Па ако не си ни патриот ниту ти е гајле за останатиот народ кој не е вмро, ниту си бранител, тогаш што бараш тука уште да живееш? Не ти е гајле што лидерот твој го донеле на власт Грци, битно Албанците ги држи во рака.

Те интересирало што работи, што работи бе жити се? Проектите што му ги фалиш толку барем да беа вистина. Единствен вистинит проект на Никос е кражба во 100 чекори.

Осудениот за криминал Богоевски ќе добие тужба за клевета
ВМРО-ДПМНЕ најави тужби за клевета против Слободан Богоевски. Лицето осудено за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата, реагираат од партијата.
За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоевски претставува уште еден очајнички обид на Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа.
Освен најавените тужби од ВМРО-ДПМНЕ, денеска почнаа да пристигнуваат и реакции од останатите кои Богоевски ги спомнуваше во вчерашното интервју.
Георгиевски: не е точно дека Кондоминас сугерирал Груевски да биде министер, премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски категорично ги отфрли наводите дека грчки бизнисмени сугерирале или на каков било начин влијаеле при номинирањето на Никола Груевски за министер, премиер или претседател на ВМРО ДПМНЕ, а исто така ги негираше и лагите на Богоевски поврзани со приватизацијата на Окта.
– Не е точно дека грчкиот бизнисмен Кондоминас сугерирал Груевски да биде министер, премиер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот лидер на партијата и премиер Љубчо Георгиевски за Радио Слободна Европа.
Тој вели дека Кондоминас нема врска со приватизацијата на Окта, туку дошол подоцна со приватизацијата на Телеком.
Богоевски беше осуден на 2 години затвор за перење пари
Слободан Богоевски во април 2013 година, заедно со уште три лица беше приведен во полициската операција „Агент“, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела како „перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Богоевски се товареше дека заработил околу 132.000 евра од малверзацијата со продажбата на парцелата кај спортската салата „Борис Трајковски“. Суштината на проневерата беше во продажба на земјиште кај СЦ „Борис Трајковски“ на словенечки „Меркатор“ во име на кипарска фирма, иако тоа веќе ѝ било одземено на кипарската фирма од страна на државата. На ваков начин биле проневерени еден милион евра.
Осум месец месеци подоцна заврши и судскиот процес во кој што врз основа на докази, Богоевски беше прогласен за виновен. Богоевски, беше осуден на двегодишна казна затвор за перење пари.