- Член од
- 25 јуни 2007
- Мислења
- 2.307
- Поени од реакции
- 1.134
Како може некој работодавец да очекува вработениот да му биде среќен, задоволен и посветен на работата кога плата од 200 еур не стигнува ни за основните трошоци.
Сакал или не неможам да бидам посветен на работата со тколку ниска плата од проста причина што таа ниска плата ни генерира приватни проблеми, и ни го одвелкува вниманието, а згора на тоа ако се стави постојаното кршење на правата на работникот од страна на газдата и непреземањето ништо од страна на државата тука се е јасно.
Пробелемот прво е во системот (државата), а потоа кај газдата, во ниеден случај не е проблемот кај работникот како што тврдат некои полтрончиња погоре.
Точно, државата е таа која што треба да направи услови и да одржува мехнизми и да ги применува истите за да не можат да се врашт злоупотреби. Исто така и политики кои би довеле до дигање на стандардот. Кај нас е голем проблем и масновното штанцање на дипломи, превработенест во админстарција. Многу луѓе тоа им е цел, седи во админстарција имај си сигурна паричка и гајле ти е. Трагично е кога просечната плата во админстрација е повисока од таа во приватниот сектор. А всушност приватниот сектор е тој кој реално го полни буџетот најмногу.