Само новиов во дефанзива Ерик и Рашфорд беа светла точка денес. Ерик мислам дека ќе искочи најдобар трансфер за нас сезонава. Многу лесно се решава од играч и од топка, без паника без дополнителни компликации.
Реално имаме многу просеци во тимот што зафаќат само место и што зимат плата за џабе, треба да се почне со колективно решавање.
Како стопери мислам дека Џоунс и Рохо се вишок, а и темпирана бомба се. Го имаме ете Ерик и Смолинг како првотимци и како замена Блинд, Дармијан, Фосу Менсах, Мекнер и Туанзабе, повеќе од ова не треба и боље последниве тројца да добијат шанса него горниве двајца именувани.
Бекови сме солидни со играчи и мислам дека тука само Варела треба да испадне. Можеби треба еден поквалитетен бек од Дармијан на десната страна, ама моментално на пазарот нема ништо квалитетно таму. Ете Шо и Дармијан како стандарни бекови и нивни замени Борвик-Џексон, Валенсија, Блинд и Фосу Менсах. Мислам дека повеќе од ова не треба и дека Варела треба да испадне од конкуренција.
Во средина па сме уште повеќе преполни. Во заден ред го имаме Шнајдерлин, Швајнштајгер, Керик, Ерера, Переира и Блинд, исто и Руни може да замени таму евентулано. Доколку дојде и Погба тогаш ќе бидат ептен многу. Швајнштајгер според мене треба да се продаде, факт е дека повредите го средија и дека веќе не личи на фудбаелр. Покрај него би требало уште еден да продадат, некој од Ерера и Переира. Блинд не би го продал зошто знае да покрие и на сите позициии.
Како крила ги имаме Марсиал, Мики, Депај, Јанг, Мата и Рашфорд и искрено има вишок ама не знам кој би продале. Депај е најлош од сите, ама не би сакал послем една година да замине, може од него да се извлече нешто. Јанг е најборец од сите овие и сигурен сум дека ќе даде све од себе за да се покаже пред Мурињо, а Мата па жал ми е да го продава Мурињо како чорапи три за сто,

а и знае некогаш со еден потег да реши наптпревар.
Кај Амф мислам дека Јанузај е ептен вишок и треба да се продаде, не му е место на него веќе во Јунајтед.
Во напад нема ништо за продавање.
Сума сумарум, според мене Џоунс, Рохо, Варела, Јанузај, Швајнштајгер, еден од Ерера или Переира и еден крилен играч треба да се продадат.
ПС. Го заборавив и Лингард и тој треба да си замине покрај другото крило.