Како природно се добиваат килограми?

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Дали цигарите и кафето на гладно влијаат за намалување на апетитот и неможноста да се зголемат кг?
Ако ме прашаш мене не се цигарите туку е кафето проблем односно кофеинот како состојка која според мене кине апетит. Пробај некоја недела без турско кафе за почеток и најмногу 1-2 други видови и тоа после пладне до пред вечера за почеток.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Може ќе мислите глупости дека се ама јас не можев да качам килажа додека ме мачеше потсвесно една приватна работа. Не сфаќав дека ме мачи и џабе беше и јадење почесто и се. Откако се соочив со проблемот и го решив, еве ме 3 години потоа имам +10 кг, ми фалат уште бидејќи имам висина ама барем не изгледам како од Аушвиц избегана. :)
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Може ќе мислите глупости дека се ама јас не можев да качам килажа додека ме мачеше потсвесно една приватна работа. Не сфаќав дека ме мачи и џабе беше и јадење почесто и се. Откако се соочив со проблемот и го решив, еве ме 3 години потоа имам +10 кг, ми фалат уште бидејќи имам висина ама барем не изгледам како од Аушвиц избегана. :)
Не за џабе постои именката ЈАД, тоа јаде од внатре...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Кој сака да му дадам 20 кг :D

Треба да си го најдете внатрешниот мир и да се опуштите. Најважен е доручекот кој треба да е редовен, а многу го прескокнуваат.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
131
Поени од реакции
105
Мојот вечен проблем. :( Веќе долго време вежбам во теретана со тежини, редовна висококалорична исхрана имам, не прескокнувам оброци и плус ужинки. Не личам на 23 годишна девојка, како 12 години да имам. Никакви облини а и мускулна маса слабо. Кожа и коски.
Веќе почна да ми станува комплекс иако многумина ми кажале да си уживам зашто ако ништо друго можам да си јадам што и колку сакам додека повеќето мака мачат да симнат килограми. А и донекаде се во право, барем си јадам без престан :) А и апетит огромен имам, скоро никогаш не се чувствувам најадено. Изгледа имам пребрз метаболизам, тоа е тоа
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
трошиш повеќе од што внесуваш , нормално ќе бидеш кожа и коски

редовна исхрана и не претерана физичка активност до идеална тежина и форма
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.120
Поени од реакции
336
Ко имаш апетит и ко си јадиш редовно, батали редовно теретана. Оди еднаш неделно барем дури качиш кг. После ќе си продолжиш пак.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
трошиш повеќе од што внесуваш , нормално ќе бидеш кожа и коски

редовна исхрана и не претерана физичка активност до идеална тежина и форма
Ако имаш психичка тешкотија, колку сакаш јади, пак нема да се здебелиш. Ете пишав јас погоре, форумџии има сведоци колку јадам на ден. Џабе ми беше, мака имав.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
Ако имаш психичка тешкотија, колку сакаш јади, пак нема да се здебелиш. Ете пишав јас погоре, форумџии има сведоци колку јадам на ден. Џабе ми беше, мака имав.
првпат слушам,немам такво искуство
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
131
Поени од реакции
105
Ко имаш апетит и ко си јадиш редовно, батали редовно теретана. Оди еднаш неделно барем дури качиш кг. После ќе си продолжиш пак.
Ако беше за мене наменето ова, да ти кажам дека од сите добивам совети да одам во теретана редовно за да накачам мускулна маса. Но можеби премногу енергија трошам со тренинзите, иако мислам дека јадам доволно. Пијам редовно и протеин од сурутка.
Искрено, се плашам да не станува збор за некој здравствен проблем, а плашливка сум да одам и да проверам. :cautious:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
по колку време ти траат тренинзите ?? очигледно е дека мнооогу повеќе трошиш, вежбај УМЕРЕНО за побујна става

види ги маратонците што трчаат по цел ден само кожа и коски,додека спринтерите/атлетичарите набилдани буквално насекаде
 
45 минути, 4 пати неделно. Кардио не вежбам воопшто. Значи само тежини плус стомачни на крај.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.120
Поени од реакции
336
Ако беше за мене наменето ова, да ти кажам дека од сите добивам совети да одам во теретана редовно за да накачам мускулна маса. Но можеби премногу енергија трошам со тренинзите, иако мислам дека јадам доволно. Пијам редовно и протеин од сурутка.
Искрено, се плашам да не станува збор за некој здравствен проблем, а плашливка сум да одам и да проверам. :cautious:
Епа ко гледаш сите ти велат да одиш в теретана ама нема ефект, тогаш смени нешто. Ете, не оди. Пробај па ако не се здебелиш пак, ќе си појдиш на доктор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom