Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
@Ipsissimus може да те продаде на твојот бог, да те купи за поевтино и да те продаде на Алах додека речеш „Бог да ме чува“...

Ти „детето“ бидејќи не можеш да го разбереш, веќе 10 страници на форумов заморуваш со тролања бидејќи не ти е да ти биде одговорено туку за да магично ни покажеш како @Ipsissimus не знае ништо за Телема, а ти ептен разбираш :)

И милион пати имаме кажано: не е битно ние што зборуваме тука на форум, битно е она што е кажано вие да проверите дали е така со проучување на Законот на Телема.

Не знам како не ти е јасно до сега: седиш во скутот на стариот еон, си се задоволуваш со кебенце наречено надеж кое ти дава топлина некоја, си триеш рацете чекајќи некаква награда бидејќи си мирен, а ги напаѓаш сите други деца кои излегле надвор на снегот и уживаат во денот!

Оди да спиеш ајде... и ти почна со апострофи, со дијалекти нешто. Ако не сакаш да си сериозен на темиве, кажи... можам да го исмевам твоето верување да сакаш да дојдеш да ме убиеш, лесно е тоа да се прави. Седни научи нешто за она што сакаш да го критикуваш и зборувај.
 
Веќе ти кажав, секој со просечна интелегенција ќе разбереше стопати досега. Индивидуалноста и здружувањето не се контрадикторни!
- Ако мотив за припаѓање во одредена група е тоа што тие луѓе имаат слични интереси, цели, идеи. Во тој случај, тоа здружување е со цел поефикасно и полесно остварување на истите кај секој индивидуално со помош на колективот.
- Доколку пак личноста нема изградено сопствен систем на вредности и во колективот гледа супститут за нив, тогаш припаѓањето на тој колектив подразбира прифаќање на вредности, идеи и правила што таа личност не ги здобила самостојно - пред да стане дел од тој колектив.
Поедноставно објаснето од ова здравје.
Баш се контрадикторни, ниту мотивот, ниту “едноставноста на објаснувањето“ не те вади, едноставно овој став така си го прифатил без да промозгаш.:toe: Веруј ми.:)
 
@Ipsissimus, да му веруваш :D

Подсвесно секаде го има стариот еон... секаде, само треба да им укажува човек на луѓето и ќе сфатат колку им е заробен умот и духот...
Страшно, по трет пат...
 
@Хептаграм XI ,

а колкав процент од Телемското учење го имаш проверено на своја кожа, за да мојш од „верување„ во Телема да прејдеш во „знаење„ за Телема?...
 
@Ipsissimus може да те продаде на твојот бог, да те купи за поевтино и да те продаде на Алах додека речеш „Бог да ме чува“...

Ти „детето“ бидејќи не можеш да го разбереш, веќе 10 страници на форумов заморуваш со тролања бидејќи не ти е да ти биде одговорено туку за да магично ни покажеш како @Ipsissimus не знае ништо за Телема, а ти ептен разбираш :)

И милион пати имаме кажано: не е битно ние што зборуваме тука на форум, битно е она што е кажано вие да проверите дали е така со проучување на Законот на Телема.

Не знам како не ти е јасно до сега: седиш во скутот на стариот еон, си се задоволуваш со кебенце наречено надеж кое ти дава топлина некоја, си триеш рацете чекајќи некаква награда бидејќи си мирен, а ги напаѓаш сите други деца кои излегле надвор на снегот и уживаат во денот!

Оди да спиеш ајде... и ти почна со апострофи, со дијалекти нешто. Ако не сакаш да си сериозен на темиве, кажи... можам да го исмевам твоето верување да сакаш да дојдеш да ме убиеш, лесно е тоа да се прави. Седни научи нешто за она што сакаш да го критикуваш и зборувај.
“Здружение телемити“! Ако сте против мене, се радувам пак, што ве обединувам, па бидете си вие “индивидуалци“ у телемитски фантазам.;)
 
Баш се контрадикторни, ниту мотивот, ниту “едноставноста на објаснувањето“ не те вади, едноставно овој став така си го прифатил без да промозгаш.:toe: Веруј ми.:)
Тешка глупост. Јас сум член на форумов од 2010-та, тогаш појма немав ни што е Телема, ни што е ОТО, постовите и ставовите мои и тогаш и сега се тие! Јас не сум превзел од Телемата или од ОТО нешто, туку сопствените ставови и погледи сум ги препознал во Телемата и во Редот и сум се зачленил за да споделувам искуства со луѓе што имаат слични и исти ставови и погледи како мене, а не за да прифатам или да верувам во вредности што ми биле непознати до тогаш!
Постовите се тука, може лесно да се види тоа.
 
Колку добри расправи имавме тука на тема Сатанизам, Кроули, Телема со тебе 2010-та ... :)
Сега морам на гости да доаѓам за да расправаме за тие работи :)

Сатанизам(христијанство) и индивидуалност VS Телема и Индивидуалност, суштински промени во свеста на човекот денес грабан наназад во робство од патријалхалните религии во светот - магистерски труд :)
Интересно би било да се види нешто вакво...
 
@Хептаграм XI ,

а колкав процент од Телемското учење го имаш проверено на своја кожа, за да мојш од „верување„ во Телема да прејдеш во „знаење„ за Телема?...

Проценти, акции... типични МПЦ-ОВЦИ. Мислат дека ако кај нив има протенци на имот од црквата, акции, дека на секое друго место е така. Дека секоја духовна дисциплина се мери во проценти, дека така се добива титула владика, поп, светец. Тој верувал 80% ќе го ставиме владика, друг 90% тој ќе биде светец, трет 100% тој ќе ни биде свет маченик.
Нема да ме чуди на Премин Порталот еден ден да излезе алатка за пресметување на „колку е грешна душата на човекот“ во проценти или квиз на тема „колку посто од акциите можете да поседувате од пеколот, според начинот на кој што го живеете вашиот живот на Земјата“ :cautious:
 
1. И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.”
Марко 9

27. Вистина ви велам, овде стојат некои, што не ќе вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо.”
Лука 9
Да не останам должен за поставените прашања.
Чудни ви се и ве збунуваат вака извадени цитати поради непознавање, а одговорите се едноставни. Сите луѓе умираат и вкусуваат смрт, што е страшен момент за секоја душа која преминува од овој во другиот свет.
Во историјата на Црквата познати се двајца кои не вкусиле смрт. Тоа се Енох од праведниците пред потопот и пророк Илија од времето на пророците. Праведникот Енох и пророк Илија биле со непоколеблива вера во безбожни времиња кога тие многу пателе. Затоа од Бог биле наградени со тоа што едноставно биле земени - преминале од овој во другиот свет без умирање.
Во Црквата се учи дека нам познати ни се помал дел од светителите. Познати ни се оние кои Бог сметал дека е добро нивните дела и побожни животи да бидат откриени за доброто на другите. Многу поголем е бројот на светителите кои не ѝ се познати на Црквата, но Бог ги знае. Ние не знаеме од оние кои стоеле пред Бог кои се тие кои преминале, а да не вкусиле смрт. Можеби е апостол св. Јован Богослов, за кого не знаме како и каде преминал, а постои и друг показател во таа смисла за апостолот во еден друг цитат. Но сигурно се однесува и за други од присутните, кои со својата вера во Оној кој стоел пред нив ја осветиле својата душа за да преминат без да вкусат смрт - затоа што кажаното е во множина.
 
ко шо велиш, можеби е така а можеби и не е.
Важно не се врати како шо ветил
 
Многу просто. Ако следењето на кажаните Божји совети ги исполнува ветените високи придобивки ја потврдува вистинитоста на Советникот.

Ептен „добра“ логика.
Тоа е едноставна и единствена добра логика. Кажаното, треба да се потврдува со остварување на ветувањата и предвидуваањата во стварноста. Кажи ти друга подобра логика: како учењата, идеологиите треба да ја потврдат својата вистинитост?
@sardaukar
За вистинските богови луѓето не можат и да сакаат да зборуваат, не пак да ги оправдуваат! Не знам дали се разбираме во врска со ова!
Но еве ние зборуваме за Бог, а штом зборуваме и бараме смисла тоа значи сме обдарени со способности за да напредуваме во спознавањето на Бог. Бидејќи суштествата немаат можност и да сакаат да зборуваат за Бог, но Бог можи ако сака да им подари такви способности.
Премногу потсетува христијанскиот концепт на бог со оние грчките мистерии - премногу човечки особини има богот.
Разни религиски погледи низ цел свет имаат состојки на христијанското верување, затоа што:
прво од она првичното непосредно познавање на Бог останало во нивниот фолклоер низ вековите.
второ самото внатрешно барање на Бог се врти низ некои симболики околу вистината за Бог.
Затоа и е тешко да го сфати некој и да ја разбере таа толку голема суштина - ако им веруваме на христијанските философи од стариор еон, нормално.
Да работите од стариот еон сега изгледаат смешни, но чудно е колку ова верување иако е од тие заостанати времиња не можи да се отфрли. Не изгледа воопшто смешно, напротив, многу добро се поклопува во многу прашања кои ги научивме многу подоцна откако биле запишани во Библијата и другите свети книги. Тоа самото покажува дека тие книги, тие учења се искажани од Бог и се вонвременски, важат засекогаш за сите времиња.[DOUBLEPOST=1476985642][/DOUBLEPOST]
ко шо велиш, можеби е така а можеби и не е.
Важно не се врати како шо ветил
Но ти од каде заклучи дека досега веќе требало да се врати?
 
Но ти од каде заклучи дека досега веќе требало да се врати?

30. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила;
.........
34. Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
Maтеј 24

37. зашто уште малку, сосема малку и Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави.
Eвреите 10

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
Maтеј 10

63. Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?”
64. Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.”

.....
 
Најпроста и тотално нелогична, се сложувам. Но нели бидејќи концептот на христијанскиот бог е над логиката на човекот, што и да се зборува, дали лудости или глупости од страна на православниот христијанин, посебно оној кој што запнал ептен да биде православен христијан - за божественоста, води кон една сказна: или со нас или против нас. Исто како кај муслиманите, само вие вашите зли зборови ги замотувате во малку подебел слој на украсна хартија.
Ако христијанинот треба да верува без разбирање, тогаш немаше да ги има неброени теолошки книги кои ги толкуваат работите. Но христијанинот како и секој попаметен човек разбира дека природно е дека сите прашања не можат да бидат одговорени па да се верува.
По плодовите и ве познаваме вас христијаните, посебно православните, оние вистински православни луѓе. Малкумина но многу полни со отров кон туѓото. Ви ги гледаме отровните плодови на Премин порталот, официјалното гласило на МПЦ-ОА! Има што „мудрости“ таму да прочита човек за човештвото!
Има отров кај сите луѓе, но христијаните знаат (не сите во иста мера) и се борат против тој отров. Дали ти си го согледал отровот во себе и дали се бориш и како се бориш против тој отров?

Библиски ништо не е повтрдено. Ако ја земаш библијата како доказ за историски факт, не е света книга и не е зборот на бог таму, туку историја на група луѓе - евреи, ако зборуваме за стариот завет како што вие го нарекувате.
Не е нешто посебно ниту новиот ви завет - и таму историја и прераскажувања во стилот на еврејскиот мистицизам од стариот завет, кои следбениците како тебе, научени на догма - поима немаат што се зборува и како, затоа и запнуваат на одредени делови дали буквално или не да се толкуваат. Затоа и одлучивте: црквата како толкува така и јас.
Ако црквата е жива, ТИ СИ ЦРКВАТА! Ти како разбираш така е... но што глаголам бесцелно и јас не знам...
Јас сум сведок на претскажувања на православните старци од пред 20тина години кои еве сега се потврдија, а да не зборуваме за повеќе, за библиските пророштва. Св. Пајсиј вели денес пророштвата (од старците) се како да читаш весник. Толку јасно, едноставно е кажано исто како весник да читаш. Сепак луѓето најчесто не знаат, мал дел знаат за тие пророштва. Проблемот е што малкумина се интересираат за тие вистинските духовници и претскажувањата кои преку нив ни се дадени од Светиот Дух. Поради духот на самите луѓе, поради духот на самите гласила кои шират вести, но и поради тоа што Бог се сложил тоа да остане подприкриено тие претскажувања се прилично подземни. Додека Нострадамус, Ванѓа и сличните сите ги знаат.

Следбениците на тој твој „спасител“ се злото кое никна покрај добрата трева, кокалот го уништи „добриот збор“, затоа дојде исламот после 600 години! Да поправи колку толку за да издржи еонот! ;)
Поразот на паганизмот и окултизмот пред Христовата светлина ги сметаш за “добриот збор“ кој што исламскиот мистицизам колку толку го одржал во живот?
Премногу сум запознаен со христијанскиот концепт на мудрување што е божественост, затоа и не сум христијанин и не ја сакам таа философија за потребата да постои грешноста кај човекот за да има причина да постои надворешен спасител!
Ако добрината беше дел од природата на луѓето како тоа толку срамна историја и уште посрамна сегашност и тоа после толку „еони“.

Вашиот концепт на божественост е премногу со човечки особини, како кај грците и нивните мистерии, иако постојано зборувате како тоа е надвор од човечкото поимање на работите. Сами го свлековте вашиот бог на земјата, сами го влечите по улиците и форуми и сами ќе го распнете - нормално, прстот секогаш насочен кон другиот - христијанска работа!
Постои во православното христијанство светотаинственост, но не постои мистицизам. Мислам дека поради прикриената желба за моќ, бараш и те задоволува мистицизмот. Бог е добар, а тебе ти треба мистичен Бог кој ќе ја задоволи твојата слабост кон моќта.
Родилка на секти сте вие и не може да ви се верува повеќе.
Поделбите произлегуваат од падната природа на луѓето и постојат секаде. Дали знаеш некоја идеологија каде нема фракции, подлеби, струи... Но еве Православието прилично е единствено, посебно во второто илјадалетие откако беа надминати и маргинализирани сите можни облици на догматско забегување. Истите тие постигнаа многу добар успех на католичко тло, чиј видлив поизвод се протестантските секти.[DOUBLEPOST=1476989006][/DOUBLEPOST]
30. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила;
.........
34. Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
Maтеј 24

37. зашто уште малку, сосема малку и Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави.
Eвреите 10

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
Maтеј 10

63. Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?”
64. Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.”

.....
Повеќето од цитатите беа одговорени и требаше да согледаш дека со малку разбирање тие нема да значат дека Христос ветувал дека ќе дојди за неколку години. Напротив на прашањето кога треба да дојди, одговорил дека не е нивно да го знаат точно времето:

6. А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: »Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?«

7. И Он им одговори: »Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт;

Ќе се осврнам на оние кои се нови цитати:
37. зашто уште малку, сосема малку и Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави.
Eвреите 10

Со оглед на големината на значењето на доаѓањето на Небесното Царство, ова време на чекање е малку и кратко. Кога ќе се речи “се приближи Царството Небеско“ или „блиску е времето“ тоа е навистина малку и блиску со оглед на огромноста на настанот. Има извесен поетски облик на искажливост (експресионизам) во тие искажувања со цел да се искажи големината на настанот.

63. Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?”
64. Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.”

Краток увод: Господ претходно на апостолите им вели како тогаш кога тие проповедале го видел лукавиот како паднал од небото. Тие видувања можеле да ги видат и знаат сите, но ги гледаат осетливите и тоа не мора да е физички. Се случуваат духовни настани и ние ги знаеме во својот внатрешен човек, но дали ги пратиме или поминуваме покрај нив не обрнувајќи внимание.
Толкување: Така после Воскресението и Вознесението Господ Христос е уште повеќе од десната страна на Силата (Отецот) и доаѓа по небеските облаци затоа што е остварена победата над смртта и гревот (падот на лукавиот) за нас луѓето и тоа го знаеме сите со својот внатрешен човек. На фарисеите како свештени луѓе тоа уште подобро ќе им биде откривано и треба и ќе го согледуваат и пак многумина од нив во себе ќе го негираат и нема да го прифатат она кое внатрешниот човек ќе им го кажува.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom