Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.690
- Поени од реакции
- 88.671
А што очекуваш да прават против актуелниот светски шампион? Да се отворат и да играат фудбал, па да завршат бетер од Бразил пред 2 години?Мртов стил на игра, од старт идејата им беше да се задржи до пенали утакмицава и да се умртви цела игра, како и во 98% од случаите на големиве натпреварувања, едноставно таков тип на игра со тактизирање ми е најодбивен, на секое првенство од било кого.
Мислам стварно не ве разбирам, прво види го тимот на Германија, после види го на жабариве, и кажи ми дали сметаш дека со тој ростер на играчи што го имаат италијаниве би се отвориле за да играат допадлив фудбал за обичните смртници? Дајте ви се молам, анализиве што ги правите од типот на "досадни биле, само се бранеле, одат на пенали" ви се беда од размислување. Кажи ми која беше најјаката страна на Италија на турниров? Одбраната нели? Е зошто тогаш очекуваш да се отворат против вакви силни репрезентации и да се обидат да даваат голови со мртвите Едер, Пеле и Ѕаѕа на турниров?
Тоа дека сме ги величеле... па нормално да ги величиме после прикажаната игра против Белгија, Шпанија и Германија (ма да вчера изиграа најмртво досега, и немаа многу простор за надигрување). АЛИ!!! видете ја темана која беше отворена за натпреварувањата по групи на почетокот дали некој ги величеше? Кој очекуваше на почетокот да направат ваков резултат жабариве?
Оваа Италија и ваква мртва каква што е, со тој ростер на играчи покажа и докажа дека може да игра против билокоја репрезентација, и воопшто не се посрамотија на турниров, секој може тоа да ви го каже.
Башка напоменав дека вчера играа без Де Роси, Кандрева и Мота...? Не? Ете гледаш и пак успеаа до пенали да се довлечкаат против светскиот шампион.
Мртов стил на игра преферирале Италијанциве бре... браво ја откривте Америка, одете сега играјте ПЕС, ФИФА или Фудбал Менаџер и играјте атрактивно таму, што ве гледам за никаде
