Се мислев уште пред 2-3 епизоди да пишам, ама ај да видам уште колку пати некој ќе се пожали за телепортот.
Пошто гледам дека е една од најчестите забелешки (кога нема што друго да се забележи па ајде да не биде без замерка) да ве потсетам на нешто, ако може сте го заборавиле или не сте го приметиле досега.
Чисто сакајќи да проверам дали телепортот е нов изум од овие две сезони (кога нели серијата оди вон книгите

)
вртам сцени од првите неколку епизоди од прва сезона.
И што приметувам, уште во прва епизода, дезерторот од Ноќната стража во првата сцена е некаде позади ѕидот, за 15 минути во втората сцена веќе е во близина на Винтефел.
Идемо даље, Нед и Роберт во една епизода се во Винтерфел, а веќе во другата се во Кингс Лендинг, за една епизода, и тоа пази, не се работи за војска на коњи, не се работи за еден коњаник, се работи за цела свита со пратња, кочии, курци и слични ствари.
Истовремено, Денерис, Висерис и цела банда Дотраки направија договорија и направја сваба во Пентос, а за само една епизода веќе беа во степите на Дотраки.
Горе на север, Тирион во една сцена моча од врвот на ѕидот, веќе за само една епизода е во крчмата во Риверлендс, знаете колку далечина е тоа, многу е.
И не ни сакав да проверувам понатаму, во втора, трета или четврта сезона, очигледно телепортот бил измислен уште во првите пет минути од премиерата.
Разберете една работа, серија од 10 епизода мора така да дејствува, ако за некое во епизода дејствие на Северот поминале денови, во Кингс лендинг поминале недели, во Есос може месеци и обратно.