Експлоатација на млада работна сила

  • Креатор на темата Креатор на темата Dijanka001
  • Време на започнување Време на започнување
Да го смениш системот треба да го смениш менталитетот на народот прво. Ние сме си научени на корупција и заобиколување на правила...

За продавачките поготово ми е криво, цел ден се расправаш со разни табиети, рачунаш, водиш сметка за роба, пазиш на закони да не добиеш казна, за плата од 9 000 ден... Најпотценета професија во државата...
 
Капитализмот е суров...
На крајот се се сведува на „ако ти чини“.
Ако ти чини тогаш е супер! Ако не... има и други кои би ја работеле истата работа за истите пари... И се така во круг.
За жал, таков ни е системот.
..кој ли ни го донесе , милу му мајку јебем.... :sneaky:
 
Капитализмот е суров...
На крајот се се сведува на „ако ти чини“.
Ако ти чини тогаш е супер! Ако не... има и други кои би ја работеле истата работа за истите пари... И се така во круг.
За жал, таков ни е системот.
Што им фали на Франција, Германија, Америка и другите капиталистички земји ?
Ако веќе правиме споредба нашиот капитализам (во најголем дел од фирмите) е оној ко од пред 100 години. Ран суров капитализам, заради кој денес славиме 1 мај и сличните празници.
 
Самиот си одговори... назад сме со материјалот :)
 
Во некои општини во источниот дел на државата масовното трајно иселување на крајот од 90-те и почетокот од 2000-те ги дава првите резултати. Во услови на катострофален наталитет, има огромен недостиг од млада работна сила па за да се привлечат и тие млади што малку останаа платите мора да одат нагоре + гарантирани одмори или дозвола за сезонска работа во западна европа. Така да денес во тие места имате малку под 400 евра просек за мажи и малку помалку од 200 евра просек за жени (во скоро сите сектори), во споредба од пред 15-тина години кога во Кочани, Виница, Каменица Делчево просечната плата не беше повеке од 150 евра, и тоа ако ја имаше редовно, платени придеонеси и осигурување исто беше сон, единствено што не се промени се условите за работа и постојаната инфлација.
 
Последно уредено:

Вредноста на парите денес и пред 15 години не е иста. Ако веќе правиш вакви споредби, фер е да ја пресметаш и инфлацијата за да добиеме реална слика колкаво е покачувањето.
 
Тоа се полурурални средини другар така да инфлацијата не се осетува многу освен на струјата, башка што до пред 15 години немаше никаква понуда на ефтина кинеска стока, потрошувачката беше никаква во спореба со денес. Во тој дел она што си можел да го направиш со 150 евра тогаш ни одблизу не е исто со она што денес ке го направиш со 400 евра.
 
На воздух живеат тие што се во провинција.
Тие се суштества имуни на инфлации, поскапувања во општеството, финансиски кризи........
Само погледни колку била цена на килограм шеќер пред 15 години и колку е сега, се ќе ти биде јасно колку се зголемени животните трошоци.
За друго не ни коментирам за други зголемени трошоци на останатите основни продукти од типот на сочогледово масло за јадење, сокови, грав, боранија.......

Инаку што мислиш некој увозен производ кога доаѓа во седиштето на увозникот во Скопје, додека производот да се транспортира до гратчињата на исток нема ли трошоци за транспорт кои може да ја покачат цената на производот.
 
Тоа се полурурални средини другар така да инфлацијата не се осетува многу освен на струјата, башка што до пред 15 години немаше никаква понуда на ефтина кинеска стока, потрошувачката беше никаква во спореба со денес. Во тој дел она што си можел да го направиш со 150 евра тогаш ни одблизу не е исто со она што денес ке го направиш со 400 евра.

Како бе не се осетува, цената на прехрамбените производи и во градските средини и во руралните е иста. Тоа што има поголема понуда на поефтина кинеска стока е показател дека побарувачката за истата е зголемена (луѓето) немаат и носат понеквалитетна облека/обувки кои ќе траат помалце, инаку 400 евра просек плата во градовите погоре што ги наброја нема шанси (уште малце да накачеше ќе испаднеше во Источна Македонија луѓево зимаат над просечната плата во МК) освен ако таа работа не е за да одиш во јама да копаш руда
 
Тоа се полурурални средини другар така да инфлацијата не се осетува многу освен на струјата, башка што до пред 15 години немаше никаква понуда на ефтина кинеска стока, потрошувачката беше никаква во спореба со денес. Во тој дел она што си можел да го направиш со 150 евра тогаш ни одблизу не е исто со она што денес ке го направиш со 400 евра.
Maлку си утка, освен во џунгла и пустина инфлацијата секаде се осеќа.
 
За келнерите и таксистите ке треба уште некоја година отселување во странство за и тие да добијат покачување до 400 евра ама во неколкукте фабрики, градежништвото, шумарството рудникот да не го сметаме по што дига просек, има големо покачување, поголемо од инфлацијата факт е тоа, тоа се исклучиво машки професии кои порано беа платени цели 150 евра, денес не е многу подобро ама иселувањето си го направи своето а допрва ке следи уште. Во тој регион денес не останаа повеке од 60 000 постојани жители и од нив мнозинство пензионери.
 
5-8 евра на саат се мислена именка за 90% од вработените во Мкд.
Ако во изминатиов период родените Македонци со бугарски пасоши за еден час работа добивале по осум евра, сега Романци, Словаци, Полјаци и Чеси ја извршуваат истата работа за пет евра
а каква именка се 5-6 евра на саат за Романците, Словаците, Пољаците и Чесите ???
а патем, на жената што го чисти станот и плаќам 2 3 евра/час (850мкд/6 часа), а на пример мајстор зема најмалку 5 евра/час, башка довагање е 5-6 евра...
А го пишав примерот, во хотелот во волос работеше блгарка, и некој албанци, немаше ниту наши ниту срби......таа земаше 600 евра месечно со смештај и храна, а работеше 24/7, од чистење до помагање во кујната... а син на пријател со години работи летно време на еден грчки остров, обезбедување и помагање во барот, 2000 евра месечно
 
И што е поентата? Кажуваш како овие луѓе земале по 8 евра, и сега поради конкуренција од горенаведените земји, платата паднала на 5-6 евра од саат? Па што, конкуренција има секаде, во било која работа, во било која земја. Ако им плаќаат еве и барем по 4 евра од саат во Македонија, јас сум сигурен дека тие би работеле тука место да одат во Италија или било каде на друго место. За оваа работа во Македонија не би зеле ни 1 евро, туку нешто како 0,90 евра од саат, или како што ние си го викаме, 10 иљадарки месечно. И тоа само земајќи во предвид дека работодавецот нема да ѓи измами, а тоа е многу веројатно.

Патем, од каде ти сега најде да ѓи даваш Словачка, Чешка, Полска па и Романија за споредба, и не само тоа, пази, сите ЕУ земји. Сакаш да кажеш дека ние сме боље од нив или што? Види, единствени земји тука со кои ние можеме да се споредуваме се Албанија, Косово и БиХ. А на добар пат сме (без оглед кој би бил крив за тоа), наскоро ете да можеме исто така да се споредуваме и со Зимбабве, Того, Бурунди, Гвинеја, Нигер, Сиера Леоне, Сомалија и тн. Тој, ќе ми кажувал, Словачка, Чешка, Полска, иди бе бегај таму.

Тука е така како што е, многу малку можеме да направиме да смениме нешто. Ама сега ти тука да не третираш за ретардирани и да ни продаваш гомна како чоколадо, не иде тоа така бе. Утре во некоја тема ќе земеш ќе постираш дека, сме ја шиеле и Германија, Франција, или недај боже САД.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom