Абате реално веќе нема што да бара во Милан и ако кинезите се сериозни во намерите да направат сериозна екипа овој заедно со Поли, Запата, Соса, па и Хонда треба уште сега во јануари да ги пратат кај братската Џенова. Абате начука веќе 30 години, а уште е оној истиот мутав бек кој што има само брзина и ништо повеќе од тоа, така да време му е да го отстапни место на Калабрија/Де Шиљо кој што очигледно само се мачи на лев бек и не можеме никако да го искористиме во офанзива заради тоа што е деснак и центаршутевите со лева нога му се најблаго кажано мизерни.
Инаку позитивна вест за нас е тоа што Нианг и Бертолачи почнале со тренинзи, а се очекува во текот на нареднава недела и Калабрија да се врати. Убаво ќе биде да го спремат Нианг за дербито со Интер со тоа што Бонавентура би се вратил во средниот ред, а Бертолачи и Калабрија се надевам дека од Емполи па натаму ќе бидат спремни да помногнат првенствено од клупата. Со враќањето на Бертолачи (ако не се повреди пак на тренинг) и се поголемата минутажа на Пашалич од теренот би требало се подалеку да е црепот Поли.