Вчерашниот ден во рамкките на очекувањето.
Од авион беше јасно дека шалабајзерите од РНЛ со буквално иста игра како со Цеље,Кристианстад и Загреб нема шо да бараат вчера.
Се виде и на терен,Раул како на мечот пред 2 сезони го пушти Дибиров напред како преден во истурена 5-1 одбрана,на моменти и 4-2 играа во второ и толку беше,Енди Шмит тотално отсечен од игра со Баена,дури на центар беше избркан

,и јасно беше,без него нема игра.
Додека одеа тие индивидуални шутеви пред се на Петерсон од надвор се држеа,кога сме кај него Југо му вика на Видевски ЕЈЈЈ ЗОКИ,АБЕ НЕ МИ ЛИЧИ ОВАЈ НА ИСЛАНЃАНЕЦ,НЕ БЕ НЕ Е ИСЛАНЃАНЕЦ,АКО НЕ СЕ ЛАЖАМ ОВАЈ Е РОДЕН ВО ЛИТВАНИЈА,и пак после АБЕ НЕ ЛИЧИ ОВАЈ НА ИСЛАНЃАНЕЦ

Па
НОРМАЛНО ДЕКА НЕ ЛИЧИ БЕ,КАКО ДА ЛИЧИ,ТИ ЛИЧИШ НА ГЕРМАНЕЦ?НЕ
Хаха какви легенди ејј,пред некој ден на пренос,не знам само кој играа,не ми текнува Зоки почна да обајснува шо значел пимот
ЗИЦЕР
Аааааа,не можам више чувууче ќе пукнам
Хаха за кој ни одат 190 денари +провизија на лоповски банки.

Да се вратам на текмата,додека можеа одеше некако возот на РНЛ,успеваа да се држат,Баена некако успеваше да се докопа до топка,префрли и некоја топка до Гудјон(автентичниот Исланѓанец)

и се држеа,плус и Вардар имаше некоја грешка,нормално беше,не можеше цело полувреме да се држи ист ритам,иако Вардар контролираше се на терен,и без подршка од Арпад.
Во второ дебакл на Јакобсен,му се сече гласчето

,толку беше,ги уништија,се разбуди Џинот од Војводина и ГИ УНИШТИ.
Ги отепа,неколку чисти зицери скина со тие ноџишта како од гума,каков пенал на Гудјон му скина,ги уништи,а тоа шо не успеаа да го шутнат го изгубија шалабајзерите,ги отепаа на грешки,во одбрана беа швајцарско сирење,33 гола немаат примено којзнае од кога,посебно не на домашен терен,ако не се лажам на првиот меч пред 2 години сркнаа повеќе.
Раул ги отепа на тактика,не само со одбраната,туку и со поставата,речиси никогаш во иста постава не играле Кањелас,Циндриќ и Македа,опасна тројка,мало техничарче и два брадести лудаци шо пукаат од надвор.
Играта на Кањелас не ме изненади,страшен играч,премногу потценет,и во Атлетико беше еден од главните играчи,и во ХСВ,па во Кил беше во сенка на Кркмата,иако доста утакмици им извади,без него се мачат со Вајнхолд на среден

,страшен играч,пред се интелегентен,доста добро чита игра,знае да извади паметен шут,не е предвидлив како Борозан и Деревен,кај овај не знаеш од кај ќе пукни ракетата,има шут во трк,од место,скок шут,сеа се изделка и одбрана,се на се комплетен играч,мораше да проработи,паметен потег на Раул шо не го форсираше на другите утакмици толку,како да го чуваше во резерва баш кога треба,плус одиграл доста утакмици во Германија,паметен потег,опасен е Раул.
Истиот потег и со Циндриќ и Македа,двата се јаки како бикови во дуел игра,а такви играчи треба за тие касапите Пекелер и Гвардиола,не играчи со поситна конституција како Карачиќ,вистинско изненадување беше тоа шо Карачич го преседе цел меч на клупа,Алекс имаше некој ефект,нема за него одбрана,моментално можеби во ТОП 3 десни бекови во светот.
Апсолутно заслужена победа на Вардар,нема збор овде,се виде од авион дека нема шанси РНЛ,не е ова меч со Вецлар,Гумерсбах и слично па да се провлечат,ептен предвидливи се,не можеа стално да се провлекуваат,блиску беа до изненадување на сите мечеви дома,не можеа на сите утакмици да се вадат,а со Вардар ако не изиграш најдобро во сезоната нема победа.
Во Скопје ќе дојдат со втора постава,сигурен сум во ова,ќе играат Деки лево,и Стенхаузер десно,и ќе ги ротира бековите,за голман ќе мораат со Нил Слотер,затоа шо Паличка е аут до крај на сезона,никако голман да погодат.
Мое мислење дека подобро ќе се снајдат во Скопје отколку дома,тука ќе бидат растеретени,знаат дека само чудо може да ги извади во Скопје па нема да се замараат многу,ќе се чуваат за Бундеслига.
Динамо очекувано го чукна Холстебро,иако видоа малку мака,се држеа Данците,очекувано,си играат тие без пардон,не ги интереса друга математика.
Сајад Естеки,машина,главен играч во Динамо,43 комада на 7 меча.
Висла имаше проблеми во првите 20 ина минути со Шафхаузен ,потоа сменаа брзина и ги отепаа,опасна екипа е Висла,многу компактна,ако фатат 6то место третиот од Б групата ќе има голема мака да ги помини во 1/8 финале,имаат страшна ротација,Коралес на гол,крила Вишњевски ,Михиќ лево и Ѓонеа и Дашек десно,пикери Гебала и Роча

,бекови Тарабокиа,Житников,Дуаерте,Пушица,другиот Гебала,десно се подобриот Шиме Ивиќ и Бразилецот Толедо,топ екипа,и пред се многу амбициозен и спремен тренер,ако играат вака ќе го намачат и Киелце на пролет во борбата за титулата во Полска.
Колку е само јака оваа А група,страшно нешто 7 екстра јаки екипи,и еден Индијанец како Шафхаузен.
ВИКЕНД
Сабота
Денот го отвораат
Татран и Монпеље,директен дуел за врвот,од оваа текма многу ќе зависи понатаму како ќе се одвиваат работите.
Татран е опасна екипа,Монпеље полека фаќа ритам,42 парчиња испукаа во средата во лигата,мораше кога тогаш да проработат тие лудаците кои ги имаат.
Очекувам овде меч со многу голови,Татран игра многу брз ракомет,ран енд ган игра упм,имаат и добри играчи за ова,страшни крила како Хрстка и Чип,бекови како Шеков,тенк како ,Рабек,тука е и Урбан на плеј,исто и Крок,опасна екипа,и во Монпеље дадоа мака,дури во второ го скрши отпорот Монпеље.
Сеа во гости заебано ќе е,иако на крај тепа да тепа Монпеље,сепак далеку подобри се,страшно јака екипа.
Треба да е интересен меч во секој случај.
Ла Риоха-Медведи
Овде треба да е чист кец,нема шанси Медведи овде.си ја испуштија тие шансата со Татран дома
Мешков-Цеље
Иста приказна и овде,голем фаворит е Мешков,појјака екипа се,бркаат 4то место,а зошто да не и трето,ако тепаат уште некој на гости,тешко Цеље со таа скромна пуцачка артилерија да се спротистави на Белорусите
Брага-Бешикташ
Клучен меч за Бешикташ,иако како играа со Данците овде подобро и нека не одат,ж.
Брага е подобар тим од Данците,ако се сериозни и играат се фаворити,но се е можно овде,сепак Брага нема амбиции,за разлика од Турците кои се борат за нешто,ќе видиме.
Кристианстад-Сегед
Овде фаворити се се Унгарците,нема дилема,штом тепаа во Загреб и Цеље нема шо да се дискутира овде,опасни се Унгарците,страшна ротација,опасен тренер,треба чудо да се случи овде Швеѓаните да се извадат овде,штом Цеље не го тепаа тие тешко дека утре имаат некои шанси,иако знаат да бидат опасни,имаат солидни играчи,млади,брзи,технички потковани,и секако голманот Симиќ кој е најдобар играч на екипата,заедно со левот крило Толбринг.
Нант-Мотор
Директен дуел за прво место,уствари не директен зошто Нант има два брејка,и можи да си дозволи и кикс,ама не ми се верува да се дупат,ќе ги потиснат во Франција и предвреме ќе се реши првиот во група.
Мотор со победата во Португалија се врати во игра и сеа тие се фаворити за пласман во бараж,како шо беше очекувано.
НЕДЕЛА
Бјерингборо Силкеборг-Барса
Овде Барса нема да дозволи нова бламажа,со секој респект за Данците кои го намачија Веспрем минатата сабота,но сепак на домашен терен нема шо да бараат со Барса,иако ќе дадат фајт,тоа е сигурно.
Веспрем версус ПЕ СЕ ЖЕ
Дерби на колото,Лудаците од Маџарска шо би рекол Мојсо против Звездите на Нока
Овде ќе се види силата на Веспрем посебно,досега се мачат,со Фленсбург се изглупира

а тоталка кога имаа +1 и последен напад,и извадија голман за да бидат рамноправни(имаа играч минус)и на крај го примија на празен гол

,кои лудаци ејјјј
На сите мечеви се изнамачија,со Шфхаузен не блескаа,тепаа +4,со Кил во еден АНТИЧКИ РАКОМЕТ до крај беше држ-недај,со Барса во Блауграна немаа никакви шанси,и сеа со Силкброг ќе се изрезилеа за малку,бранеа минималец до крај,арно немаше време,ќе го сркнеа.
Сеа ќе се види шо шо се напраени,против ПСЖ нема да поминат тие слабости,ПСЖ доаѓа одморен,без пардон.не чуваат тие играчи како Кил и Фленсбург,ќе ги нападнат со се шо имаат.

Од друга страна Веспрем има добри спомени со ПСЖ,двапати ги испаѓаа минатите сезони во 1/4 финале,но сезонава е друга песна,ростерот на ПСЖ е далеку поспремен,одбраната е каде каде подобра,многу тешко ќе оди,иако во Веспрем нема фаворит освен домаќинот,ова е најтешката арена за освојување,единствено Вардар во последните неколку сезони извади бод во СЕХА,во сите други конкуренции Веспрем толчи,се е отворено овде,спред мене сепак ПСЖ има некоја предност,покомплетната екипа ми се,треба да имаат некоја предност.
Елверум-Металург
Шо да се кажи за овие?

Учесниците во мечот со најмалку голови во историјата на ЛШ,ако не се лажам немало меч со толку малку голови досега,барем не во поновата историја на ЛШ,откако се играат групи.
Овде сигурно нема да е таков меч,Елверум ќе оди силно,ќе си ја игаат својата игра,а како игра слабо Металург во гости нема шо да бараат,освен ако не се надминат себеси и не прифатат некој побрз стил на игра,ако одат пак со бавен ракомет 10 разлика ќе изгубат,гарантирам,ако прифатат некое темпо и пробаат да се надигруваат и да го искористат потенцијалот на своите бекови можеби ќе е интересен меч.ако не очекувам некој резултат како лани.
И за крај дербито,
Кил-Фленсбург
Повторно Кил е домаќин,овојпат во ЛШ,во Бундеслигата беше тоа шо беше,во недела сосема друга утакмица треба да е,Љубо ќе ги пушти младите,сигурно,ќе ги одмара важните играчи,иако можно е да измикса нешто зошто завчера имаа лесен тренинг и тепаа 18 разлика со Балинген,ќе види и тој како оди утакмицата и ќе ротира.
Кил од друга страна ротира повеќе.иако мака мачат на среденна другите позиции се колку толку пошарени,на среден се очај,и им фали една солидна замена за Кркмата.
Треба да е пак некој интересен меч,тука се двете екипи,нема тука пардон,ова е вечното дерби на Германија,барем во последните 20 години,нема да има тука никаков попуст,двете екипи ќе одат машки,сепак престиж е во прашање,нема тука заебанции.
Треба да е добар меч,како шо беше во неделата.