- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.018
- Поени од реакции
- 12.517
Не знам за кои МБС зборуваш, единствените МБС кои јас ги познавам, се Македонски Бизнис Системи, компанија која се занимава со информатичка технологија, а не со системи за греење.Уште еднаш благодарам!
Се работи за куќа од околу 90 квадрата со претензии да се догради поткровје или да се прошири за уште едно 30-40 квадрати истиот спрат. 43-те квадрати се дневниот простор каде и планирам да стои котелот, каде е и касетата со разделникот. Затоа и првично прашав дали котлите на пелети (не печките) емитираат топлина како грејно тело пошто во тие 43 квадрата само за еден радијатор имам оставено инсталација во кошуљицата... Но добив одговор дека котлите сепак се грејно тело, емитираат топлина што е ептен ок.
Алфа плам или МБС вчера гледав, едниот сум сигурен дека има железна фиока како пепелник.
Ајде да доразјасниме некои дилеми, како за мене така и за сите...
1. Да се купи МБС 18kw котел кој е за до 120-130 квадрата ако не се лажам, и да речеме грееш момнтално не повеќе од 70 квадрата. Минималната потрошувачка е 1,2кг на час, максималната 4,5кг на саат (мислам така беше?) (кај Алфа плам Комо 15,5kw - 1,7кг на час со макс 5,05кг на час), дали ако загреваш 70 квадрата или помалку, ќе троши помалку од 1,2/1,7кг на саат?
2. Му треба струја пола киловат. За што му е потребна, за вентилаторот, за да ги пали пелетите, константно троши пола киловат на саат или друго е работава?
3. По видеата слушам ствараат бучава. Дали тоа вентилаторот или самиот котел е на некој начин бучен? Колку бучен и од која причина? Споредено со бучавата од клима дома?
4. Дали и зошто од добар избор ги исклучуваш МБС?
Единствената компанија за која ти реков да ја отпишеш од самиот почеток, е охридски Милкуз, за кои ти спомнав зошто да ги отпишеш - затоа што нивните котли не доаѓаат со вграден механизам за чистење, ниту доаѓаат со внатрешна железна фиока.
Струјата која ја троши котелот е наменета за грејачот кој ги загрева пелетите до температура на запалување, а тука настапува внатрешниот вентилатор кој постојано внесува воздух од надвор за да предизвика и одржува пламен. Откако ќе настане пламенот, грејачот се исклучува, а вентилаторот останува вклучен цело време додека сакаш да гори огнот, или додека не ја достигне посакуваната температура на водата во радијаторите, по што постепено го гаси огнот се додека не се намали температурата на водата во радијаторите, а во таков случај, повторно се вклучува грејачот за повторно да запали оган - освен ако рачно го исклучиш котелот на копче за да престане со греењето.
Покрај внатрешниот вентилатор кој постојано внесува воздух од надвор за да предизвика и одржува пламен, друга компонента која работи цело време, е пумпата која ја врти водата низ радијаторите.
Пумпата вообичаено останува вклучена и после исклучувањето на котелот, но се исклучува автоматски откако температурата на водата ќе се намали.
Пумпата исто така се вклучува автоматски за да ја врти водата низ радијаторите доколку нејзината температура се намали помеѓу 0 и 5 степени Целзиусови дури и ако котелот е исклучен, поради безбедносни причини - за да во случај на екстремно ниски зимски температури не пукнат цевките кои ја дистрибуираат топлата вода до радијаторите. На мене лично ова не ми се има случено бидејќи живеам во станбена зграда на кат, поради што многу се мали шансите температурата на водата да достигне толку ниски вредности во зима.
Единствената бучава - ако може така да се нарече, бидејќи сепак не е премногу гласен котелот - се случува при вклучувањето на котелот, а трае само 5 до 10 секунди, а единствените компоненти кои произведуваат звуци се компонентите кои цело време работат - внатрешниот вентилатор и пумпата, а на мене лично воопшто не ми делуваат премногу гласни.
Кога сме кај потрошувачката, навистина не знам колку трошат другите котли, за мојот котел на 12 киловати можам да ти кажам дека една вреќа од 15 килограми ја троши за 1 ипол ден - во зависност од тоа колку време е вклучен котелот, ако работи 6 до 8 часа, ќе потроши 2 третини, односно 66% денес, а третата третина, односно останатите 34% од вреќата, ќе ги потроши утре. После зимските месеци - ноември, декември, јануари, февруари, па и март, доколку сеуште е ладно и има потреба од греење во април и мај, бидејќи многу пократко време го користам котелот, троши една вреќа на 2 дена, а понекогаш и на 2 ипол дена. Но доколку е многу студено - како што беше минатата недела, кога го оставив да работи и 10 до 12 часа без прекин, ќе ја потроши целата вреќа за еден ден.
Последно уредено: