Бесплатен превоз за пензионери

Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Според мое мислење ова е најголемата глупост.Тој бесплатен превоз мислам дека е потребен за студенти средношколци или некои кои работат и пола плата им оди за превоз а не на пензионери кои немаат буквално никаква работа а стануваат од 7 сабајле и се бутаат да се качат први во автобус како да брзаат за негде не давајки простор да се качат тие што стварно се брзаат за на работа, факултет/училиште или слично. Како гледате вие на ова и дали мислите дека е во ред? Ајде посебно Скопјани/ки да ве слушнам на оваа деликатна и тешка тема за нас младите :facepalm::pos:
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Да,треба да има бесплатен превоз за таа катекорија граѓани,
ама како прво(само) на релации, од градот кон надвор, за рекреација,
прошетки, природа, како за Катланово,Брзовец,Горнањи,Дивље и т.н.
А не како сега бесплатно за на пазар,па пазар има и во Ѓорче и Драчево,ама сите запнале во центар, а да треба да плати карта не би дошол никогаш со тие пари ќе ја наполни торбата таму во населба.
И ова тој бесплатен превоз да биде временски ограничен да не биде во шпицовите кога се оди накај работа или школо.
Може да биде бесплатно за нив и на релација до клиниките ама со веродостоен упат за тој ден.
А за студенти и ученици треба да е слободен влез.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Па во ред е...
Тие толку многу се мачеле и страдале за да имаме ние денес ваква држава. Мора некако да им се одужиме што не извеле на улица. Ја мислам дека младите се мрзи невидени кои не знаат шо е точак и како се иде пешки, кога веќе не се способни да заработат и да купат кола. Новиве генерации ноќе дивеат по дискотеки и се дрогираат, пушат па мораат посабајлечки да се стискаат у автобус, па после пензионерите им биле криви што не се способни да одат на работа.
Пензионерите брзаат зошто знаат дека животот е краток, а шансата да се начека поевтин кромид на Битпазар не смее да се пропушти. За разлика од дегенерираната младина, тие уште сакаат да комуницираат лице в лице (легендата вели дека во оние големи гужви во ЈСП пријателите пензионери се пронаоѓаат по мирисот, што е само уште еден доказ колку децава се оддалечиле од природата) а не со телефони и фејсбуци.
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
@Сабазиј битно они да си го купат кромидот на ''попуст" па ако треба и вреќулче ке си купат. Да да па штоо!! Ке си го стават вреќулето у количка па ке си се качат у автобус не е ваљда работата или образованието побитно од пазарењето нели :toe:
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Абе океј е да имаат бесплатен превоз ама ај нека е со ред малце.Од 7 дена имаат 4 бесплатни и тоа е каша попара.Значи не дај боже да појдеш.За станување ќе станеш ама автобус стои по 5минути на станици бе за нивно симнување и качување ми треба саат ипол да стигнам до град.

Патем дел од нив навистина злоупотребуваат си се возикаат натака навака а друг дел ко ЕБР влегуваат бутаат се дерат за место.Тоа торбите само што на глава не ти ги стаиле.И јасно ми е дека се такви и ништо не можеш против тоа ќе ги трпиш да ама да е ден-два.Ова се 4 дена бе да пукнеш.

Реално гледано и не е фер.Нив зиме,лете им важат тоа картиците а на средношколци на зимски и летен распуст не важат.Сеа дај да ставиме на кантар на кој повеќе му се шета и кој реално треба да го добие тоа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.584
не е во ред што со временско лимитирање на картиците за повеќе возења практично енормно поскапеа билетите на ЈСП...
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
@Miss.Independent и плус само гледаш како се бунат зашто некој помлад не станува да им пушти место да седнат уморни биле замисли од пазарскиот шопинг. Кај по ѓаволите одат со тие торбишта и колички секој ден не ми е јасно, ни снег до колена ни 50° степени не ги сопира а глумат болни. Тој што е болен седи дома лежи логички. Кутри средношколци гледаш како ги молат шоферите на приватните автобуси да ги пуштат да се качат со карта за да стигнат во школо и плус како што кажа тие карти не им важат и за распуст за жал
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
@Сабазиј битно они да си го купат кромидот на ''попуст" па ако треба и вреќулче ке си купат. Да да па штоо!! Ке си го стават вреќулето у количка па ке си се качат у автобус не е ваљда работата или образованието побитно од пазарењето нели :toe:
Човекот учи додека е жив. Пензионерите оделе пешки на школо од едното село во другото у зима и се тепале со волци кои им ги јаделе домашните, па не се бунеле.
Освен тоа, внесувањето кромид, лук и зелка (посебно ако е скислена) во автобусот па и во телото поволно се одразува врз здравјето на пензионерите кои затоа се полни со енергија. Мирисот е само нос-појава која за некои може да биде и непријатна, а и не мора (све зависи од воспитувањето). Пожелно е да се внесуваат во што поголеми количини за појачан ефект.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
@Miss.Independent и плус само гледаш како се бунат зашто некој помлад не станува да им пушти место да седнат уморни биле замисли од пазарскиот шопинг. Кај по ѓаволите одат со тие торбишта и колички секој ден не ми е јасно, ни снег до колена ни 50° степени не ги сопира а глумат болни. Тој што е болен седи дома лежи логички. Кутри средношколци гледаш како ги молат шоферите на приватните автобуси да ги пуштат да се качат со карта за да стигнат во школо и плус како што кажа тие карти не им важат и за распуст за жал
Абе разбирам и да одат на пазар ама сигурно немаат потреба да одат 4х во неделата и да се враќаат со торби потешки од нив.А тие што не пазаруваат чисто онака си се возат да го прошетаат градот.Сведок сум на ова едно 15 пати па дури има и што се качуваат во автобуси а не знаат во која насока одат ама не е битно идат до последна па пак назад ете онака да го видат скопјево.

Не дека и средношколците се за жалење,се претепале од учење и онака киснеш на стол по цел ден туку проблемот е што неможеш да се качиш во автобус.На овие 30+ степена несвестица те фаќа од гаден мирис бе а не друго.А стариве не се свесни дека може удар да ги стрефи по оваа жештина.

Инаку билетите за време на учебна година важат во приватни а за распуст ниту во државни ни приватни.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кога би скратиле по некое кафе (бог ве знае ги љокате 6 на ден) или по некоја кутија цигари, ако автобусите ви се за нигде или преполни со старци, не сте по велосипедизам, нема кој да ве возика нит можете/имате намера да набавите возило, ќе можете да си дозволите такси преку цела недела сосе викенд.

Никој не ви ставил пиштол на глава кој вика дека мора толку кафе денес или толку цигари.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Кога би скратиле по некое кафе (бог ве знае ги љокате 6 на ден) или по некоја кутија цигари, ако автобусите ви се за нигде или преполни со старци, не сте по велосипедизам, нема кој да ве возика нит можете/имате намера да набавите возило, ќе можете да си дозволите такси преку цела недела сосе викенд.

Никој не ви ставил пиштол на глава кој вика дека мора толку кафе денес или толку цигари.
Ова е дискутабилно за некој што живее поблиску а не за некој кој е 20км од Скопје и нема начин како да отиде со точак до школо нит пари да плаќа по 600денари за такси секојдневно.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341

Значи џабе спомињате точак коа нема никакви услови за возење точак низ Скопје, освен по кеј (дури и тоа поради градењето во Центар е скратено).
Значи да има услови за возење точак т.е. инфраструктура со патеки низ градов, што реално е изводливо во Скопје ќе се вози многу, многу велосипед ама не може коа треба да возиш на плочки, на бекатон, да застануваш пошо е дигнат рабникот, да пазиш дали има ступче кога преминуваш улица (зборам за новите „патеки“ по Илинденска и низ Аеродром, по булевар), дали има пешаци (ако возиш на тротоар) итн.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Луѓе возат точаци по планини, песоци, на Водно, итн... А низ Скопје немало услови. :pos: Многу негативна енергија има во Македонија, нека се возат пензионерите, ако можат и 24/7.

Sent from my P6-U06 using Tapatalk
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
па дајте им посебни автобуси на пензионерите веќе ако ги ставате како привилегирани,не вака да гледаат депресија и очај во обичниот народ додека се возат бесплатно
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Луѓе возат точаци по планини, песоци, на Водно, итн... А низ Скопје немало услови. :pos: Многу негативна енергија има во Македонија, нека се возат пензионерите, ако можат и 24/7.

Sent from my P6-U06 using Tapatalk
Ова се заебаваш за тоа дека има услови за возење велосипед во Скопје?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom