Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
За овие неколку дена, изнапишав тамам за 2-та месеци што не бев активен.
Сакам да си прославам „форумски“ за моите 6000+ постови тука :cool: Со долги напорни објаснувања за Телема и новиот еон.

Многумина сум изнервирал, многумина сум навредил тука, а пак колку богови сме влечкале по каливите друмови на форумов - ехеее... но, многумина ми рекле и дека наишле на нешто што им помогнало низ овие подфоруми, на тема Телема :)
Добро е... не е залудно постоењето тука, на форум.

Туку, да си кажам што имам да кажам јас во врска со „ништо новото“, бидејќи нели, Иса „не е страдалник“, иако сите знаеме дека иако е исто со Озирис, сепак Озирис е магиска формула која успеа тајно да го преживее лудувањето на Црните во минатите векови, многу далеку од идеите за Иса, или Исус, ако ви е волја!

„O thou falsifier of the oracles of truth!
Ever as I went, hath it been thus.
The truth of the profane was the falsehood of the Neophyte, and the truth of the Neophyte was the falsehood of the Zelator!
Again and again the the fortress must be battered down!
Again and again the pylon must be overthrown!
Again and again must the gods be desecrated!
--- The Vision and the Voice

Затоа никој не зборува за вистината, бидејќи таа не е збор не е ниту една идеја, не може да се состави во реченици, туку постојано бара објаснувања, дообјаснувања - бара искуство всушност, не бара од вас да бидете дрдорковци викајќи: „Јас сум вистината и патот“, или уште полуда изјава која ја раскажуваат некои: „Тој и тој е вистината и патот“.
Не така. Никој не верува во тоа.

Само ако целта ви е да верувате, само тогаш можете лажно да ја заробите вистината и од неа да направите догма со која ќе плашите деца и „бедни по дух“ и да најдете оправдување за својот живот бидејќи не знам колку на број зборуваат како вас, а не прават ништо посебно за Човештвот, освен што го мразат и го делат неразбирајќи ја хиерархијата на светот.

Новиот Еон е сосема друга сказна од стариот еон. Човекот не е во милост, поточно немилост на било каков бог. Во Liber XV може да најдете дека „човекот е бог и дел од бог“. Не може да сте надвор од универзумот, а вие да бидете универзум нели.
Познато им е на некои микропрозопус и макропрозопус, за кои се глагола во светата кабала...

html.11.gif


Нормално, за да имате било каков статус, мора да напредувате, да се менувате, да се победувате.
Знам, ние се научивме со врски во Македонија се да ни се случува - но не оди така според Законот на Телема. Не може да се силува и да се игра со Законот. Ќе те изгори :)

Кога сме кај Законот, за човештвото понуди многу новини кои сеуште има луѓе кои не разбираат што да прават со нив (куче прв пат што гледа базен, сигурно нема само да скокне во водата и да плива)!

Ете некои, кои мислам дека знаете колку се различни од учењата на стариот еон кон човекот, можете многу и сами да пронајдете со анализирање на Liber Al vel Legis:

„Секој маж и секоја жена е ѕвезда.“ - Liber AL, I:3

„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.“ - Liber AL, I:40

„Љубовта е закон, љубов под волја.“ - Liber AL, I:57

„Зборот на Гревот е Ограничување. О мажу! Не одбивај ја твојата жена, ако и е волја! О љубовнику, ако ти е волја, напушти! Не постои врска што ќе ги соедини разделените освен љубовта: се друго е проклетство.“ - Liber AL, I:41

„Запомнете сите вие дека постоењето е чиста радост; дека сите таги се само како сенки; тие поминуваат и завршуваат; но постои нешто што останува.“
- Liber AL, II:9

„Нема закон над прави што ти е волја“ - Liber AL, III:60

„Тоа значи дека сите ние, Ѕвезди, треба да се движиме по нашите вистински орбити, како што е означено со природата на нашата положба, законот на нашиот растеж и импулсот на нашите минати искуства. Сите настани се подеднакво законити – и секој е долгорочно неопходен за сите нас, теоретски гледано; но во практиката, само еден акт е законит за секого од нас во било кој даден момент.

Отука, Должноста се состои во одлучувањето да се искуси вистинскиот настан од еден до друг момент на свеста.

Секоја активност или движење е акт на љубовта; соединување со едниот или другиот дел од „Нуит“; секој таков акт мора да биде „под волја“, избран така да исполни, а не да ја препречи вистинската природа на даденото битие.“
--- Мал Вовед кон „Книгата на Законот“
 
Последно уредено:
Зошто бе?:(
Реално си во дружба, а тврдиш дека си индивидуалец, апсурд.
Индивидуалноста не е пречка за да припаѓаш во група, објаснив и зошто, дури и ти ја болдирав поентата, ама како што реков, со инка не се става. Но ќе повторам за останатите што го следат вашето бламирање:
Потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.
Link
 
Индивидуалноста не е пречка за да припаѓаш во група, објаснив и зошто, дури и ти ја болдирав поентата, ама како што реков, со инка не се става. Но ќе повторам за останатите што го следат вашето бламирање:
Потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.Link
Муабетот беше дека како телемити се дакларирате како индивидуалци, потценувајќи ја заедницата, а сепак сте “стадо“, а сега некако се спишмани со некакви услови...
Одлучете што сте индивидуалци или стадо.:)
 
Последно уредено:
За овие неколку дена, изнапишав тамам за 2-та месеци што не бев активен.

Алал да ти е.
А оти не ги гле‘ам одговорите на моите елементарно едноставни прашања?...:coffee:
 
Муабетот беше дека како телемити се дакларирате како индивидуалци, потценувајќи ја заедницата, а сепак сте “стадо“, а сега некако се спишмани со некакви услови...
Одлучете што сте индивидуалци или стадо.:)
Значи за секој со просечна интелегенција е кристално јасно на што мислев. Во болдираните реченици има две точки, едната се однесува на оние што имаат индивидуалност, што имаат свое јас, другата на оние што немаат и сакаат да го надокнадат со идентификување со толпата. Стадото се оние на кои им треба колективот за да им кажува кои се што се, што е ,,морално" што не е и слично.
Индивидуалци се оние што се здружуваат затоа што сопствените вредности и интереси ги виделе кај луѓето со кои се здружени.
Појасно од ова здравје.
 
„Срамота е верување да се поистоветува со искуство и знаење, да не зборуваме пак да се поистоветува со разбирање!
Срамота е да се лаже и да се дрдори за богови, ангели, гревови и останати работи кои се над вашите животи, кои можеби постојат, можеби и не - и со тоа да ги навредувате и напаѓате сите останати верувања и учења кои воопшто не ги познавате, да бркате луѓе по светот за да покажете колку исправно вие живеете.

Но што да се прави: оној што верува кон сите покажува со прст и вреска ко лудак: НЕВЕРНИЦИИИ!
За таков само благо тапкање по рамо и си продолжуваме по патот. Имаме посериозни проблеми низ животот отколку да се расправаме сериозно за небитни работи.“
- [линк]
[DOUBLEPOST=1476743663][/DOUBLEPOST]
Разбира, но не сака да прифати :)
Секој маж и секоја жена е ѕвезда, се вели во Liber AL.
Но секоја ѕвезда може да прави прекрасни соѕвездија со други ѕвезди кои ќе ја надополнуваат по патот.
Кажано е ова 1000 пати... и тука и на темата за Телема и на многу други места...

Не сакаат да прифатат индивидуализам. Веднаш поврзуваат со его, со сешто негативно само да си ја зачуваат својата удобност во верата и ништо повеќе...
Тоа е преголема одговорност за луѓето кои се држат ко слепци за стариот еон од пустиот страв и догмата која им го заробила и умот и срцето...
 
Последно уредено:
Овој текст што следува веќе мислам дека е поголем дел преведен на македонски... не знам за сигурно, но тоа не е ниту битно сега, ќе бидете благовремено известени ако излегува во печат :)

Туку сакав да споделам уште нешто во врска со Законот на Телема, како е различен од претходните Закони дадени на човештвото како што напредува на својот пат.
За ова има во „Еквинокс на Боговите“.
На блогот Хептаграм XI го има само Осмото поглавје, на македонски. За класите на книги на A.'.A.'. не морам да ви зборувам, и тоа го има на блогот, нормално со линкови и до книгите. ;)
Само вие истражувајте го Законот на Телема. Без него - врзани раце, нозе - а цел универзум за одење и уживање... како робови ќе бидете, а тоа не го сакаме, нели... :)

Ова што следува е извадокот.
Повелете:

Know therefore that this Law of Thelema

"Do what thow wilt"
is the first Law ever given to man which is a true Law for all men in every place and time.
All earlier Laws have been partial, according to the faith of the hearer, or the customs of a people, or the philosophy of their sages. Nor is there need, with this Law of Thelema, of threats or promises: for the Law fulfilleth itself, so that the one reward is Freedom for him who doeth his will, and the one punishment is Restriction for him that goeth astray.
...
...
...
Note also this that many men, feeling themselves the bitterness of Restriction, seek to relieve their own pain by imposing a like burden upon their fellows: as it were a cripple who should seek ease by mutilating the bearers of his carriage.“
--- The Heart of the Master, Khaled Kan

Ќе ги препознаете луѓето кои го проповедаат товарот на Ограничувањето ...

А досега научивте дека:

„Зборот на Гревот е Ограничување.“
--- Книга на Законот, I:41

Додека
„Зборот на Законот е Θελημα.“
--- Книга на Законот, I:39
 
Последно уредено:
Значи за секој со просечна интелегенција е кристално јасно на што мислев. Во болдираните реченици има две точки, едната се однесува на оние што имаат индивидуалност, што имаат свое јас, другата на оние што немаат и сакаат да го надокнадат со идентификување со толпата. Стадото се оние на кои им треба колективот за да им кажува кои се што се, што е ,,морално" што не е и слично.
Индивидуалци се оние што се здружуваат затоа што сопствените вредности и интереси ги виделе кај луѓето со кои се здружени.
Појасно од ова здравје.
Телема = здружени индивидуалци?

Како ја запазуваш индивидуалноста, кога се идентификуваш со група телема?

Индивидуалноста ти ја загрозува токму телемитската група, ти си телемит, дел од таа група, каде гледаш тука индивидуализам?

Како може да бидеш потчинет на “Законот“ згора и аперсонален, и да си слободен?

Во Стариот завет и евреите беа робови на Законот.:misticen:
 
Сите во стариот еон беа робови... има луѓе кои и денес се робови заради менталитетот накалапен низ вековите! Робуваа(т) на богови, луѓе, хиерархии кои постојат со „одобрение на богот на кој се робува“...
И сакаат и други да бидат робови... денес... страшно.

Телема е Законот на новиот еон.
Не е здружение... :)

Не се идентификува никој со Телема, туку го практикува Законот на Телема во животот. Јас сум во О.Т.О. па не се идентификувам преку Редот. Не ни можам да се идентификувам преку него помеѓу профани...
Какво ти е тоа испрано старо-еонско размислување твое?
Мислам, се жалите дека книги само ви нудиме да читате, а прашањата се не книги, библиотеки треба да ви сподели човек за да еднаш засекогаш се откачите од старо-еонската призма на разбирање и толкување на работите!
Не знае човек од каде да почне за да ви биде полесно, кога вие не сакате да знаете за Телема, сакате да расправате како Исус сеуште е богот кој што спасува и е „патот и вистината“. Мислам... што е работата со вас христијаните?


Бидејќи си христијанин, сеуште во стариот еон, затоа мислиш дека индивидуалноста е загрозена во новиот еон.
Тоа беше сказна во стариот еон. Кога еден калап беше за сите! И преку тој калап ги осудувавте сите кои немаа да влезат во истиот.

Сега како што кажа и @Ipsissimus неколкупати, а и јас постојано едно та исто ви зборувам дека секој маж и секоја жена е ѕвезда. ПО својот пат може но и не мора да се соединува со други ѕвезди за да ги исполни своето постоење до максимум, соодветен за таа ѕвезда.
Мноштвото во новиот еон сега, за разлика од стариот еон, ако имаш волја - само може да ти го прошири универзумот на искуства, не да те потисне и да ти забрани да бидеш ова или она заради некакви глупости што ги измислиле луѓе пред 1000 години!

Разликата е во тоа што калапот денес е динамички! Не постои крутост, како што не постои и крута шема на Дрвото на Животот :)

Не дека и ова ќе те задоволи... ама ајде, за другите да читаат.
 
Последно уредено:
Последно уредено:
Бидејќи си христијанин, сеуште во стариот еон, затоа мислиш дека индивидуалноста е загрозена во новиот еон.
Тоа беше сказна во стариот еон. Кога еден калап беше за сите! И преку тој калап ги осудувавте сите кои немаа да влезат во истиот.

Не дека и ова ќе те задоволи... ама ајде, за другите да читаат.
Да додадам само: во новиот еон не може на секој да му нудите „ својот крст да го носи како Исус“!
Секој својот симбол ќе си го носи... дали некој го разбира тој симбол, тој начин на живот, начин на дејствување е небитно - се додека движењето нема да прави проблеми на ниту една ѕвезда на својот пат.

Телема бре луѓе, треба да се спознавате себе си, да спознавате богови ако толку имате потреба од нив, да спознавате ѕвезди и соѕвездија кои ќе ви помогнат по вашите луди патишта кои сте запнале ко магариња да ги изодите и да заборавите да мавтате со прст кон другите зошто не живеат вака или онака, според вашето разбирање до кое сте дошле во моментот.

Тоа е стариот еон. Доста беше со тоа... сеуште ќе веруваме и тоа ќе биде знаењето?
Не, благодарам.
 
Сите во стариот еон беа робови... има луѓе кои и денес се робови заради менталитетот накалапен низ вековите! Робуваа(т) на богови, луѓе, хиерархии кои постојат со „одобрение на богот на кој се робува“...
И сакаат и други да бидат робови... денес... страшно.

Телема е Законот на новиот еон.
Не е здружение... :)

Не се идентификува никој со Телема, туку го практикува Законот на Телема. Јас сум во О.Т.О. па не се идентификувам преку Редот. Какво е тоа испрано старо-еонско размислување твое?

Бидејќи си христијанин, сеуште во стариот еон, затоа мислиш дека индивидуалноста е загрозена во новиот еон.
Тоа беше сказна во стариот еон. Кога еден калап беше за сите! И преку тој калап ги осудувавте сите кои немаа да влезат во истиот.

Сега како што кажа и @Ipsissimus неколкупати, а и јас постојано едно та исто ви зборувам дека секој маж и секоја жена е ѕвезда. ПО својот пат може но и не мора да се соединува со други ѕвезди за да ги исполни своето постоење до максимум, соодветен за таа ѕвезда.

Разликата е во тоа што калапот денес е динамички! Не постои крутост, како што не постои и крута шема на Дрвото на Животот :)

Не дека и ова ќе те задоволи... ама ајде, за другите да читаат.
З`друже, наместо ѕвезди, поезија..., дај малку Логикос`, та нели сте “научници“, “истражувачи“...

И пушти го дет`то да си каже, ме интересира негово “истражувачко“ мислење.:pipi:

Кого лажеш дека не се идентификуваш со телема, себе?:чда:

Воопшто не си “нов“, само повикуваш и проповедаш старо ропство(за што очигледно дури не си ни свесен, онака наивно, израдувано самолажејќи се дека “гледаш“ пат кон животот, а блиските ти ги снемува во смртта- до кога “стар човеку“!?). :kafence:
 
Телема = здружени индивидуалци?

Како ја запазуваш индивидуалноста, кога се идентификуваш со група телема?

Индивидуалноста ти ја загрозува токму телемитската група, ти си телемит, дел од таа група, каде гледаш тука индивидуализам?

Како може да бидеш потчинет на “Законот“ згора и аперсонален, и да си слободен?

Во Стариот завет и евреите беа робови на Законот.:misticen:
Веќе ти кажав, секој со просечна интелегенција ќе разбереше стопати досега. Индивидуалноста и здружувањето не се контрадикторни!
- Ако мотив за припаѓање во одредена група е тоа што тие луѓе имаат слични интереси, цели, идеи. Во тој случај, тоа здружување е со цел поефикасно и полесно остварување на истите кај секој индивидуално со помош на колективот.
- Доколку пак личноста нема изградено сопствен систем на вредности и во колективот гледа супститут за нив, тогаш припаѓањето на тој колектив подразбира прифаќање на вредности, идеи и правила што таа личност не ги здобила самостојно - пред да стане дел од тој колектив.
Поедноставно објаснето од ова здравје.
 
Back
На врв Bottom