Експлоатација на млада работна сила

  • Креатор на темата Креатор на темата Dijanka001
  • Време на започнување Време на започнување
Големо промашување.Газдите живеат.Работниците преживуваат.Работат колку за сметките најчесто.Фирмата ќе ја гледаш како своја ако си газда, иначе заеби емоции.Сите работиме за пари, не за љубов.Ако е така тогаш газдата да го пробаме со 10-12-15.000...
Не се согласувам.
Од таа фирма живеаат и работодавачите и вработените. И мораш да работиш совесно и да ја гледаш фирмата како своја, се додека егзистираш од неа. Не треба емоции и љубов, треба професионализам.
 
Види другарче, работодавецот не е крив за висината на платата. Тоа е цена на трудот во Македонија, а проблемот треба да се бара кај системот, кај владата , кај паразитите што ја водат државата - ама не кај работодавецот. Како и да е, ако си прифатил работа, мораш да бидеш посветен и професионален во работата. Во спротивно, ако мислиш дека вредиш повеќе, можеш да испаднеш на пазар на труд и да видиш колку вредиш. Еве ти добар текст на таа тема. Или можеш ти да ризикуваш и да отвориш бизнис, па колку сакаш плаќај ги твоите работници ( ама јас сум сигурен дека и ти ќе ги плакаш 200 евра, верувај )
Знам јас дека газдата не е крив за тоа, погоре набројав по хиерарија кој е крив.
Јас сигурно знам колку вредам на пазарот на трудот, немам потреба од тој текст. ;)
Здравје, еден ден ако отрворам фирма сигурно ке ги плаќам вработените бар околу 500 еур, верувај. ;)
 
Здравје, еден ден ако отрворам фирма сигурно ке ги плаќам вработените бар околу 500 еур, верувај. ;)
Тоа значи 2-3 пати повеќе од реалната цена на труд.
Види, сите имаме ситуација кога НИЕ сме работодавачи, ангажираме работник и го плаќаме за трудот. Викаш молер дома, ја носиш колата на механичар да смени уље, во автоперална да ја испере....Прашање : дали, ако перење кола е сегде 200 денари, ТИ ( како работодавач ) ке му платиш на работникот 500 ?
И зошто не ?[DOUBLEPOST=1475779505][/DOUBLEPOST]
Јас сигурно знам колку вредам на пазарот на трудот, немам потреба од тој текст. ;)
Верувај, вредиш токлу колку што некој е спремен да плати за твојот труд, или колку што ти ( ако си сам газда) можеш да заработиш со твојот труд....
 
Последно уредено:
Не се согласувам.
Од таа фирма живеаат и работодавачите и вработените. И мораш да работиш совесно и да ја гледаш фирмата како своја, се додека егзистираш од неа. Не треба емоции и љубов, треба професионализам.
За каков професионализам зборуваш ако некој има 200 еур плата?

За мене некој да биде професионалец во некоја работа, покрај тоа што треба да си ја знае работата, да биде добар во тоа што го работи, треба да биде соодветно платен.

Пример некој мене ако ме платил 200 еур, како може да бидам професионалец кога ќе се нервирам затоа што на детето немам пари да му купам фармерки.
Ќе се нервирам затоа што ќе ми фалат пари за да ги платам сметките, па место да сум сконцентрирам на работата јас ке бидам сконцентриран на тоа од каде да позајмам пари за да го поминам месецот, па после ке мислам на тоа како да ги варатам парите, па ке мислам како и каде да најадам дополнителна работа.

Ако најдам дополнителна работа тоа значи дека ќе немам време за одмор, ќе бидам хорнично изморен.
Едноставно во една таква ситуација со плата од 200 еур и да сакаш неможеш да бидеш професионалец.[DOUBLEPOST=1475779859][/DOUBLEPOST]
Тоа значи 2-3 пати повеќе од реалната цена на труд.
Види, сите имаме ситуација кога НИЕ сме работодавачи, ангажираме работник и го плаќаме за трудот. Викаш молер дома, ја носиш колата на механичар да смени уље, во автоперална да ја испере....Прашање : дали, ако перење кола е сегде 200 денари, ТИ ( како работодавач ) ке му платиш на работникот 500 ? И зошто не ?
Во мојот сектор не е 200 еур реална цена на трудот, повеќе.
[DOUBLEPOST=1475779505][/DOUBLEPOST]
Верувај, вредиш токлу колку што некој е спремен да плати за твојот труд, или колку што ти ( ако си сам газда) можеш да заработиш со твојот труд....[/quote]
Баш и на тоа мислев, 200 еур ги земам само како пример затоа што многу луѓе во државава се во таква ситација, а и јас лично сум бил во таква ситуација со 200 еур плата, јас си знам како ми било.
 
За каков професионализам зборуваш ако некој има 200 еур плата? ....Едноставно во една таква ситуација со плата од 200 еур и да сакаш неможеш да бидеш професионалец.
1. Не работи
2. Најди подобро платена работа , ако можеш
3. Отвори твоја фирма и заработувај повеќе, ако знаеш
 
1. Не работи
2. Најди подобро платена работа , ако можеш
3. Отвори твоја фирма и заработувај повеќе, ако знаеш
Се гледа дека никогаш не си бил во таква ситуација затоа кењаш цело време.
1. Ако не работам, ке немам што да јадам, мене мама и тато неми даваат, сами заработувам.
2. Нормално дека постојано би барал подобро платена работа, но нашава вукојебина не е Германија па ако не ми чини напуштам и утре наоѓам подобро платена работа, тука потрагата по подобро платена работа може да трае со месеци и години, а до тогаш би морал да работам за 200 еур.
3. Ти ако имаш пари за да отвориш фирма, би работел за 200 еур.?:pos:
 
Види, газдите се неминовност. И добро е што е така. тое се луѓе кои имаат идеја, имаат план, се чувствуваат способни, ризикуваат со свои пари. И отвараат нови работни места. И треба да им се даде сета подршка во тоа. Затоа што оваа држава може да се крене само со нови работни места и нови вработувања. И така да се дојде до поголеми плати и да се дисциплинира онаа багра од газди што стварно ги експлоатираат работниците
 
1. Не работи
2. Најди подобро платена работа , ако можеш
3. Отвори твоја фирма и заработувај повеќе, ако знаеш
околку 60% од луѓето во Македонија земаат од 150-300Е плата. Полесно лото може да добиеш отколку подобро платена работа во македонија, освен ако не се преквалификуваш, а преквалификација во Македонија никој не ти нуди.
Опција 4 најди друга држава што е средена за живеење
 
Види, газдите се неминовност. И добро е што е така. тое се луѓе кои имаат идеја, имаат план, се чувствуваат способни, ризикуваат со свои пари. И отвараат нови работни места. И треба да им се даде сета подршка во тоа. Затоа што оваа држава може да се крене само со нови работни места и нови вработувања. И така да се дојде до поголеми плати и да се дисциплинира онаа багра од газди што стварно ги експлоатираат работниците
Таквите газди во Македонија се реткост, тука има и такви газди кои со помош на партијата дошле до лесни пари па си отворил нели по некој бизнис, а незнаат колку се 2 и 2, такви примери ке ти набројувам до утре сабајле.[DOUBLEPOST=1475780463][/DOUBLEPOST]
околку 60% од луѓето во Македонија земаат од 150-300Е плата. Полесно лото може да добиеш отколку подобро платена работа во македонија, освен ако не се преквалификуваш, а преквалификација во Македонија никој не ти нуди.
Опција 4 најди друга држава што е средена за живеење
Ми се допаѓа опција 4. ;)
 
Те излажал некој, кажи барем една држава (нормална) во која јавна администрација зема три пати поголема плата од приватен сектор.
I to sho velish, sigurno me izlazhale.
Po se izgleda, nema takvi drzhavi.
Кај нас е преголема има премногу луѓе во админстарција за толкава држава и плус е прилично неефикасна.
А иначе незнам од каде ти е тоа дека земале 3 пати поголема плата во нормланите држави.
To sho MK ima takva administracija, koj e kriv, koj se tie sho kolenichat za 200 €. Partiite samo ja koristat/zloupotrebuvaat gluposta na narodot. Vprochem partiite sé narodot.
 
Се гледа дека никогаш не си бил во таква ситуација затоа кењаш цело време.
1. Ако не работам, ке немам што да јадам, мене мама и тато неми даваат, сами заработувам.
2. Нормално дека постојано би барал подобро платена работа, но нашава вукојебина не е Германија па ако не ми чини напуштам и утре наоѓам подобро платена работа, тука потрагата по подобро платена работа може да трае со месеци и години, а до тогаш би морал да работам за 200 еур.
3. Ти ако имаш пари за да отвориш фирма, би работел за 200 еур.?:pos:
Дете, не ми збори во какви ситуации сум бил. Моја прва плата беше 120 евра. Скоро две години работев за 160 евра. Непријавен, неосигуран. 10-12 саати на ден. 6 дена во неделата.

Инаку, точките1/2/3 ти даваат одговор колку реално вредиш на моменталниот пазар на труд во МК....и тука освен системот и државата никој не е крив
 
па да, масовна експлоатација на пример можиме да земиме на продавачкиве по продавници.
Кај нас в мало има една продавница, една е осигурана на 12.000, оди во банка вади 3.000 и ги дава на газдата. Фактички осгурана на 12.000, а зема 9,000.
А пак газдата си тера кеиф со тие пари. Одмори во Шпанија, луксизирање, фасада на куќата.
И кажа отворено. Ене ја вратата ако не ти чини
Ќе најде друг/а замена роб да работи на ист принцип
И не е баш лесно да менуваш работни места во нашава напатена "државичка"
 
Последно уредено:
па да, масовна експлоатација на пример можиме да земиме на продавачкиве по продавници.
Кај нас в мало има една продавница, една е осигурана на 12.000, оди во банка вади 3.000 и ги дава на газдата. Фактички осгурана на 12.000, а зема 9,000.
А пак газдата си тера кеиф со тие пари. Одмори во Шпанија, луксизирање, фасада на куќата
Е тоа е тоа, братучетка работки како помошник во стоматолошка ординација, преку банка 14 000, а на газдата ми враќа 4000, работи двократно и плус во сабота и ја чисти ординацијата. :facepalm:[DOUBLEPOST=1475787540][/DOUBLEPOST]
Дете, не ми збори во какви ситуации сум бил. Моја прва плата беше 120 евра. Скоро две години работев за 160 евра. Непријавен, неосигуран. 10-12 саати на ден. 6 дена во неделата.

Инаку, точките1/2/3 ти даваат одговор колку реално вредиш на моменталниот пазар на труд во МК....и тука освен системот и државата никој не е крив
Државата сме, јас, ти, покварените работодавци, мрзливите работници, грујо, јанко, трајко, петко, станко итн,итн,итн.
 
Капитализмот е суров...
На крајот се се сведува на „ако ти чини“.
Ако ти чини тогаш е супер! Ако не... има и други кои би ја работеле истата работа за истите пари... И се така во круг.
За жал, таков ни е системот.
 
Не се согласувам.
Од таа фирма живеаат и работодавачите и вработените. И мораш да работиш совесно и да ја гледаш фирмата како своја, се додека егзистираш од неа. Не треба емоции и љубов, треба професионализам.
Пишав поназад - едни живеат, други преживуваат.И не е страшно да постојат разлики меѓу газди и работници, ама кога работниците од почетно ниво ќе бидат со задоволителни плати, а не да им стигнат само за пола месец.
Кога сме веќе кај професионализам, колкав процент на фирми во Македонија обезбедиле нормални (читај достојни во многу случаи) услови за работа?
Без опрема за работа, без униформи, без или недоволно потрошен материјал, алати, хартија, пенкала, гориво, без вода, без WC, без пауза, со притисок/изживување/исмејување од претпоставени и муштерии и аналогно на ова нездрава работна атмосфера и меѓучовечки односи, неплатени дополнителни по минимум 1-2 од ден, лето во +40, зима на -15...таква фирма да ја гледаш како своја?
Професионализам - обострано!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom