Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.381
- Поени од реакции
- 12.388
- Локација
- Македонија
- Веб-сајт
- heptagramxi.wordpress.com
За овие неколку дена, изнапишав тамам за 2-та месеци што не бев активен.
Сакам да си прославам „форумски“ за моите 6000+ постови тука
Со долги напорни објаснувања за Телема и новиот еон.
Многумина сум изнервирал, многумина сум навредил тука, а пак колку богови сме влечкале по каливите друмови на форумов - ехеее... но, многумина ми рекле и дека наишле на нешто што им помогнало низ овие подфоруми, на тема Телема
Добро е... не е залудно постоењето тука, на форум.
Туку, да си кажам што имам да кажам јас во врска со „ништо новото“, бидејќи нели, Иса „не е страдалник“, иако сите знаеме дека иако е исто со Озирис, сепак Озирис е магиска формула која успеа тајно да го преживее лудувањето на Црните во минатите векови, многу далеку од идеите за Иса, или Исус, ако ви е волја!
„O thou falsifier of the oracles of truth!
Ever as I went, hath it been thus.
The truth of the profane was the falsehood of the Neophyte, and the truth of the Neophyte was the falsehood of the Zelator!
Again and again the the fortress must be battered down!
Again and again the pylon must be overthrown!
Again and again must the gods be desecrated!“
--- The Vision and the Voice
Затоа никој не зборува за вистината, бидејќи таа не е збор не е ниту една идеја, не може да се состави во реченици, туку постојано бара објаснувања, дообјаснувања - бара искуство всушност, не бара од вас да бидете дрдорковци викајќи: „Јас сум вистината и патот“, или уште полуда изјава која ја раскажуваат некои: „Тој и тој е вистината и патот“.
Не така. Никој не верува во тоа.
Само ако целта ви е да верувате, само тогаш можете лажно да ја заробите вистината и од неа да направите догма со која ќе плашите деца и „бедни по дух“ и да најдете оправдување за својот живот бидејќи не знам колку на број зборуваат како вас, а не прават ништо посебно за Човештвот, освен што го мразат и го делат неразбирајќи ја хиерархијата на светот.
Новиот Еон е сосема друга сказна од стариот еон. Човекот не е во милост, поточно немилост на било каков бог. Во Liber XV може да најдете дека „човекот е бог и дел од бог“. Не може да сте надвор од универзумот, а вие да бидете универзум нели.
Познато им е на некои микропрозопус и макропрозопус, за кои се глагола во светата кабала...
Нормално, за да имате било каков статус, мора да напредувате, да се менувате, да се победувате.
Знам, ние се научивме со врски во Македонија се да ни се случува - но не оди така според Законот на Телема. Не може да се силува и да се игра со Законот. Ќе те изгори
Кога сме кај Законот, за човештвото понуди многу новини кои сеуште има луѓе кои не разбираат што да прават со нив (куче прв пат што гледа базен, сигурно нема само да скокне во водата и да плива)!
Ете некои, кои мислам дека знаете колку се различни од учењата на стариот еон кон човекот, можете многу и сами да пронајдете со анализирање на Liber Al vel Legis:
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда.“ - Liber AL, I:3
„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.“ - Liber AL, I:40
„Љубовта е закон, љубов под волја.“ - Liber AL, I:57
„Зборот на Гревот е Ограничување. О мажу! Не одбивај ја твојата жена, ако и е волја! О љубовнику, ако ти е волја, напушти! Не постои врска што ќе ги соедини разделените освен љубовта: се друго е проклетство.“ - Liber AL, I:41
„Запомнете сите вие дека постоењето е чиста радост; дека сите таги се само како сенки; тие поминуваат и завршуваат; но постои нешто што останува.“
- Liber AL, II:9
„Нема закон над прави што ти е волја“ - Liber AL, III:60
„Тоа значи дека сите ние, Ѕвезди, треба да се движиме по нашите вистински орбити, како што е означено со природата на нашата положба, законот на нашиот растеж и импулсот на нашите минати искуства. Сите настани се подеднакво законити – и секој е долгорочно неопходен за сите нас, теоретски гледано; но во практиката, само еден акт е законит за секого од нас во било кој даден момент.
Отука, Должноста се состои во одлучувањето да се искуси вистинскиот настан од еден до друг момент на свеста.
Секоја активност или движење е акт на љубовта; соединување со едниот или другиот дел од „Нуит“; секој таков акт мора да биде „под волја“, избран така да исполни, а не да ја препречи вистинската природа на даденото битие.“
--- Мал Вовед кон „Книгата на Законот“
Сакам да си прославам „форумски“ за моите 6000+ постови тука
Со долги напорни објаснувања за Телема и новиот еон.Многумина сум изнервирал, многумина сум навредил тука, а пак колку богови сме влечкале по каливите друмови на форумов - ехеее... но, многумина ми рекле и дека наишле на нешто што им помогнало низ овие подфоруми, на тема Телема

Последно уредено: