Како демек да е до него, лузерсково во екипава ме искрено плаши. Обично вакви ствари се искоренуваат само кога ќе продадеш пола екипа.Конте вака ако игра тешко ке дочека нова година во Челзи![]()
Цените се вртоглави ради што се бренд.Еден мртов Педро Челзи ги чинеше еден куп пари. Меси,Чави,Иниеста,Бускетс,Пике и компанија пред Пеп не постоеја(и на трансфермаркетот беа ефтини),после Пеп и после 6 титули им се набија цените до бесвест. Парите не се мерило,со квалитетен скаутинг и квалитетен менаџер правиш шампионски тим.Лестер/Атлетико/Борусија Дортмунд па и Јувентус на Конте беше таков тим.
Реал се откина од трошење па неможе да освои ЛШ цели 13 години,Челзи се отепа од трошење(плус имаа и прејак состав и менаџер па не успеаа да освојат ЛШ со Мурињо,туку најнеочекувано и со аутсајдер тренер како Ди Матео).
Парите биле мерило,прашај ги Арсенал колку се мерило што неможе титула да освои еден куп години.
Факторот среќа во ЛШ е секогаш клучен,само слабо пратиш фудбал.
Да,Пеп е крив лани Сити што заврши 4.
Симеоне е супер менаџер,си фура негов стил на игра и си купува таков профил играчи.И Пеп е ист,само е прашање на вкус.Мене лично многу подопадлив и поатрактивен ми е фудбалот на Пеп во споредба со Симеоне.
Во врска со ЛШ кажав,Баерн не беше лош во ЛШ.Фалеше малку повеќе среќа и тоа е тоа.Ете нека ти е за пример Мурињо кој освои ЛШ најнеочекувано со тимови кои не беа главни фаворити за освојување(Интер и Порто),а со преквалитетни тимови(Челзи,Реал) отпаѓаше од Дортмунд и Ливерпул тимови.
Лестер?1. Помина времето кога парите не биле мерило (ма да одсекогаш биле), према твојава логика Барса не требаше да даде 100 топа (и дваесет) за Нејмар, 70 топа за Суарез, 70 топа плус факинг Ето за Ибрахимовиќ, Анри Манри..да не ги бројам.
Барса е тоа што е и денес пепел ги прави сите затоа што нон стоп купува играчи...некои ќе се погодат некои не..ама го освежуваат тимот и после сезона во која освоиле се.
Реал ја знаеме политиката на - купи ги сите.
На Баерн feeder club му е цела ебана Бундес.
2. Среќа клучен фактор..реков и претходно, само за тие што немаат пари (во стартен состав) како овие подолу.
2016 Реал, 2015 Барса, 2014 Реал, 2013 Баерн..
Среќата е фактор, многу нормално.
Aмa клучни се парите!
3. Арсенал да го прашам за мерило - трошење пари ?????
Незз кој не прати фудбал...па тоа е единствената причина - нетрошењето, што Арсенал не освојува ништо.
Лестер?
Парите се битни само ако се погоди инвестицијата. Има уште многу случаеви каде се троши многу а нема резултат. Значи парите се битни ама не ти гарантираат сигурен успех. Сити го земам како пример каде се троши претерано а според мене нема успех. Тие 2-3 титули колку ли им се во споредба ако се стави на кантар вложеното е залудно трошење. Е сега ако гледаш ос страна на фан и во 5 години имаш 2 титули тогаш може да е ОК, ама проблемот е што за тоа трошење можеби би требало да имаш 4 титули за тоа време за тие потрошени пари.
Треба да се стави некогаш на кантар дали си добил за вложеното тоа што очекуваш. Само ова го пишувам од моја логика општо не како одбрана на Арсенал или слично или пак барам оправдание за нивниот неуспех. Така да да предупредам да не ја вртиме дискусијата кон нешто бесцелно![]()
Тоа ми беше поентата ништо не ти гарантира. Пример во Англија 3-4 клуба трошат повеќе од “нормално“ (во последно време и помалите трошат) сепак на крај 1 освојува. Парите можат само да помогнат доколку менаџерот паметно ги инвестира и плус на тоа влијаат уште други фактори. Според мене парите влијаат 60-70%![]()
На колку години се случува феноменот Лечестер ?
На 10, 20, 40, 100 ???
Ништо не може да ти гарантира титули со 100 постотна сигурност, премногу варијабили има во игра,
Но дека парите се број 1 во сите тие фактори, е неспорно.![]()
еден исти е цело време, зборам за наша екипа