Изгледа дека само јас и ти ќе си останеме верни фанови.

Ај шепни ми по пп за Roanoke кога ќе имаш време.
Не мора во приватна порака, може и тука, за ако некој го мрзи да гугла, да прочита што е Roanoke всушност.
Roanoke е остров во Атлантикот, во денешна Dare County, Северна Каролина, САД. На истиот, во 16 век, кралицата Елизабета I се обидела за прв пат да создаде постојана британска колонија на американскиот континент. На 25 март, 1584 година човек со име Walter Raleigh, британец, добил дозвола од кралицата Елизабета I да ја создаде првата колонија во Северна Америка. Група од 107 Англичани, на 17 август 1585 изградилае мала тврдина на островот Roanoke, откако претходно колонистите воспоставиле контакт со локалните домородни плениња: Кроатоан и Секотан (двајца домородци дури и биле однесени во Британија за да ја опишат географски и политички областа која била планирана за населбата на Raleigh). И покрај тоа, колонистите биле мета на неколку напади од домородните племиња кои колонистите успеале да ги сопрат. По еден од нападите, во 1586, извесен сер Francis Drake поминал низ Roanoke колонијата и понудил на колонистите да ги врати назад во Англија. Некои прифатиле, носејќи ги во Европа за прв пат тутунот, пченката и компирот.
Година подоцна, пријател на Raleigh, John White, со група од 115 нови колонисти се упатил кон Северна Америка. Поминал низ Roanoke островот, на 22 јули 1587, една година откако последен пат биле контактирани првите колонисти на Roanoke, и не нашле ништо освен еден скелет кој можеби бил на некој од првите колонисти (веројатно сите биле убиени од домородците). И покрај тоа што сите биле исчезнати, White одбил да ги врати новите колонисти назад во Англија и инсистирал да воспостават нова колонија на Roanoke островот (мотивите за тоа останале непознати). White одново контактирал со Croatoan племето, но домородците кои првиот пат ги нападнале колонистите (некое друго племе), одбиле да се состанат со White. Набрзо потоа еден од колонистите бил убиен додека шетал сам низ локалната шума. Плашејќи се за нивните животи, колонистите го убедиле White да се врати во Англија и да побара помош. На островот останале 115 колонисти, меѓу кои и внука на White, Virginia Dare, првото дете од Англија кое се родило на новиот континент. White се вратил во Англија во доцна 1587, но не успеал да испрати помош назад на островот, поради тековната британско-шпанска војна. Успеал да се врати назад на островот Roanoke дури за третиот роденден на неговата внука, на 18 август 1590, и ја нашол населбата напуштена. Не можел да најде никаква трага од 90 мажи, 17 жени и 11 деца, а што било уште понеобјасниво - немало никаква трага или знаци на отпор или борба, како што имало првиот пат. Едноставно - сите биле исчезнати. Единствена трага бил зборот CROATOAN изгравиран во камен на оградата околу селото. Сите куќи и тврдини биле грижливо демонтирани, што било знак дека колонистите не ја напуштиле колонијата во брзање. Пред да замине во Англија првиот пат, White им рекол на колонистите доколку било каква опасност им се заканува, да нацртаат малтешки крст во некое дрво од шумата. Сепак - таков знак не бил пронајден.
И покрај неколкуте експедиции на Roanoke подоцна, никоја од нив не успеала да даде одговор на прашањето каде исчезнале колонистите (да не опишувам сега детално кој и како точно ги извршувал тие истражувања). Постојат неколку хипотези за тоа што се случило со колонистите:
1. Pawhatan племето, и нивниот поглавар, Chief Pawhatan (на нас познат како таткото на Покахонтас), лично го извел масакрот врз колонистите. Истото било наведено во истражувањата на двајца Англичани, независно еден од друг, од кои првиот John Smith (нам познат како дечкото на Покахонтас

). Вториот (William Strachey), пак, дознал дека наводно колонистите живееле мирно измешани меѓу некое друго индијанско племе, се додека еден ден Pawhatan не ги масакрирале заради пророштва од некои од нивните свештеници, но и дека има и преживеани колонисти кои се кријат меѓу домородните племиња. Ова верување - масакрот врз колонистите, постоело повеќе од 400 години, се додека некои нови истражувања откриле недоследности во извештаите на двајцата споменати истражувачи, и било докажано дека всушност опишале два различни масакри и дека Изгубената Roanoke Колонија не била вклучена во ниту еден од нив.
2. Интеграција со локалните племиња - Извесен John Lawson во 1709 тврдел дека докажал оти членови на Croatoan племето кои живееле на соседниот до Roanoke, Croatoan остров (денес - Hatteras Island), порано живееле на Roanoke островот и имале предци - белци. Од тогаш, и други Англичани тврделе дека се сретнале со домородци со темни очи кои тврделе дека потекнуваат од белци. Некои од нив дури и го зборувале велшкиот јазик. Сепак, многумина ја исмејувале оваа теорија која била далеку од докажана.
3. Друга легенда зборува дека денес изумреното племе Saponi во Person County, Северна Каролина, биле потомци на Roanoke колонистите, затоа што кога некои британски експедиции се сретнале со нив, некои од нив веќе знаеле англиски и биле запознаени со христијанската религија. Историските презимиња на членовите на ова племе кореспондирале со оние на колонистите. Сепак, за оваа теорија нема никаков пишан или било каков доказ. Исто и други индијански племиња биле тесно поврзани со членовите на изгубената колонија.
4. Постои и теорија дека шпанците за време на војната ја уништиле колонијата.
5. Од 1937 до 1941, многу изгравирани камења биле пронајдени низ Америка, наречени Dare Stones, кои веројатно ги оставала Virginia Dare, внуката на White, додека со колонистите се селеле од место на место низ Америка. Било докажано дека поголем дел од камењата се всушност измама, иако и денес постојат луѓе кои веруваат и се обиделе да докажат дека барем неколку од нив се вистински.
Во 2007 воспоставен е проект наречен The Lost Colony of Roanoke DNA Project од страна на приватна компанија за ДНК истражувања, со цел да ја откријат мистеријата, консултурајќи како доказ многу историски списи, шеми на миграции на тогашните племиња, усна историја и ДНК тестирање. Резултатите од проектот се уште не се објавени.
Постојат уште еден куп теории, истражувања и фиктивни портретирања на случувањата околу Roanoke колонијата. Нашава AHS: My Roanoke Nightmare, очигледно ќе понуди нов „фиктивен одговор“. Она што мене ми ја заледи крвта во случајов е што слаб сум на мистерии, и честопати одредени мистерии ми влевале толкав страв во крвта што буквално не сум спиел по цела ноќ кога сум читал за нив. Сега - конкретна мистерија е инкорпорирана во хорор серија, што значи - instant chills. Мистерија + хорор = ветува многу, барем за мене.
Извинете што бев толку долг, сакав само што подетално да опишам што јас открив од гуглањето за Roanoke, па се надевам ќе ви помогне ова во гледањето на новата сезона.