Нов рекорд: 85 држави пријавија филмови за Оскар годинава, со што е надминат бројот од 81 филм од лани. Интересно е што лани имаше 2 држави кои за прв пат пратија филмови: Гватемала и Парагвај. Годинава ги нема нив, а ако не сум грешка, нема друга држава која за прв пат праќа филм.
Еве ја листата со 85-те кандидати од кои во јануари 2017 AMPAS ќе избере 9 кои ќе ја продолжат трката до номинациите на крајот од јануари 2017, кога само 5 ќе бидат номинирани:
http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/submissions-to-the-89th-academy-awards-for/
Македонија по 14-ти пат предложува филм до Академијата. Нашиот прв претставник, во 1994, Пред дождот на Милчо Манчевски е единствениот кој успеал да биде номиниран за Оскар. Годинава комисијата составена од членови на Друштвото на филмски професионалци на Македонија го избраа Ослободување на Скопје за наш претставник. Филмот сѐ уште има редовни проекции во кино Милениум, и повремени во Синеплекс (беше симнат од редовниот репертоар на киното). Освен него, наскоро кај нас можете да го ѕирнете и босанскиот претставник на оскаровецот Данис Тановиќ, Death in Sarajevo, кој има проекција на затворањето на филмскиот фестивал КинеНова, во недела на 09.10.2016, во кино Култура.
Добар дел од овие веќе и ги има по торентите, па еве, препорака од мене: шведскиот (A Man Called Ove), данскиот (Land of Mine) и белгискиот (The Ardennes) претставник би можеле да ги ѕирнете.