Историски највисоко ниво: Капиталните инвестиции за 2016-та четирикратно зголемени во однос на 2006-та
.. на прв поглед убаво, но и преклумерна изградба на патна инфраструктура е слична на градење на споменици, дури и полоша... ете Грција има за 15 години изградено огромен број патиште, од што има премногу ќе се изгубиш... но патиштата бараат и одржување, т.е. перманентни трошоци.. и во Хрватска имаше критики дури и за автострадата кон јадран, т.е. во зимен период саљмо трошоци праи... а пред неколку години 2-3 автомобили со новинари направија тест и од Загреб до Сплит возеа по стариот пат а друг автомобил по новиот пат...разликата беше само 20 минути со тоа што тие по стариот пат направија пауза и се нагостија со парите што би требало да ги дадат за патарина, слично како и српските шлепери што одат преку Градско
...
Не со 2006та, спореди ја 16та со 2009-10-11-12-13... колку пати повеќе денес се зголемени капиталните инвестиции, кога (набројаните години) практично во бунар фрливме 600 милиони Евра, те. во не-капитални инвестиции... А веќе кога спомнуваш 2006та, кажи дека иако долгот на РМ беше приближно ист во однос на БДПто како и денес (цца 45-50%)... но дека тогаш доколку сакавме да го вратиме долгот со дев резерви ќе останева непокриени само 80 милиони Долари (или 40$ по глава) а доколку денес тоа сакаме да го направиме, ќе останат непокриени 2,5 милијарди Евра... да не спомнувам со внатрешните долгови на јавните претпријатија каква беше тогаш ситуацијата каква е денес, или ситуацијата со ФЗОМ или со ПИОМ... тогаш со “рекордна невработеност“ од 37% ПИОМ те пензискиот фонд, беше покриен некаде 65-70% со придонеси од плати (30-35% од буџетот).... денес со ’’рекордна вработеност“ (невраб од 26%) ПИОМ со придонеси покрива САМО 45%, додека останатите се покриваат со празниот буџет те со задолжувања!
Автопатишта како инвестиција...!? Ја спомна Хрватска која ги направи најубавите најсовремени патишта јужно од Виена па до Крета... со приходи од преку 7 милијарди Евра од туризам, со на пр. еден Ровињ, голем колку Арачиново и Кондово (заедно) но кој има за 6 месеци повеќе ноќевања на туристи отколку МК цела година. И тоа знаеме колку тука чини, а колку таму ноќевање и вонпансионските услуги, знаеме кој тука доаѓа, а знаеме кој таму... сепак како што забележа годишно автострадата кон Јадран е едвај на позитивна нула.... а долговите на Хрватска веке опасно се доближуваат до 100% БДП....
Јавните работи како изградба на автопатишта, во ваква една средина како можат да бидат рентабилни? Тоа секако не треба да значи дека нетреба ништо од патишта и инфраструктура да градиме инвестираме, но!? Ти кога инвестираш во нешто на така долг рок и кој во принципп сам себе неможе да се исплати ти имаш проблем...тој краткорочно го решава проблемот на невработеноста, а долгорочно сте во загуба, бидејки никој несака и нема да плаќа патарина! Ти неможеш законски да донесеш одлука стариот пат да го забраниш или уништиш! Ниеден автопат овдека неможе да биде рентабилен! Не само овде, ти го спомна примерот на Хрватска, јас ќе го спомнам примерто на Шпанија! Ако Хр прави 7,4 милијарди оваа земја прави петпати повеќе од туризмот.... Шпанија е земја со најголем број на автопатишта во Европа, те кумулативно има некои 13,000 километри автопатишта! Германија има помалку од нив (ми се чини до кај 10,000 км) Нормално поред автопатите останаа старите патишта кои се бесплатни а реално и не се толку стари и лоши! “Ауто виа“ како ги нарекуваат не се плаќа. “ауто писта“ или (луксузен автопат аутострада аутобан со исполнети сите критеријуми: толку и толку ленти, банкини, ограден со жица) се плаќа! Ви тврдам дека 7-8 месеци автопатите (на кои се плаќа) им се празни или полупразни! Ист е случајот со Италија и со Франција... но тоа се богати држави и можат да си дозволат такви луксузи, згора на тоа високоиндустријализирани земји, па по тоа автопатите фрчат десетици иљади шлепери дневно (е шлепер неможе по стариот пат)! Исто така и автобускиот превозот на патници се обавува само преку автопати... тоа се држави со над 40 милиони жители, па некако со фреквентниот превозот на роба и патници (туристи во сезоните) и скапата патарина.... ги исплаќаат автопатите.... без индустрија и особено мала сиромашна земја изградба на скап автопат со повеќе ленти е неисплатлив! Према Кочани град со 25,000 жители градиме современ автопат кој чини 4 мил евра километар! Ќе не чини ко Св Петар кајгана! Колеме свиња од 300 кила за 300 грама чварки! Автопат!? Куманово Ск Ве Гевг... ДА! Можеби и Те-Гв, тој е најисплатлив, најфреквентен ТОЛКУ засега....... во иднина можеби и према БГ! ... Останатите инвестиции во инфраструктурата, би требало да се усмерат во изградба на нови, помалку брзи, повеќе сигурни, но евтини патишта.... ништо повеќе!
Американците (од развиениот свет) имаат најлоши патишта, а најголема индустрија еден од најголемите ГДПја и најголемите плати на Свет... Исто така имаат и најспора железница, но најпрофитабилна.... то е!