Возилата си ги перам најчесто дома, со вап и пеномат.
Користам активна пена од Мафра (Мангуста) за безконтактно перење, а доколку има потреба да се измие и со шампон, тука ми е еден од Sonax и го нанесувам исклучиво со ракавица (сунгер никако). За сушење засега користам еленска крпа, но ќе ја заменам со крпа за сушење за подобар ефект. За зацрнување на гуми користам К2 Болд. За ентериерот користам Sonax Summer Red, а за чистење на флеки Пулимакс од Мафра. Крпи имам од Sonax (зелените) и од Мафра (црвените).
Сум користел разноразни средства и засега најдобри за својата намена ми се покажани овие погоре.
Ако немаш вапче, би ти препорачал да си набавиш, се исплати.