На веб страната на СДСМ, во делот „Визијата за Македонија“ секој ден се постира за сите мерки што партијата ќе ги преземе кога ќе дојде на власт. Прочитај, може ќе научиш нешто. Вака си се зацепал само во Сител, Канал 5, Курир и Република, па се гледа дека не си информиран...[DOUBLEPOST=1473521545][/DOUBLEPOST]
Со самото тоа што тука збориш за чадори, Сороси, бабароги и слични глупости, се гледа кому му е испран мозокот. А кој знае, може и ви ставаат нешто во сендвичите што ви ги даваат на митинзи. Или во оној убавиот сладолед...[DOUBLEPOST=1473522226][/DOUBLEPOST]
За ова кој е главен во државата, веројатно алудираш на странците или на Груевски. Ако мислиш на странците, можеби во моментов си во право, но да ти кажам искрено, подобро тие да не водат извесен период, отколку овој психопатски режим што ми зеде 10 скапоцени години од животот. Ако мислиш дека Грујо уште владее, си се зезнал. Точно дека се уште е моќен, но тоа дека го има главниот збор е далеку од вистина. Тој веќе не е способен ни избори да закаже кога сака, веќе два пати се избламира и направи мајмуни од своето членство.
За другото што си го изнапишал ќе ти одговорам со контра прашање: Дали во 2014 година некој дури сонуваше дека ќе има ваква ситуација? Дека Грујо ќе биде немоќен да донесе било каква одлука, дека за бате Саше ќе се кажуваат вицеви кој каде стигне, дека Миле, Гоца и Ставре ќе заминат во историјата?
Што и да се случи на изборите, веќе ништо нема да биде како порано. Паторот и да победи, државата нема да се стабилизира. Ќе влеземе во поголема криза. Едноставно, никој нормален и со грам памет во главата нема да се смири и да го остави да владее. Грујо веќе и не размислува трезвено. Ако мислеше добро на своите гласачи, ќе заминеше засекогаш, ќе ја оставеше партијата на Попоски или некој друг, и може барем ќе си го спасеа угледот барем малку. Вака не им се пишува ништо добро.