Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
Еден месец вежбање. Психички се осеќам врвно.
Не сакам, нит пак планирам да се придржувам до некои си екстремни програми, едноставно гледам у една недела 5 пати да идам у теретана, да си извежбам секој мускул и тоа е. 20 минутно кардио пред тренинг/после тренинг или помеѓу серии (пример ако вежбам денес раце, ќе извежбам бицепс па 10 мин кардио, па трицепс, па на крај пак 10ина минути кардио).
Не ми е целта да се напраам хиена билдерска :D , нити пак саша ковачевич како што имаше некој пред 10ина страни постирано, пред се почнав ради anger management (морав некако да ја исфрлам негативната енергија) но увидов дека тренирањето е многу интересна и корисна ствар :D
Имам неколку прашања вака пошто сеуште сум релативен почетник иако и претходно сум бил во теретана или спортувал.

1. Многу, ама многу ми се јаде после вежбање, онака незнам за граници, буквално криза ме фаќа. Се тоа нормално, истрошеност, замор вака така. Ама често незнам за доста. Лошо е што идам у 7 попладне у теретана(преку ден обврски а-у), и после цела вечер ми крчат цревата.
Верувам дека сите вие сте го имале проблемов у почеток (или можеби сеуште) па би сакал да знам како се справува(в)те со преголемата глад после тренинг?

2. Како што реков 30 дена како идам у теретана, у принцип 2 дена идам, 1 одмарам... Така ми е оптимално и според обврските кои ги имам, и според капацитетот на телото.
Е сеа, значи рецимо почнав со 25 кила трицепс (сајла), 35 кг гради, 25 бицепс...со такви бројки отприлика. После помалце од еден месец(па до денес) секоја од овие килажи се зголеми за +5 кг, едноставно неможам повеќе, неам сила... Дали тоа е нормален и добар напредок за 1 месец, или треба нешто да сменам. бтв, Правам по 3 типа вежби 4 серии од 10-12 повторувања, некад и по 8 (зависи за кој дел од телото станува збор).
И проблемот е што после секое вежбање имам воспаление на мускулите (што би требало да значи дека добро вежбам? ), на почеток беше многу хардкор, буквално неможев маица да облечам и по скали да се качам... сега е во рамки на нормалата.
Значи предолго време му треба на телото за да се навикне на дадените килажи.
Ако може совет, пошто според мене, ова е мал напредок што се однесува до качување килажа за 1 месец.

4. Теретаната што беше у СД пелагонија, сега е преместена у расадник (ул. Сава Ковачевиќ). Точно е инфово ?
кардио ни случајно пред и измеѓу тренинг, па ти како сакаш


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
@jamey jasta јадење после тренинг е ионака задолжително. Е сега тоа што ти се јаде премногу имаш неколку солуции:
Јади побавно и јади претежно протеини што ќе те заситат и пиј вода
Намали од другите оброци за да можеш да јадеш повеќе во оброкот после тренинг
или
едноставно mind over matter. „ова ми е доволно оброк, не ми треба повеќе“ и крај
Напредокот ти е добар и не се замарај. Ако се осеќаш многу истоштен а се друго ти е океј (здравје, спиење, исхрана) тогаш повторувај со исти тежини се додека не се осеќаш подобро за да можеш да креваш повеќе. Секој има различен напредок 5% неделно е супер. Не е битно со колку почнуваш туку каде ќе бидеш после пар месеци.
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.608
Поени од реакции
1.165
@jamey Росонеро,како си со килажа?имаш ли покачување при толкав апетит? ме интересира пошо мене примарна цел мие да кренам на килажа иако тоа е поединечно во зависност од метаболизмот,исхраната...
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
@jamey Росонеро,како си со килажа?имаш ли покачување при толкав апетит? ме интересира пошо мене примарна цел мие да кренам на килажа иако тоа е поединечно во зависност од метаболизмот,исхраната...

1.94 so 95-96 kila.
Neam pokacuvanje valjda posto u tekot na denot jadam malce, a dosta chesto. Navecer - se transformiram u hiena nenasitna (sto e loso) .
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали преку планк може до дефиниција на стомачни?
Преку планк може да се стигне до проблеми со кичмата, се друго е излишно да се спомне.[DOUBLEPOST=1473183517][/DOUBLEPOST]
Еден месец вежбање. Психички се осеќам врвно.
Не сакам, нит пак планирам да се придржувам до некои си екстремни програми, едноставно гледам у една недела 5 пати да идам у теретана, да си извежбам секој мускул и тоа е. 20 минутно кардио пред тренинг/после тренинг или помеѓу серии (пример ако вежбам денес раце, ќе извежбам бицепс па 10 мин кардио, па трицепс, па на крај пак 10ина минути кардио).
Не ми е целта да се напраам хиена билдерска :D , нити пак саша ковачевич како што имаше некој пред 10ина страни постирано, пред се почнав ради anger management (морав некако да ја исфрлам негативната енергија) но увидов дека тренирањето е многу интересна и корисна ствар :D
Имам неколку прашања вака пошто сеуште сум релативен почетник иако и претходно сум бил во теретана или спортувал.

1. Многу, ама многу ми се јаде после вежбање, онака незнам за граници, буквално криза ме фаќа. Се тоа нормално, истрошеност, замор вака така. Ама често незнам за доста. Лошо е што идам у 7 попладне у теретана(преку ден обврски а-у), и после цела вечер ми крчат цревата.
Верувам дека сите вие сте го имале проблемов у почеток (или можеби сеуште) па би сакал да знам како се справува(в)те со преголемата глад после тренинг?

2. Како што реков 30 дена како идам у теретана, у принцип 2 дена идам, 1 одмарам... Така ми е оптимално и според обврските кои ги имам, и според капацитетот на телото.
Е сеа, значи рецимо почнав со 25 кила трицепс (сајла), 35 кг гради, 25 бицепс...со такви бројки отприлика. После помалце од еден месец(па до денес) секоја од овие килажи се зголеми за +5 кг, едноставно неможам повеќе, неам сила... Дали тоа е нормален и добар напредок за 1 месец, или треба нешто да сменам. бтв, Правам по 3 типа вежби 4 серии од 10-12 повторувања, некад и по 8 (зависи за кој дел од телото станува збор).
И проблемот е што после секое вежбање имам воспаление на мускулите (што би требало да значи дека добро вежбам? ), на почеток беше многу хардкор, буквално неможев маица да облечам и по скали да се качам... сега е во рамки на нормалата.
Значи предолго време му треба на телото за да се навикне на дадените килажи.
Ако може совет, пошто според мене, ова е мал напредок што се однесува до качување килажа за 1 месец.

4. Теретаната што беше у СД пелагонија, сега е преместена у расадник (ул. Сава Ковачевиќ). Точно е инфово ?
1.Ако правиш кардио кроце по кроце, смени го во поинтензивно и пократко време, имаше студии дека кардио со низок интензитет предизвикува поголем глад по завршување на тренинг, по можност гледај и да не го правиш помеѓу мускулни групи, прави го или на почеток или на крај, или пак 10мин пред тренинг, 10 после тренинг (не ти ни треба секој тренинг по 20 минути посебно ако сакаш да ставиш маса, 1-2 пати по 15-20мин ти е доволно).
2. Зголеми го внесот на вода, ќе ти помогне да го контролираш гладот.
3. Распореди ги правилно оброците и повеќе пати, крај краева напрај математика и гледај да не го надминуваш лимитот на калории дневно, без разлика кога ги внесуваш
4. Ако внесуваш течни оброци (шејкови) гледај да ја јадеш истата храна не сомелена, повеќе ќе те засити (со исклучок на протеин или гејнер).
5. Внимавај на јаглехидратите, прости шеќери после тренинг ти се потребни, но истите го зголемуваат и апетитот, истото важи и за преку денот, гледај да имаш повисок внес на протеини и масти, ќе се осеќаш посит.
6. Јади и не се замарај многу,
7. Форсирај ги комплексните вежби за да добиеш поголема сила (бенч, вратило или лат за почеток додека да успееш да се дигаш на вратило, чучањ, мртво не би ти препорачал со тежина, пробај да го научиш со празна шипка).
8. Силата кај сите е различна, а и напредокот, зависи и колку си имал тешка физичка активност во животот, во голема мера е генетски, но со тек на време може да се стекне прилично, ако имаш можност тренирај со некој заедно, повеќе може да се силиш кога тренираш со партнер.
9. Да преместена е теретаната, во близина на Мечкаров бензиската, се вика Гладијатор и ја имаш на фб, за повеќе инфо пиши им на фб или на профилот на Тоше Зафиров, ќе ти вратат, имаат добри справи за таа цена, поминав 5 години во истата, но откако се преселив од Кисела Вода ми е предалеку да одам таму.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Преку планк може да се стигне до проблеми со кичмата, се друго е излишно да се спомне.
Со склекови (вежба над вежбите) можеш рамото да си го сјебеш..
Вака ако идеме со сите вежби може се и сешто да ти се деси ако не ги правиш правилно.
Иначе точно, за време на планкот не треба да те боли кичма. Ако те боли, можеби претеруваш и треба пополека да го накачуваш времето на држење. Или, не ги стегаш убаво задникот и стомакот и не си фокусиран.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Со склекови (вежба над вежбите) можеш рамото да си го сјебеш..
Вака ако идеме со сите вежби може се и сешто да ти се деси ако не ги правиш правилно.
Иначе точно, за време на планкот не треба да те боли кичма. Ако те боли, можеби претеруваш и треба пополека да го накачуваш времето на држење. Или, не ги стегаш убаво задникот и стомакот и не си фокусиран.
Нема вежба над вежбите, имаш вежби кои вреди и не вреди да се прават и вежби кои ти требаат и не ти требаат.
Во случајов планк би ја вброил во тие кои нема потреба да ги прави, доколку ја прави ќе добие дополнителна цврстина на стомакот која може да ја искористи само во чучањ и за нијанса подобра контрола на колковите поради стабилноста која треба да ја има додека е во планк положба (но ова би му помогнало кога ќе биде малку попрофи и ќе се бори да собори некакво плато посебно во пауерлифтинг, а за почетник е непотребно замарање), околу раст и облик на стомак нема да има поголемо влијание.

Кога веќе би ги правел, моја препорака е да не го прави класичниот планк и да дреми како луд по 20-30 секунди, туку да проба варијации: да си игра со дијафрагмата и да проба да ги погоди стомачните што е можно подобро (замисли нешто налик на вакум позата при такмичења само комбинирана со планк), малку да го поткрене гзот додека е во планк со за нијанса повлечени поназад лакти и да им даде дополнителна тежина на стомачните (со внимание на кичмата), али се ова се малку потешки комбинации кои за разлика од класичниот подобро ги погодуваат стомачните.

Барем за стомак има стотици разни вежби со кои многу подобро може да ги обликува и извежба.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Имате ли слушнато/видено кај нас да се продаваат белки во литарско или какво и да е
пакување? Во Хрватска знам дека ги има, тука уште ги немам сретнато.
Нешто слично ко насликава

 

banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
139
Поени од реакции
68
Имате ли слушнато/видено кај нас да се продаваат белки во литарско или какво и да е
пакување? Во Хрватска знам дека ги има, тука уште ги немам сретнато.
Нешто слично ко насликава

мислам дека нема кај нас.Барав пред некое време во поголемиве маркети ама ништо
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Батали ова пеер, ќе и веруваш на некоја на македонски форум што пишала пред 4 години наместо од првиот резултат на гугл кога ќе напишеш chicken breast calories?



За женските 20% поише калории и масти имаат јадењата :D
Случајно и ова е македонски форум, па ќе мора тебе да ти верува на твоето експертско гуглање дека пилешкото на гугул е истото пилешко кое ти или некој во МК го конзумира...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
Случајно и ова е македонски форум, па ќе мора тебе да ти верува на твоето експертско гуглање дека пилешкото на гугул е истото пилешко кое ти или некој во МК го конзумира...
штета што престана да го посетуваш подфорумов, пошо мн стручњаци се накотија со изгледани 5 видеа на ју тјуб и статии извадени од гугл
и нормално све знаат


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Случајно и ова е македонски форум, па ќе мора тебе да ти верува на твоето експертско гуглање дека пилешкото на гугул е истото пилешко кое ти или некој во МК го конзумира...
Зошто се правиш глуп и удираш со глава в ѕид, многу ме интересира?
Всушност, јасно ми е. Ти го нападнав форумот и сега си butthurt.
Извини брат, нема да ти го навредувам форумот друг пат.
Друго е тоа пилешко во САД, таму нутритивните вредности се 25% помали.
Овде твојата членка ги има лично мерено нутритивните вредности.

Како може да удираш со глава в ѕид, кога апсолутно нема никаква логика тоа што го пишала „твојата“ членка.
На 100гр.
Калории 200, протеини 25гр. Масти 5 гр.
25x4 + 5x9 = 145
Стручњаку, те молам кажи ми од каде доаѓаат другите 55 калории.
Пошо еве, дојде да ја браниш твојата членка која очигледно нема поима што збори, не знае математика или двете.
штета што престана да го посетуваш подфорумов, пошо мн стручњаци се накотија со изгледани 5 видеа на ју тјуб и статии извадени од гугл
и нормално све знаат
Еве уште еден слепец. Ѓороски да пише дека немало земјотреси деновиве ќе му поверуваш, очигледно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Зошто се правиш глуп и удираш со глава в ѕид, многу ме интересира?
Всушност, јасно ми е. Ти го нападнав форумот и сега си butthurt.
Извини брат, нема да ти го навредувам форумот друг пат.
Друго е тоа пилешко во САД, таму нутритивните вредности се 25% помали.
Овде твојата членка ги има лично мерено нутритивните вредности.

Како може да удираш со глава в ѕид, кога апсолутно нема никаква логика тоа што го пишала „твојата“ членка.

25x4 + 5x9 = 145
Стручњаку, те молам кажи ми од каде доаѓаат другите 55 калории.
Пошо еве, дојде да ја браниш твојата членка која очигледно нема поима што збори, не знае математика или двете.

Еве уште еден слепец. Ѓороски да пише дека немало земјотреси деновиве ќе му поверуваш, очигледно.
со јајца и презла можи го има пржено чупето, плус женско ја правело математиката, добро е што нема пишано еден ред чоколадо колку калории има :D
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Зошто се правиш глуп и удираш со глава в ѕид, многу ме интересира?
Всушност, јасно ми е. Ти го нападнав форумот и сега си butthurt.
Извини брат, нема да ти го навредувам форумот друг пат.
Друго е тоа пилешко во САД, таму нутритивните вредности се 25% помали.
Овде твојата членка ги има лично мерено нутритивните вредности.

Како може да удираш со глава в ѕид, кога апсолутно нема никаква логика тоа што го пишала „твојата“ членка.

Еве уште еден слепец. Ѓороски да пише дека немало земјотреси деновиве ќе му поверуваш, очигледно.
Кога ќе се преставиш со име и презиме, како јас во случајов, ќе разговараме и ќе дојдеме до сознание кој е глуп, кој се прави паметен и слично. Се додека се криеш под кошула, немам намера да губам време со фантом стручњаци.
Таа "моја" членка пишала од каде и се податоци за тоа што го објавила, не дека таа самата лично ги има мерено, бисерке. Читај убаво.
Второ, ме заболе дали ќе го нападнеш "мојот" форум, него не се прави стручен гуглач и дека се ти што ке пишеш, скриена под кошула е веродостојно. Оваа го имаш ти пишано" Батали ова пеер, ќе и веруваш на некоја на македонски форум што пишала пред 4 години наместо од првиот резултат на гугл кога ќе напишеш chicken breast calories?" Поголема мудрост од вака мудра како тебе (кој знае што јадеш што си толку мудра) нема шанса да се најде, логичарке.

Имај убав, не потресен ден, затоа што како гледам, не се снаоѓаш убаво кога те тресе.[DOUBLEPOST=1473752551][/DOUBLEPOST]
2016 a ти не знаеш дека стомачните се прават во кујна.
Планкот е одлична вежба за целото тело, особено за стомачните но ако ти степуваш еден мрсен од 7ца секој втор ден, ништо не си направил.
И прекинете со тоа „сакам да се издефинирам, сакам да се истонирам, сакам да се зацврстам...“
Нема такви нешта. Правиш план за исхрана со повеќе протеин, вежбаш, топиш сало, качуваш мускул. Нема дефинирање, тонирање, кертриџирање...
Уште еден час, бесплатен, па после џабе нема шанса да те едуцирам.
Најголемата глупост искажана во светот на бодибилдингот и фитнесот, а кажана од вакви стручни лица како тебе е дека стомачните се прават во кујна. Во кујна може да се прави јадење, стомачни никако. Оброците можат само да го дефинираат твојот надоврешен изглед, до некаде, дали ќе си послаб со помал процент на масни наслаги или обратно. Мускули, а стомачните се мускули, се прават на тренинг во теретана.
Планкот е изометрична вежба, која бидете сигурни дека нема да ви направи стомачни мускули масивни и големи во линија на градите. Да, ќе ги истонира (ова не важи за тебе ти тој термин не знаеш што значи), ама ако имате проблем со масивниот изглед на стомачните мускули, стариот добар и единствен начин е тежинско оптеретување.
Која си ти, да после 100 години постоење на термини, дефинирање на мускули, кажеш дека такво нешто не постои?! Која позадина ја имаш ти и искуство да кажев дека систем на периодизација, која во спортот постои од кога е стар и самиот тој, не важи???
"Правиш план за исхрана со повеќе протеин, вежбаш, топиш сало, качуваш мускул....." бисерка.
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
@Gjoroski во случај да немаш забележано според однесувањето и постовите кои ги пишува, само да дадам едно мало појаснување: @Anon е машко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom