- Реформа на даночниот систем = популизам (на хартија) + секнување на приходи на државата + удар по граѓаните (зголемени даноци, пошто сега не можат да бидат помали)
- Мерка за враќање на ДДВ кон граѓаните = популизам, секнување приходи
- Крај на барокното лудило и нездравото задолжување = популизам (кон своите гласачи), можеби би било позитивно ако се изведе како што треба, во што се сомневам, во најдобар случај ќе има бескрајни судења и докажувања, а наводно украдените пари нема да се вратат
- Укинување на екстерното тестирање = Не популизам, туку енормен популизам, лижење гз. Не знам за кого може да биде добро ова освен за кецароши.
- Ревидирање на системот на казни = Популизам, секнување приходи (но знам на што се цели, наводни неправди, па тогаш неправдата ќе биде свртена кон другата страна, ќе се направат нови неправди).
- Ревидирање на Кембриџ образовниот систем = Не знам ништо за тоа и зошто е лош, но ова би биле милионити реформи на образовниот систем.
- Изградба на студентски кампуси во Штип, Битола и Тетово = Е, јака и голема работа ќе направат.
Ова е само вака од тепка, без да читам ништо, и од она што ми е останато во сеќавање. Како и да е, да тврдиш дека една политичка партија, макар била и најмалата, нема политичка програма, е апсурдно и невидено глупо.