Греење со пелети

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.194
Поени од реакции
8.278
Ако снема струја работи ли печката?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
Може ли кај нас да се набави само горилник(бренер) од ваков тип како на слика/видео?

Можеби имаат овие српскиве MBS од Смедерево, но не знам.

http://www.mbs.rs/pocetna.html

Или појди до Агротехна, на нивниот сајт има некои печки и/или котли од Термофлукс, па можеби имаат нешто слично на тоа што ти го бараш.

Ако снема струја работи ли печката?
Јок. Без постојан доток на воздух - за што е задолжен внатрешниот вентилатор кој нормално, работи на струја - оганот ќе згасне.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
Тешко вакво нешто кај фирма да се најде. Котел воопшто не ми треба, само бренер. По јутуб има еден куп слични изведби и се е скоро изработено по порачка/или за домашна употреба од локални мајстори.
 
Член од
21 август 2014
Мислења
48
Поени од реакции
11
Тешко вакво нешто кај фирма да се најде. Котел воопшто не ми треба, само бренер. По јутуб има еден куп слични изведби и се е скоро изработено по порачка/или за домашна употреба од локални мајстори.
Читав се што сте напишале на оваа тема ама ме интересира дали сепак е поевтино
И со дрва греењето. Колкава би била разликата во цена за загревање на 100 квадрати помегу дрва и пелети. Во многу би ми помогнало ваше мислење зошто сум во дилема. А верувам и другите ги интересира дали и колку е поевтино на дрва.
 
Kutivce

Find Pretty Womans in your town for night
Член од
7 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
13
Здраво дечки, да споделам искуство со камин на пелети.
Јас имам ТермоФлукс камин модел (Minitherm 8) од 8кв. (По проспект пишува мин/мах потрошувачка (0.6/1.6 кг/ч)
Сезоната на греење за 2015г ја почнавме Ноември, па се до крајот на Март. ( имавме бебенце така да мораше топло да биди ).
За тие 5 месеци потрошив 22000денари за ПЕЛЕТИ ( 1тон/14000 ден ), потоа докупував али ми ги дадоа по иста цена како за тон, бидејќи претходно од нив зедов еден тон.
Греев простор од 45квадрати (Дневна, трпезарија и мала кујна) [Напомена: во овие три простории нема врати, значи беа *отворено* поврзани], додека остатоткот од станот си беше ладничок. Температурата во греените простории изнесуваше 24-26 степени, најтопло во дневната, трпезаријата и на крај кујната24степени).
Изолацијата на станот каде што седев лани беше одлична. (освен што бев на први спрат, па од долу немаше кој да ме топли :) ).
Па така да горе-долу тоа е моето искуство.
Повелете коментари. Дали е скапо или евтино
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Ова со пелетиве изгледа е доста скапо. А за мерката, таа е задоцнета и минорна акција во однос на трошоците за греење на пелети. Прво, се работи за јавен повик што значи ако добиеш, добиеш, за само 200 домаќинства. Понатаму, потребни се некој минимум 50.000 (значи 20.000+) за една печка и уште минимум 20-25.000 за огрев. Освен цените друго што нема логика е што оваа т.н. мерка требаше да се случи доцна зима или рана пролет. Башка на разликите во цена со дрвата и печките на дрва, ако чекаа луѓето на ваква потенцијална помош (со најголема веројатност дека нема да ја добијат) за пелети, ќе се мрзнеа на струја зимоска во куќа.
Ова повеќе ми се чини како некоја привремена закрпа, замачкување, додека да се решат властите да вложат во гасификација отколку некоја реална мерка.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Гасот е поскап од пелетите!
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo
Planiram da zemam pecka na peleti za parno koja bi zadovolila kuka na 2 sprata x 80 kvadrati. Ovaa grejna sezona ke go gream samo edniot sprat-zdravje od Narednata komplet. Ve molam za mislenje koja moknost da bide peckata I od koj proizvoditel?
Bitno e dali imaat service I kolku peleti bi trosil dnevno? Ecospar ne gi bie dobar Glas PA ve molam kazete MI vase iskustvo[DOUBLEPOST=1475627619][/DOUBLEPOST]
Кај мене 200m2 грееме со вреќа на ден и 67 степени вода, Еко спар 25kw
Zdravo OziLLLL
Aj te molam za iskustvo od peckata na ekospar 25kw

Jas imam kuka 160 kvadrati I planiram takva pecka da zemam. Kazi MI kolku saata dnevno raboti I kolku peleti trosi. I dali imaat service ako ne daj boze nesto se rasipe!? Fala odnapred
 
Последно уредено:

Kutivce

Find Pretty Womans in your town for night
Член од
7 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
13
B

Bafra

Гостин
Ова со пелетиве изгледа е доста скапо. А за мерката, таа е задоцнета и минорна акција во однос на трошоците за греење на пелети. Прво, се работи за јавен повик што значи ако добиеш, добиеш, за само 200 домаќинства. Понатаму, потребни се некој минимум 50.000 (значи 20.000+) за една печка и уште минимум 20-25.000 за огрев. Освен цените друго што нема логика е што оваа т.н. мерка требаше да се случи доцна зима или рана пролет. Башка на разликите во цена со дрвата и печките на дрва, ако чекаа луѓето на ваква потенцијална помош (со најголема веројатност дека нема да ја добијат) за пелети, ќе се мрзнеа на струја зимоска во куќа.
Ова повеќе ми се чини како некоја привремена закрпа, замачкување, додека да се решат властите да вложат во гасификација отколку некоја реална мерка.
Може и да е помош за фамилијата на министерот за надворешни работи во чија сопственост имаат голема фабрика за пелети во Струшко мислам пишуваше :D

Гасот посткап од пелетите?!?! Брат да не звучам нападен...ама ја ТРОПНА зеленава...лелеле!
(Во цел свет е најефтино на гас, освен само во Македонијава).
Провери ги цените кои ги плаќаат тие држави за кубик гас а која цена ние ја плаќаме. Плус приклучување и други такси ништо чудно да испадне поскапо.
Ние плаќаме највисока во ЕУ повеќе од 560 долари за 1.000 кубика. Ете толку не сака Маќеата Русија.
Русофили ова да си го имате во главата како оче наш :P
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
870
Поени од реакции
569
hm, i gasot i peletite se nesiguren izvor na dolgi pateki. So gsot ne zname sto ke bide za 5-6 godini, mozat rusite ednostavno da go zatvorat gasovodot ili da ja zgolemat cenata, a tesko moze da se prejde na drugo gorivo ako sme vlozile vo instalacija.

Peltite ne odat kako treba, nema dobar kvalitet, nemaat dobra kaloricna vrednost, moj sovet podobro na drva, se poteski za manipulacija, treba cepenje, nosenje i tn, ama na sigurno sme. Nema podobro greenje od na drva
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Гасот посткап од пелетите?!?! Брат да не звучам нападен...ама ја ТРОПНА зеленава...лелеле!
(Во цел свет е најефтино на гас, освен само во Македонијава).
Tи имаш 30 години, а јас имам 63 години. И ти мене ми велиш дека јас сум „ ТРОПНА зеленава...лелеле! “
Ова што ти го тврдиш дека „ Во цел свет е најефтино на гас, освен само во Македонијава “ нема врска со реалноста. Тоа веројатно си го слушнал од нашиве политичари но тоа не е така. Гасот е секаде скапо и племенито гориво.
Eве страница на главната берза за струја, гас и јаглен во Лајпциг
http://www.eex.com/en/
Па можеш секој ден да гледаш колку се цените на струјата и гасот, на големо во Европа.
Пелетите кај нас чинат од 180 до 200 денари за вреќичка од 15 кила.- тоа значи три евра за 15 кила пелети. Тие 15 кила пелети содржат 75 киловат часови енергија
Сам пресметај колку ќе те чини еден киловат час енергија од пелети и спореди со цената на струјата и гасот на берзата во Лајпциг.
А Лајпциг е далеку - ја знеш онаа народната - У Солуна грош сомуна, а до Солуна сто сомуна
 
Kajgana Shop

На врв Bottom