Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Секоја чест за Дортмунд не надигра во секој сегмент од играта.Сосема заслужено.
Како што ќе не надигрува секој и оваа сезона, осеќам.
 
и после зошто лвг блинд го играл штопер цела сезона па за рохо и џонс е ВИДИЌ
 
Само новиов во дефанзива Ерик и Рашфорд беа светла точка денес. Ерик мислам дека ќе искочи најдобар трансфер за нас сезонава. Многу лесно се решава од играч и од топка, без паника без дополнителни компликации.

Реално имаме многу просеци во тимот што зафаќат само место и што зимат плата за џабе, треба да се почне со колективно решавање.
Како стопери мислам дека Џоунс и Рохо се вишок, а и темпирана бомба се. Го имаме ете Ерик и Смолинг како првотимци и како замена Блинд, Дармијан, Фосу Менсах, Мекнер и Туанзабе, повеќе од ова не треба и боље последниве тројца да добијат шанса него горниве двајца именувани.
Бекови сме солидни со играчи и мислам дека тука само Варела треба да испадне. Можеби треба еден поквалитетен бек од Дармијан на десната страна, ама моментално на пазарот нема ништо квалитетно таму. Ете Шо и Дармијан како стандарни бекови и нивни замени Борвик-Џексон, Валенсија, Блинд и Фосу Менсах. Мислам дека повеќе од ова не треба и дека Варела треба да испадне од конкуренција.

Во средина па сме уште повеќе преполни. Во заден ред го имаме Шнајдерлин, Швајнштајгер, Керик, Ерера, Переира и Блинд, исто и Руни може да замени таму евентулано. Доколку дојде и Погба тогаш ќе бидат ептен многу. Швајнштајгер според мене треба да се продаде, факт е дека повредите го средија и дека веќе не личи на фудбаелр. Покрај него би требало уште еден да продадат, некој од Ерера и Переира. Блинд не би го продал зошто знае да покрие и на сите позициии.
Како крила ги имаме Марсиал, Мики, Депај, Јанг, Мата и Рашфорд и искрено има вишок ама не знам кој би продале. Депај е најлош од сите, ама не би сакал послем една година да замине, може од него да се извлече нешто. Јанг е најборец од сите овие и сигурен сум дека ќе даде све од себе за да се покаже пред Мурињо, а Мата па жал ми е да го продава Мурињо како чорапи три за сто,:D а и знае некогаш со еден потег да реши наптпревар.
Кај Амф мислам дека Јанузај е ептен вишок и треба да се продаде, не му е место на него веќе во Јунајтед.
Во напад нема ништо за продавање. :D

Сума сумарум, според мене Џоунс, Рохо, Варела, Јанузај, Швајнштајгер, еден од Ерера или Переира и еден крилен играч треба да се продадат.

ПС. Го заборавив и Лингард и тој треба да си замине покрај другото крило.
 
Ауч :D го сркнавме а ? среќа до 1-0 го гледав натпреварот, со работа се зафатив. И сеа кое ни е оправдувањето ? :) ЛВГ го нема, а пак иста песна пеат шутрациве на терен. До крај ако бе донесат 2 одбранбени и минимум 2 среднисти, рачунајте ја сезонава слична како ланската..
 
Ни фали физичка надмоќност во средината. Го нема Шнајдерлин, Погба ете не е уште тука, Ерера, Блинд, Минд заеби тоа, кога ќе ни дојде Челзи со Канте и Матиќ ќе брише под со нас како со џогерка. Мора да го донесат циганчето по секоја цена.

Од Џонс ми е веќе преку глава, колку е неинтелигентен тоа е чудо нешто, саксиине во двор се академици за него. Има среќа што е Англичанец и треба за квотата иначе за аут е прв. Ерик е супер, немам замерки за него овие два натпревари.
 
Шо се разочаравте толку бе, јес да бевте тиња, ама Дортмунд припремите ги започнаа пред еден месец и веќе имаат изиграно 3-4 пријателски натпревари, за разлика од вас.Играчиве на Јунајтед делуваа ко уште на одмор да се.
 
Полека другари..полека..предсезона е, олабавете малку. Што вреди кога ги победуваш РОма, Реал, Ливерпул на пријателски..кога сезоната ти е тиња.
Ќе дојдат волците главни кога ќе почне сезоната ..ќе ги јадат овците ;)
 
Шо се разочаравте толку бе, јес да бевте тиња, ама Дортмунд припремите ги започнаа пред еден месец и веќе имаат изиграно 3-4 пријателски натпревари, за разлика од вас.Играчиве на Јунајтед делуваа ко уште на одмор да се.
Ок јасно дека е предсезона и дека Дортмунд одамна играат ама незалагањето и глупоќата кај едни исти поединци се слика од ланската сезона, затоа вака коментираме. Уствари на крајот од краиштата тие ќе летаат од клубот, се надевам дека не се до толку ретардирани да веруваат дека стварно Мурињо никој нема да продаде :ROFLMAO:
 
Нема врска тоа што е предсезона, никој не бара победи, ама се гледа средината. Фали физичка надмоќност, Блинд, Херера, Мата и остали како гуми се виткаат, треба коњи како Погба, тоа е она што ни фали.

Се на се, има уште доста ѓубре за чистење во тимот, што побрзо се исчистат ваквите играчи, то подобро.
 
Ауч :D го сркнавме а ? среќа до 1-0 го гледав натпреварот, со работа се зафатив. И сеа кое ни е оправдувањето ? :)

Па на пример, фактот што денес Манчестер играше со само 3 играчи кои ќе бидат прва постава, и фактот што ова е само почеток на припремите?
 
@Stefan-kobe иди да се избањаш на Треску,Лепенец,воен у Аеродром, зшто курац Хаваи :kuracc:

Онтопик
Ja искрено сакаше повише голови да има, и на двете стране, ама јебига, изгубисмо,упрао е Ставро,ос'мдес посто просеци и млади играсфа прееска,друо би било да не е пријатељска и да смо у пун састаф+Погба(ако га зеемо)
Беји ми бива сфе појјак и поинтересан за гледање, праф бик на терен, а у хороскоп неам појма што е хаха. Ама мислу дека на прф гол он и Лингард малце спиесфа пред да биде шутнато у гол.
Мен оф д меч, Мурџо сс потег ала пета да гу врати топку у игру : D
Како и да е, заслужен пораз прееска, браос пчеле.
Онј Ларсен ми остви добар утисак или на вашиски фпечаток како и да е : D
 
Шо се разочаравте толку бе, јес да бевте тиња, ама Дортмунд припремите ги започнаа пред еден месец и веќе имаат изиграно 3-4 пријателски натпревари, за разлика од вас.Играчиве на Јунајтед делуваа ко уште на одмор да се.

На 5 јули ги започнаа тренинзите Дортмунд. Мислам дека на ист ден или ден два помалку/повеќе ги започнаа двата тима припремите. Настрана тоа што ПЛ започнува за две недели додека Бундес за еден месец, на 26-ти август.
 
Старт не старт , се повторува сликата од лани . Бејли или како и да беше е единствена разлика . Секоја чест на дечкото , се гледа потенцијал . На база на денешнава утакмица можам да му простам и слаби настапи у иднина.
Све остало исто : Мата на секоја 2-3 утакмица ќе има по 1-2 супер пасови или асистенции , прашање е : доволно ли е тоа за да биде во стартни 11 ?
Ерера , нејќам да им расипувам филм на некои форумџии ама има моменти кога дечкото не знае кај се наоѓа !
Лингард , Џонс , Слаткарот , ПЕРЕИРА ( со неговите штосови од мал фудбал) и Рохо Дрводелецот треба да се експортираат во некој тим од 4 лига , на позајмица , па ако преживеат да им се даде уште по една шанса .
За Мурџо , ќе прајме муабет попосле ама неговите к**ташак формации ми идат на ганглии уште сега , дај боже да е само до почетокот .
 
Јас не разбирам зошто драмите. Првата постава на Манчестер за новата сезона би требало да изгледа некако вака: Де Хеа, Дармијан, Бејли, Смолинг, Шо, Шнајдерлин, Погба, Руни, Мики, Марсијал, Ибра. Со оваа постава Мурињо ќе нема никаков алиби за лоши резултати затоа што реално и по имиња ќе има најдобар состав во Англија.

Е сега, кого од овие единесетмина видовте денес на теренот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom