Преспав

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Од кого да бараш да не извади од медиокритетот? Во Македонија нема талент. Романија ги има Кристи Пују и Кристијан Мунџиу, а ние ги имам Тренчовски и Вардан Тозија. Три Дена во Септември делува како да е дело на фан на Хичкок со Аспергер. Ниту пак мислам дека заслужува народов да види добар македонски филм. Тоа што грото од критиките за ситкомов се позитивни се најдобар показател. Дури и да не гледаат турски серии, само на луѓе со таков сензибилитет и вкус може да им се допаѓа Преспав.

И пази снимаме ситком, и реакциите се 'па добро ајде, наше е' и ' хуморот не е добар, ама барем продукциски е средена'. Основниот критериум што треба да го исполнува една комедија - да биде смешна, нашиов ситком не го исполнува, ама пак се сите задоволни. И конечно мора да се престане со тоа дека е македонски прозивод. Не постојат наши, македонски, нивни, или молдавски филмови. Само добри и лоши. А првиве одамна не се појавиле кај нас.
 
се ми се чини декa серијaвa е нaпрaвенa и е тoлку труд влoженo вo неa се сo цел дa се вoспитa прoстaтa мaсa кoјa гледa турски серии.
Срaмoтa е вo 21 век зa еднa нaцијa дa гледa турски серии. Тoa требa дa дoјде некoј кaкo хитлер и секoј штo гледa дa се утепa

И таа како и сите најавени и емитувани последниов период се направени затоа што телевизиите имаат законска обврска за снимање на сопствена програма. Законот важи од пред година две, мислам.
А што се однесува до турските серии, се согласувам дека е срамота, но тоа не е случај само во Македонија. Такви серии во уште поголем број се емитуваат во Бугарија, Романија, Полска, Србија, Босна, Црна Гора, Албанија, се емитуваат и во земји како Украина, Унгарија, Грција, Косово, во сите арапски и бивши советски земји, во Русија, а од лани почнаа и во Италија, Шведска, Аргентина, Перу, Чиле, Колумбија и Бразил.
 
Ми се допаѓа.. само Тијана ми „штрчи“. Генерално кажано, без големи „стручни“ анализи.
 
Три Дена во Септември делува како да е дело на фан на Хичкок со Аспергер.
:pos: :pos: :pos:

Инаку за остатокот од постот..ја серијава не ја сметам за сит-ком и оттаму не треба хуморот да ни биде у прв план туку ликовите, дијалогот и што ти знам. Што пак и не е нешто нај, и треба да биде доработено.. Серијава да ја сметаш за сит-ком е ко да го сметаш Вес Андерсон и Вуди Ален за комедија.

Ама добро, така си ја рекламираа и они серијата, така да никој не им е крив.
 
5479067-0869503300-96vto.gif
 
Шеста епизода на нет (торент)... пс. дечки (мислам тие што ја гледаат) ај коментирајте епизодите а не Тијана ме нервира, Зафирчев таков бил незнам што... а тие што не ја гледаат па и немора да коментираат.. позз
 
Дали тоа имаше dub на една реченица? :pos:
 
Секогаш кога ќе ми текне на продукцијава ОХО на 5+ и сега Преспав ми се врти во глава календарот Немаме резервна планета кој како мал додека бев основно училиште мислам дека го имаше во мојата училница.
http://vecer.mk/skopska/imam-pravo-da-zhiveam-zdravo

Имаше за секој месец илустрации нацртано со деца, планетата земја и доста беше шаренолик.
 
Кога даваат дијалекти во серијава, мораат да консултираат лица кои го говорат тој дијалект.
Кривопаланечкиот на мајсторот во седма епизода беше кратовско-кумановски со евентуално некој збор паланечки.
 
Хумор-тумор......

Не знам дали некој стварно се смее на ова ама ако да,жал ми е.
 
Оваа епизодава денес што беше со оџаков стварно тумор, никаква поента немаше епизодава.
За сега само таа од вчера со турчинот и таа со бугаринот епизодата беа добри, другото слабо. Ај може со повеќе епизоди ќе се подобрат.
Барем ме радува фактот што моиве фатиле да гледат нешто друго освен турскине серии и глупион квиз на Лила.
 
И таа како и сите најавени и емитувани последниов период се направени затоа што телевизиите имаат законска обврска за снимање на сопствена програма. Законот важи од пред година две, мислам.
А што се однесува до турските серии, се согласувам дека е срамота, но тоа не е случај само во Македонија. Такви серии во уште поголем број се емитуваат во Бугарија, Романија, Полска, Србија, Босна, Црна Гора, Албанија, се емитуваат и во земји како Украина, Унгарија, Грција, Косово, во сите арапски и бивши советски земји, во Русија, а од лани почнаа и во Италија, Шведска, Аргентина, Перу, Чиле, Колумбија и Бразил.
Незнам како е во колумбија и чиле, но во Италија и Шведска баш бев летово.
Турско ништо не видов за месец и половина додека бев таму
 
Незнам како е во колумбија и чиле, но во Италија и Шведска баш бев летово.
Турско ништо не видов за месец и половина додека бев таму
Можда дека ги синхронизираат на италијански. Па и да си видел, не ќе си разберел. :D За Шведска чисто сумњам дека би пуштиле вакви глупости.
 
Хумор-тумор......

Не знам дали некој стварно се смее на ова ама ако да,жал ми е.
Да хуморот е тумор ама серијава е слика на некој работи што се случуваат во нашето општество.

Ете рецепционерката Јелена тип кој само сака да земе плата а цело време гледа да забошотува и ништо да не работи, мисли дека е главната и околу неа се врти светот. Инспектори на секој друг ден да те малтретираат за се и сешто па ти стегаат казни но ако сте блиски или добро се познавате ќе се реши работата на крај без казна. Газдата Тони сака да биде се во ред но поради сите опкружувања на работното место не може да ги доведе работите во најдобар ред за жал.

Со мајсторот епизодата е исто и во вистинскиот живот. Мајстор кој кога дома ќе ти влезе поарно и да не влезе само ќе ти прави некој моабети и ќе ти се фали како он све знае, работел се и сешто. Повеќе моабетува, ќе ти бара ракиичка и мезе отколку што работи а на крај ќе мора нешто да ти усере. (се извинувам на зборов ама морав)

Последната епизода со докторите е слика за тоа како до некаде изгледа и здравството. Додека дојде прза помош цеовекот можно е да си умре .

Ете ќе ја спомнам и случајот со гостинот на кој ни две ни три овие од пансионов го умреа човекот, па и згора на се одма му констатираа од што е заразен и умрел. Креваат паника за ништо.

Има и други работи но барем јас овие некако ги забележав добро.
 
Миле - типичен македонец, во се се разбира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom