- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Овие прашања за подемот на руската воена моќ после распадот на СССР започнаа со минатогодишното воено вмешување на руската армија во Сирија. Така и светот во стварни услови се запозна со су35, С400, Крушика и слично. Со оглед на долго дејство со голема зачестеност без грешки од техничка или човечка страна укажува за можеби во основа стари оружја но прилично добро усовршени и ускладени со нови технологии.А руските системи каде се “докажале“?
Пример за досетлива и успешна примена на нова ефтина и делотворна технологија е при употребата на старите dummy бомби со кои постигнуваат прилично добра прецизност. Американската војска на секоја паметна бомба и поставува апаратура за прецизно да стигне до означената цел. Русите применуваат слична технологија, но наместо на бомбите ја вградуваат во авионот така што во точно пресметан момент зависно од сите услови, авионот самостојно ги испушта бомбите.