Јувентус со поразов вчера докажа дека не личат ни 5% од тоа што беа лани или полани.
Мислам океј, Милан објективно е појак од лани, Интер на хартија фигурира како солидна екипа... НО, се виде дека средината на јувентус им е огромен проблем. Нема веќе криење топки по 10 минути да неможе да им се земе, ја нема онаа самодоверба у средината која е карактеристична за бјанконерите. Не верувам дека нешто апла подобри би биле и со Маркизио и Азамоа кои реално не се којзнае технички потковани играчи.
Тешко им иде без Погба, тешко е и без Киелини позади.
Останува фактот дека и понатаму се прејаки за селските екипи како Удине Емполи и Палермо, и лагано можат да си ги тепаат тие утакмици, но кога збориме за во ЛШ(на пример) и капацитетот што засега го покажуваат според мене се прилично послаби од тоа што беа задниве две години.
Фрлија 90 милиони на Игуаин, а позади него има прилично некреативна средина.
Друга работа, тимот им е ПРЕСТАР. Вложија 120 милиони летово, ама со ништо не се подмладија освен еве Пјаца.
Појдете од одбраната Барзаљи - 35, Киелини - 32, Лихштајнер - 32 , Евра - 35 , Алвес - 33.
Средината Маркизио - 30ка, Хернанес - 31 , Kедира чинам 30че има.
Тешко ќе им паѓа реконструкцијата и подмладувањето кое е евидентно дека мора да се деси. А што е нјатрагично од све, овој преоден рок со кешот од погба можеа посериозно да го подмладат тимот, но се одлучија за според мене лошо решение ... парите ги насочија кон играч како Игуаин.
Досега Игуаин највеќето од головите ги даде на тацна наместени. Килажата го изеде од многу аспекти. Бидејќи сега, за разлика од лани мноооооооогу тешко му иде сам да си створи шанса... додека лани немаше проблем, со само едно свртување или еден потег он беше у гол шанса. Сеа како да има ослабено на тој план, има многу послаба експлозивност и брзина...