Цело време даваме пари на секакви разни ствари. Пример еве, луѓе по 200-300 денари дневно трошат за цигари.
Јас добар дел од слободното време го поминувам на Хартстоун. Играм веќе година ипол и баш сега еве проверив на дек тракерот ми се евидентирани 383 саати гејмлеј, а имам сигурно уште толку, или барем блиску што сум играл без тракер. Зошто за нешто што ми понудило толку многу забава, да не дадам 300 денари, а без мислење да дадам за нешто ете што ќе ме најаде и напие сега, па по некој саат пак ќе ми се јаде и пие
Да не се сфатиме погрешно, нејќам јас да те терам да даваш пари на игри, секој си ги троши своите пари за што сака. Само сакам да објаснам зошто давање пари за игри не е глупост.