Бесплатен превоз за пензионери

Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Кога би скратиле по некое кафе (бог ве знае ги љокате 6 на ден) или по некоја кутија цигари, ако автобусите ви се за нигде или преполни со старци, не сте по велосипедизам, нема кој да ве возика нит можете/имате намера да набавите возило, ќе можете да си дозволите такси преку цела недела сосе викенд.

Никој не ви ставил пиштол на глава кој вика дека мора толку кафе денес или толку цигари.
Да да сигурно. А некој што ниту пуши ниту пије кафе работи за 200 € што да прави да оди со велосипед на работа зима лето по твое? Или еден студент кој нема пари ни јадење да си купи а камо ли за цигари и кафе да си плаќа такси ? И за што кажими за едно пензионерчиште да се шета цел ден зошто нема друга работа?[DOUBLEPOST=1467112790][/DOUBLEPOST]Се качувам еден ден у државен автобус, внатре веке знаете кога ке се наполни фул немаш место од кај воздух да земеш. Така се возам и застанува автобусот на следна станица и се качува младо девојче студентка после неа се качуваат и контролорите и како што знаете почнаа со дерење како што умеат карти да ни бараат. Се доближуваа едната (контролорка) до девојката и и бара карта и таа и вика извинете ама јас стварно немам пари студирам и сум во многу лоши услови. Она ја тегне слегувај од автобус давај лична карта не ми е гајле и девојкава и вика ама џабе ке се симнам стварно немам пари да платам еве лична карта ама пуштиме да стигнам на време. И само слушаш две три каракончули пензионерки исфенирани со 2кг кармин на усни кои се возат бесплатно и само почнуваат да се дерат ајдее симнисе нема цел ден тебе да те слушаме се брзаме на кој му е гајле дали имаш да платиш тогаш излези работи остави го факултетот. И така при инсистирање на неколку патници вештерките заедно со контролорката вештерка попуштија па го оставија девојчето да стигне каде што треба но за жал податоците од лична карта и ги запишаа
 
Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Ова се заебаваш за тоа дека има услови за возење велосипед во Скопје?
Дај бе друже не заебавај, роден сум во Дебар и таму нема ни метар велосипедска патека. И ајде, да не возам велосипед, така? Цел Аеродром има велосипедска патека, кејот мислам дека е целосно покриен. Дај само да се мрчело за се и сешто.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407

Ама сеа извртуваш, ај вака ќе формулирам.
Нема велосипедска патека во Дебар - проблем.
Лоша инфраструктура на велосипедски патеки во Скопје - проблем.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.337
Поени од реакции
24.481
Значи џабе спомињате точак коа нема никакви услови за возење точак низ Скопје, освен по кеј (дури и тоа поради градењето во Центар е скратено).
Значи да има услови за возење точак т.е. инфраструктура со патеки низ градов, што реално е изводливо во Скопје ќе се вози многу, многу велосипед ама не може коа треба да возиш на плочки, на бекатон, да застануваш пошо е дигнат рабникот, да пазиш дали има ступче кога преминуваш улица (зборам за новите „патеки“ по Илинденска и низ Аеродром, по булевар), дали има пешаци (ако возиш на тротоар) итн.
Brej ne sum znael deka se toa e problem. Pa kako se vozelo porano? Ne e tocak nekoja nova rabota. Ti sto si vlegol vo Tour de France film e tvoj problem ama toa ne znaci deka ne moze da se vozi tocak vo SK za da stignes od A do B.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Brej ne sum znael deka se toa e problem. Pa kako se vozelo porano? Ne e tocak nekoja nova rabota. Ti sto si vlegol vo Tour de France film e tvoj problem ama toa ne znaci deka ne moze da se vozi tocak vo SK za da stignes od A do B.
Кога порано?
Башка, не е Tour de France филм да има нормални велосипедски патеки (широки, одделени од тротоарот, а не до улица) во новоизграден град, како Скопје.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Нормално, во пензионерите е иднината на Македонија, на студентите нека му исклучуваат микрофони,, нека му го кратат правото на глас, нека ги заплашуват, нека ги цедат до денар во најубавите години од животот.
Ама затоа џокерите сите можни услови ги имаат.

Времето дојде да му љубомориш на пензионерите, затоа што ти немаш услови да си дозволош еден мочан
одмор и последните пари ги даваш за превоз.

До тој степен стигна државава.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.337
Поени од реакции
24.481
Нормално, во пензионерите е иднината на Македонија, на студентите нека му исклучуваат микрофони,, нека му го кратат правото на глас, нека ги заплашуват.
Ама затоа пензионерите сите можни услови ги имаат.

Времето дојде да му љубомориш на пензионерите, затоа што ти немаш услови да си дозволош еден мочан
одмор и последните пари ги даваш за превоз.

До тој степен стигна државава.

Ти бе дибек плаќаш за фалутетот што го студираш? На запад знаеш колку кошта тоа? Па тој пензионер плаќал даноци ко што ќе плаќаш и ти во иднина за да има универзитети и да можат идните генерации да се развиваат.

Аутобусите секако кружат. Најмал проблем е да им се даде бесплатен превоз, едино треба да не биде тоа во шпиц времињата. Слободно нека се социјализираат по пазари и било каде нема ништо лошо со тоа. На крај крајева утре ти ќе имаш деца ќе треба и да ти ги причува некој пензионер од време на време.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Дали и колку пати се покачи цената на билетот, откако пензионерите добија бесплатно возење?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Дали и колку пати се покачи цената на билетот, откако пензионерите добија бесплатно возење?
Во 2000-та година цена на билет беше десет денари за ЈСП и за приватните, а цената на нафтата скоро упола од моменталната. Денес цената на билет ти е 3 и пол пати поскапа, нормално разликата оди за гага возење на пензионерите, не дека Коце од џеб им плаќа.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ти бе дибек плаќаш за фалутетот што го студираш? На запад знаеш колку кошта тоа? Па тој пензионер плаќал даноци ко што ќе плаќаш и ти во иднина за да има универзитети и да можат идните генерации да се развиваат.

Аутобусите секако кружат. Најмал проблем е да им се даде бесплатен превоз, едино треба да не биде тоа во шпиц времињата. Слободно нека се социјализираат по пазари и било каде нема ништо лошо со тоа. На крај крајева утре ти ќе имаш деца ќе треба и да ти ги причува некој пензионер од време на време.
Нормално дека плаќам и тоа доста скапо преку цела годинаа во однос на условите во Македонија.Немој да правиш споредби глупо е, и сам си свесен за развиеноста на државава во одност на други држави.

Јас немам ништо против пензионерите да му се обезбеди се што му следува, ама тоа нека биде дупло помалце во однос на еден млад човек, средношколец, студент.
Сепак иднината е во младите, тие се столбовите на државава, а не пензионерите.

Ама мора прво гласачките џокери да се обезбедат, па тоа шо ке остани за младината што сеуште е тука. За жал таа е реалноста, скокај колку сакаш. До тој степен падна државава.
 
Да автобусите кружат за пензионерите цел Господов ден да го поминуваат возејќисе бесплатно. Никој не вика од дома да не излегуваат ама се знае да имаат бесплатен превоз пример еве во петок од толку до толку часот и крај. А за тоа дали се плаќаат факултетите секако дека гратис не студира никој само што за разлика од нас сегашните пемзионери тогашни студенти имале родители со плата 10 пати поголема од нас сега и затоа мислат дека и нас ни е лесно како што им било на нив
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Да да сигурно. А некој што ниту пуши ниту пије кафе работи за 200 € што да прави да оди со велосипед на работа зима лето по твое? Или еден студент кој нема пари ни јадење да си купи а камо ли за цигари и кафе да си плаќа такси ? И за што кажими за едно пензионерчиште да се шета цел ден зошто нема друга работа?[DOUBLEPOST=1467112790][/DOUBLEPOST]Се качувам еден ден у државен автобус, внатре веке знаете кога ке се наполни фул немаш место од кај воздух да земеш. Така се возам и застанува автобусот на следна станица и се качува младо девојче студентка после неа се качуваат и контролорите и како што знаете почнаа со дерење како што умеат карти да ни бараат. Се доближуваа едната (контролорка) до девојката и и бара карта и таа и вика извинете ама јас стварно немам пари студирам и сум во многу лоши услови. Она ја тегне слегувај од автобус давај лична карта не ми е гајле и девојкава и вика ама џабе ке се симнам стварно немам пари да платам еве лична карта ама пуштиме да стигнам на време. И само слушаш две три каракончули пензионерки исфенирани со 2кг кармин на усни кои се возат бесплатно и само почнуваат да се дерат ајдее симнисе нема цел ден тебе да те слушаме се брзаме на кој му е гајле дали имаш да платиш тогаш излези работи остави го факултетот. И така при инсистирање на неколку патници вештерките заедно со контролорката вештерка попуштија па го оставија девојчето да стигне каде што треба но за жал податоците од лична карта и ги запишаа
Па има карти за бесплатна вожња на студенти од оваа година.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.337
Поени од реакции
24.481
Нормално дека плаќам и тоа доста скапо преку цела годинаа во однос на условите во Македонија.Немој да правиш споредби глупо е, и сам си свесен за развиеноста на државава во одност на други држави.

Јас немам ништо против пензионерите да му се обезбеди се што му следува, ама тоа нека биде дупло помалце во однос на еден млад човек, средношколец, студент.
Сепак иднината е во младите, тие се столбовите на државава, а не пензионерите.

Ама мора прво гласачките џокери да се обезбедат, па тоа шо ке остани за младината што сеуште е тука. За жал таа е реалноста, скокај колку сакаш. До тој степен падна државава.

За младите е обезбедено школување. Во споредба со порано има цел куп нови универзитети... Се градеа игралишта, стипендии во странство, еве сега и студентски домови се реновираат има разни програми ко купи стан итн. На запад нема ништо такво, односно ретко има некој посебни привилегии за студенти и тие се засноваат на намален трошок за превоз (значи не безплатен него 20-50 посто попуст за годишна студентска карта) и поевтини билети за кино. Јас не знам за државни стипендии во странство (освен порано Либија што нудеше) или за субвенции за кредити за млади итн...

Да кажеш дека безплатен превоз ќе реши некој проблем на младите е смешно. На нив им требаат решенија за иднината за тоа зошто да останат во МКД, да им се покачи стандардот а ти ми збориш за превоз.

Остај ги пензионерите за нив е тоа премија, и така не се многу мобилни нив баш тоа им треба. Она на што треба да се обрни е да не се прави гужва, нормално не е фер да одат на пазар безплатно а притоа некој да неможе да дојде на школо или работа на време. Треба да се смени и културата, да сфатат сите дека јавен транспорт е токму тоа и дека делат простор со други патници.

За покачувањата на билетите немислам дека тоа нивно возење игра некаков удел. Реално трошоците се исти, разликата е во приходите. Ако се тргни бесплатното возење ќе има повеќе приход ама не до толку сигурно ќе се намали бројот на пензионери патници.

Она бранчез што го спомна за покачување од 3,5 пати во 16 год е многу ама па затоа имај на ум дека 10 денари во 2000 реално беше малку за возење. Освен индонезија јас незнам за поевтина карта за бус/такси во светот. Имаше и голема инвестија во тој сектор, се обнови цел возен парк прв пат после којзнае колку време. Проблемот во МКД не се цените, реално цените се ниски, проблем е приходот на граѓаните а тоа сигурно нема да го решиш со укинување на безплатни возења за пензионери
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.376
Поени од реакции
3.382
Нормално дека плаќам и тоа доста скапо преку цела годинаа во однос на условите во Македонија.Немој да правиш споредби глупо е, и сам си свесен за развиеноста на државава во одност на други држави.

Јас немам ништо против пензионерите да му се обезбеди се што му следува, ама тоа нека биде дупло помалце во однос на еден млад човек, средношколец, студент.
Сепак иднината е во младите, тие се столбовите на државава, а не пензионерите.

Ама мора прво гласачките џокери да се обезбедат, па тоа шо ке остани за младината што сеуште е тука. За жал таа е реалноста, скокај колку сакаш. До тој степен падна државава.

Аналогија тапа ама еве ти на пример знаеш дека германците во Германија на државни факултети студираат без пари?имаше едно време студентски такси па дебати да се укинат и ги укинаа иако во споредба со нивните плати беа ниски сега може пак ги вклучиле ама не верувам.И тоа образование таму што се добива и обука ние овде неможе да ја замислиме а не да ја очекуваме или да ја имаме.Така да ова паѓа во вода и патем тие даноци шо ги плаќале не биле за факултети само
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Луѓе возат точаци по планини, песоци, на Водно, итн... А низ Скопје немало услови. :pos: Многу негативна енергија има во Македонија, нека се возат пензионерите, ако можат и 24/7.

Sent from my P6-U06 using Tapatalk
А каде ти тоа виде услови за возење точак низ Скопје? Пример ај објасними како ке отидеш од Бутел до Центар со точак ? Или кога кажа дека има услови мислеше на кружење низ плоштад со точак само што и низ плоштад веке нема кај пеш да одиш а не па со точак
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom