Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Што е толку фамата за Звиздан
И јас тоа се прашувам, ко демек нешто wow, обичен балкански филм со лоша глума, типично балкански, секоја чест на исклочоците.
 
Што е толку фамата за Звиздан
Лани ја освои Un Certain Regard наградата на жирито во Кан. Наградата се доделува на млади, надежни режисери, и/или дебитантски филмови, и освен Звиздан, само уште еден друг балкански филм ја освоил: Beautiful People на Јасмин Диздар во 1999 (Босна и Херцеговина). Беше хрватски кандидат за Оскар, и пред објавувањето на номинациите, баш заради наградата од Кан се спомнуваше како фаворит за номинација, што на крај изостана. Лани и кај нас имаше премиера, на Cinedays, тогаш сакавме да го гледаме, но јас не можев, па затоа со душа го чекав. 7.3 оценка на IMDB, certified fresh на RottenTomatoes (иако од само една критика :P), и со многу позитивни критики.

Не дека е WOW, ама дека е баш типично балкански, ко што велите погоре, не е, оти типично балканските филмови си остануваат на Балканот, а не земаат награди по фестивали, а уште помалку па во Кан. ;)
 
РИП Џин Вајлдер... Баш пред недела дена го гледав The Frisco Kid, еден од моите поомилени комедијанти :'(

Ах морав да го спомнам и see no evil, hear no evil со Ричард Прајор, сигурно сите овде го имаме гледано филмот :)
 
Conjuring 2 :pos: Ова е можеби најголемото потфрлување во споредба со првиот дел , кога станува збор за продолжеток на некој филм.
 
Conjuring 2 :pos: Ова е можеби најголемото потфрлување во споредба со првиот дел , кога станува збор за продолжеток на некој филм.
аман бе :shook:
ја па имам тотално спротивно мислење за филмов :toe:
 
Mommy (y)
Таман е рејтингот на филмов, да беше малце подобро напишан најверојатно ќе беше 10тка, а и со вака релативно краток текст доловена е огромна комплексност на ликовите.

Долан е пример како треба да изгледа new-age режисер, покрај другото егзекуцијата на филмов е чиста перфекција.
 
Година и пол му се спремам да го гледам. Деновиве ќе биде, дефинитивно. (y)
 
Не дека е лош, ама многу досаден филм ми беше Drive
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom