадне дека тој го преправал.
Најдолги патеки што сум ги одел без одмор се 40 км.
Значи да заклучам дека сум презадоволен од кинезот.