ЛАНГСЕС ДЕРБИТО уште еднаш покажа дека НЕМА ФАВОРИТИ во овие дуели.
Откако Љубо Врањеш со комплетна втора постава буквално ГО ИЗМОЧА КИЛ СРЕДЕ ШПАРКАСЕ АРЕНА сеа на ред беше Кил да врати.
Посебно по минатот пораз во Фленсарена кога Кил беше избушен со 10ка и вчера се очекуваше некоја сигурна победа на Фленсбург,ама не беше така на терен.
Премногу грешки на Фленсбург,пробивања,грешни додавања,себичност,плус во прво Волф искина со неколку тешки топки и Кил го диктираше темпото,посебно по стартните добри минути на Фленсбург кога Јакобсон добро отвори,после се изгуби цела постава,крилата затворени,Тофт Хансен даде неколку гола,пред се од отпадок.
Кил доминираше во прво,целосно го контролираа мечот,17 гола дадоа,и тоа со Матијас Андерсон на гол,доста паметно одеа на зона,со некоја дуел игра еден на еден или со Јакобсон или со некој влез на Зајц против Џим Готфридсон на 5ка.доста мудро ги користеа сите тие дупки во одбраната,посебно во таа транзиција кога ќе се отвореше некоја дупка во зоната,Кркмата добро ја користеше секоја таква ситуација,или сам одеше ГЛАВЕЧКИ да закуца или даваше топки во НФЛ КВОТЕРБЕК СТИЛ до играч шо беше во налет,се на се заслужено Кил го доби првото полувреме.
Во второ како две различни екипи да излегоа на терен,влезе Мелер на гол,Фленсбург ја стегна одбраната и ги откажа целосно стрелците на Кил,за 10 и кусур минути Кил даде само 2 гола а прими 7 и мечот се сврти во полза на Фленсбург,но кога требаше да нагазат и да диктираат темпо тогаш како да се уплашија од предизвикот и го вратија Кил во игра.
Премногу технички грешки,малку и судиите ги изреметија со тој чуден критериум секој контакт со зона да го судат како пробивање,посебно Лауге се изгуби во таа игра,Јакобсон напрај неколку врзани грешки во серија,пробивања,грешни додавања,и тоа со играч повеќе на терен,и кога не се корисат вакви шанси искусна екипа како Кил ќе те казни,Вујин даде неколку екстра тешки голови од надвор(таа двојка со Зајц и Вајнхолд на десен не функционира како треба),Билик влезе и беше џокерот на крај,2 екстра тешки голови закуца и Кил го однесе мечот во своја предност,а со самото ова го натера Фленсбург безглаво да ја брка предноста,последните 5 минуи беа класична антипропаганда на технички ракомет,повеќе технички грешки од шутеви на гол,и на крај,сепак,Кил заслужено слави,подрски беа,знаеа шо сакаат,за разлика од Фленсбург кој некако со страв влезе во дуелот,а и Врањеш свесно ги остави ГОЛЕМИТЕ ПИШТОЛИ на клупа,пред се Гландорф и Мае,па со тој лимитиран состав не можеа целосно да парираат,посебно не без некој лидер во екипата кој ќе повлечи,сите беа под својот просек,затоа така конфузно делуваше се.
Кил со овие бода се враќа некако на некое ниво,ама подалеку од 5то место не ми се верува да земат,иако ако тепаат на тие домашни мечеви пред се со Веспрем и Барса можеби и ќе кренат барем едно место погоре,посебно шо Фленсбург има многу тежок распоред,гостувања во Веспрем и Барселона,во Плок каде со ваква игра ќе изгорат како свеќи,плус ПСЖ на домашен терен,ова се 4 екстра тешки мечеви кои ако не ги изиграат сериозно лесно ќе ја одредат натамошната судбина во сезоната,иако противниците од другата група се по мерка,но добро ќе е за нив да избегнат некој од Киелце или РНЛ,како и да е,Фленсбург оди на бундеслига сезонава,ЛШ е само дополнителен бонус,да се уиграат останатите играчи,не се замараат многу овде.
Кил од друга страна со оваа екипа резултатите треба да ги бара во иднина,кога ќе се уиграат Волф,Сантос,Билик,Нилсон со останатите,посебно ако се врати Дисинџер на она ниво на кое треба да е.
Останата понуда,
денес.
Медведи-Елверум
Отвораат денес,меч на ЌОРИОТ И СЛЕПИОТ,понепредвидливи екипи од овие нема.
Медведи ја исчукаа Ла Риоха,МАШКИ,37 парчиња,изгубија ко магариња од Татран TWICE,а од друга страна Елверум го тепа Татран во гости,изгубија од Металург на начин како РК Охрид не би изгубил,и кога ќе видиш работата е ЗАБЕГАНА ТОТАЛКА.
Денес се е отворено,Елверум е без стартниот лев бек кој не играл и со Античките,со тие ниски брзи бекови ќе видиме како ќе се снајдат против мечињата.
Нон стоп го бараат тој суртукот од пикер кога немаат идеја,сеа без ротација не баек тешко ќе оди.
Ќе видиме како ќе оди денес,би требало Медведи да е некој фаворит,иако во оваа луда група се е можно,сите тие екипи од 3-6 место се тука некаде,максимално изедначени па нема изразити фаворити.
ВИКЕНД
Мотор-Динамо
Многу важен меч за Мотор,по сензационалната победа во Франција сега е моментот за Мотор,со две победи дома и во гости против Холстебро ете ги Мотор на второ место.
Сепак заслужено,опасна екипа имаат.
Динамо можеа доста повеќе,по мене овај тим е тука некаде,веднаш зад Мотор,и да тепаа барем еден меч во гости од тие мечеви со Холстебро и Брага и посебно тој меч со Бешикташ дома ќе беа доста сериозни кандидати за второ место,опасна екипа,У УСПОНУ,имам пишено за Динамо каква екипа има,со мали корекции опасна екипа ќе имаат за иднина,во случај да ја одбранат титулата од опасните душмани,пред се од Добруџа Суд на Бранче Ангеловски и Ракчевиќ,ако успеат да ја одбранат титулата догодина ќе имаат опасна екипа,ако не ќе паднат и сигурно нема да имаат толку голем буџет како сегашниот,сепак Романија е ова,таму не се знае до денес како ќе е со парите,една инспекција во клубот и толку
Вардар-РНЛ
Овде се освен победа на Вардар е изненадување,мислам дека нема да има проблем околу победата,но овај пат Јакобсон сигурно нема да остави се на случајот,би требало да пружат повеќе отпор,посебно се опасни вака,ќе ги пушти резервите,пред се ЧОКОЛАДНИОТ ДАНЕЦ НА ПЛЕЈ,на крила Деки и Стенхаузер,за голман немаат алтернатива,ќе мора Ник Слотер да брани цел меч.
Нема да имаат сила за цел меч да парираат,очекувам да е како на ланскиот меч,кога се држеа до кај 40та минута некаде,па после ќе ги реши поголемата ротација на Вардар.
Ќе видиме,сепак Вардар ќе треба да е претпазлив,секогаш најопасни се Швабите кога ќе ги потцениш,но овај Вардар не е Киелце,имаат играчи шо се гладни за игра и да не му оди на некој имаат замени,затоа се толку силни,за разлика од Киелце кој е прелесно да го прочиташ.
Би требало да тепа Вардар,со некоја пристојна разлика од барем 3 гола.
Сегед-Кристианстад
Овде треба да е лесна победа за МАЏАРИТЕ,влезе во форма Сегед,ако успеат да направат некој брејк во гости,пред се во Германија или Полска ништо чудно и за 3то место да се борат.
Монпеље-Ла Риоха
Директен дуел за прво место,клучен за двете екипи.
Монпеље полека фаќа залет,конечно почнаа да се уиграваат,сепак неколку нови играчи имаа,потребно беше време да се види шо екипа се.
Монпеље е фаворит,нема дилема тука,Шпанците се опасна екипа,би требало да пружат некој добар фајт,но не ми се верува да имаат сила до крај да се држат со оваа екипа на Монпеље,пред се таа клупа треба да го реши мечот,поголема ротација има Канаје на располагање,тоа треба да е клучно,плус одбраната и голманите се далеку поспремни,ова треба да е клучот.
Ла Риоха има неколку солидни играчи кои ако имаат ден се јао оружје,но таа слаба одбрана ги заебава ептен,во Шпанското првенство некако се вадат,ама во ЛШ имаат преголеми ослцилации и не успеваат секогаш да се вратат ако заминат работите во погрешен правец.
Треба да тепа Монпеље,подобра екипа се во секој случај.
Кадетен-Висла
Можеби клучен меч за Висла во броба за 6то место,мора да тепаат една во гости,а во Швицарска ако не тепаат нема каде.
Мора да искористат шанса,сепак за класа се подобар тим од Швајцарците,ќе видиме,сепак не се наивни Кадетите,Часар,Линигер,Шиба,Мариновиќ на гол,домашен терен,се е можно.
А Пољак си е Пољак,со јаките игра јако,со слабите знае да се изгуби,класична ИСТОЧНО ЕВРОПСКА ПСИХОЛОГИЈА

.
Сепак Висла е појјак тим,во предност се,иако не мора ништо да значи ова,на гости не победува секогаш подобриот тим,туку похрабриот и поконкретен тим.
НЕДЕЛА
Бешикташ-Нант
Не би требало пак да се заебава Нант,иако не ја исклучувам можноста да го сркнат пак,сепак во Истанбул не се игра лесно.
Опасна екипа се Османлиите,Доне и Озбакар партали прават,овие двајца треба да се преселат во некоја подобра екипа,имаат квалитет,неспорно е ова.
Плус ако има ден некој од странците,пред се Прибак и Вражалиќ можат да направат беља Турците,сепак Нант е за класа појјак тим,би требало да е во предност овде и да тепа.
Клучен меч за Бешикташ,ако овде направат сензација ќе задржат шанси за понатаму,ако не ќе си ја чукаат главата зошто изгубија од Холстебро

Кога сме кај Холстебро,небитен меч со Брага,ЗА КЛАДИЛНИЦИ,или ќе ја играат на голови како шо се очекува да паднат 70 гола,или ЌЕ ГИ ЗАЕБАТ СИТЕ
ПЕСЕ ЖЕ-ВЕСПРЕМ
Дерби овој пат пред ТЕАТАРСКА ПУБЛИКА во Парис,за разлика од пеколот во Веспрем.
Во таа салата цела со знамиња

,нацртани,театарска атмосфера,ама не игра публиката овде,КАКВА ЕКИПА ИМА ПСЖ



Лудаци класични,страшна екипа,ако не се лажам вчера најавија дека на мечот со Монпеље се врати и Бараше,е со овај касап сеа во одбрана уште појјаки ќе бидат.
Карабатаците,Јеспер Нилсон,Бараше,Мелгард

плус СТАРИТЕ ВЕШТЕРИ НА ГОЛ



Пак ќе тепа ПЕ СЕ ЖЕ,Веспрем без ротација тешко ќе даде фајт,Палмарсон е преважна алка за овај тим,не знам и тој Сабате тикварот од серијата ТЕЛЕТАБИСИ зошто и Анчин не го уфрлува во таа ротација,во неделата цел меч Ласло го одигра во два правци,во напад тотално бескорисен,пред се со шутеви кон гол,во одбрана многу дуели изгуби од Лука,мора да го пушти Анчин малку,има скок шут другарчето,опасен пуцач,можеби ќе го проба во Париз,посебно ако тргни колата низ брдо,а како игра ПСЖ сигурно ќе има УДОЛНИЦИ.
Се освен победа на ПСЖ еизненадување,иако треба да е тесен меч,сепак Веспрем има опасна екипа,не смеат да се отпишат вакви лудаци,плус и тие имаат голмани кои можат да решат меч,вистинско дерби,меч за гурмани.
Барса-Силкеборг
БАРСА САКА РЕПЕТЕ,шо би рекле Комити

,уште едно ќотече ќе си добијат иако овде ќе издоминираат повеќе.
Сепак класа се за Силкеборг,освен да ги немаа некои тиквари како Шипршак кој не е учен ќотек да јади,како само ислучи киклопот во Данска,се изнервира дека го шлапаат и зеде го турна тој чуварот како партал,хаха,арно и тој Данецот не очекуваше иначе да паднеше чист црвен ќе беше,без Сораиндо Барса има доста проблеми на линијата,изгледа повреден е зверот,без него тешко оди,мора Нодесбо да покрива,кое играчиште е овај лудак значи,класа пикер,звер.

Ќе тепа Барса овде,иако ќе има фајт од Данците,барем на почеток
Античките-Татран
Треба да фатат серија Античките и да тепаат,подобра шанса од Татран нема да имаат.
Екипа по мерка,еднаш лесно ги чукнаа во СЕХА,после во ЛШ изгубија добиен меч,сеа треба да е полесно,па којзнае,ако изгуби Ла Риоха во Франција(а треба да изгуби)после Античките да решаваат на директен дуел во Ла Риоха во Шпанија за второ место,се бива

Не би требало да има проблеми за победа,во Скопје Металург е сосема поинаква екипа,ако не се глупира чиката со составот со таа постава во напад предводена од Фитило и Обрадовиќ ќе ги решат Словаците.
Киелце-ППД
Овде е чист кец,нема дилема.
Нема да дозволи Талант да има проблеми овде.ќе летаат шамари,како шо е збеснат Талант има да ги тепа со стап ако се заебаваат
.
Цеље-Мешков
Овде треба да е сосема различен меч од Белорусија,мислам дека овој пат Мешков ќе изигра далеку подобро од првата текма,ја научија лекцијата и ќе тепаат во Словенија.
Цеље не игра добро под притисок дома,се губат,во гости се подобри зошто одат растеретени од императиви,тој притисок им се одразува во игра и противниците ова вешто го користат.
Се зависи од Мешков,ако влезат сериозно во мечот ќе тепаат,појјаки се,подолга клупа имаат,и пред се подобри голмани,овде Пежиќ или Мијатовиќ треба да ја напраат разликата.
Ќе видиме,интересен меч во секој случај ќе е,доста важен за двете екипи,Цеље со добар резултат ќе избие во преден план за 6 то место,а Мешков ако тепа би имал некоја шанса за повеќе од то место.