Па испаѓа така, откако е повреден голема промаја има, тоа беше грешката во трансфер периодот што не се зема резервен ДМ, макар и некој од младинците.
Но цело време има и бар еден стандарден дефанзивец повреден, нема стандардна четворка. Прво бековите се изредија, па Рамос па сеа и Пепе. Варан конечно доби прилика да се покаже пак и ја врати формата ама братот е на ниво на Ванче Шиков.
Додај на тоа дека и Модриќ се повреди и Крос буквално сам го држи средниот ред, не е за чудење што противниците прават толку шанси. Плус додај дека Навас е во лоша форма после повредата и ги нема неговите стандардни одбрани. Резултатот на тоа е = Реал ја нема зачувано мрежата на последните 10 утакмици, примија гол од шестолигаш во купот, од Легија дома, затоа и сите очекуваа вчера да примат бар еден гол...