Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
газдите не вработуват постар работник, демек ќе одиш во пензија и пак немам човек...
веднаш се јавив на еден оглас и добив понуда, но за работно место што одговара за млад, со многу патување.
eте ти го парадоксот, ем не вработувале постари, ем ти понудиле работа али не било за постари.
Во “комунизмот“ се вработувале млади и со диплома зато шо постарите воглавном веќе биле вработени, не беше тоа некоја “комуњарска“ измислица туку во СФРЈ кој не успеал да се вработи до кај свои 27-28 години, си го барал чарето надвор.
Невработеноста во Битола во 80 десетите беше околу 9% и тоа беа воглавном помлади со средно или тазе дипломирани, сега како голем успех е бројка на невработеноста во Битола која е околу 17%
Во овој систем и пензионерите бараат работа пошто не се поминува месец со една плата или една пензија, а голем број се семејства кои се со еден вработен или еден пензионер дома и се во очајна ситуација. Со 12 или 16.000 не се врви месецот, и сам да си тешко би се врзал први со први а камоли со фамилија. Работните места во Македонија веќе не се како во “комуњарско“ време, нема потреба од искусен кадар, од зрели возрасни работници, се барат млади физички издржливи, кои можат да стојат на нозе по 8 сати, не одат често до клозет и не отсуствоваат од работа поради семејни проблеми, слави, да бараат одмори, права, боловања. Во “комуњарско“ време кога Македонија имаше сопствно производство и развој на производи, се бараа и технолози и инженери и проектанти и техничари и правници и сметководители и готвачи ... сега капацитетите се сведени на носење материјал од странство, нивно штрафење и составување овде и пак носење надвор. Не се бара појќе ум, дипломата единствено по софтверски фирми или ординации се уште е битна, на други места е битна како и диплома по компаративна книжевност во рудник за дијаманти во Конго.
 
..тоа не е проблем само на Македонија, тоа е малку поширок проблем , можеби помалку забележлив во традиционално поразвиените и многу развиените земји , а ептен забележлив во ендемските беди како Македонија...
Социјализмот можеби беше само едно кусо интермецо во однос на постојаната состојба, благодарение прво на повоениот хаос после втората светска војна , а после на основа на она што сега најмногу му се замера на Грујо...задолжување. Иако рака на срце под тој поим задолжување сега се одвива процес кој нема врска со поранешното традиционално значење на поимот...
Глобализмот на начин на кој го сваќаат и спроведуваат глобалистичките свињи не среди тоатално...како она се вика..: каде е најтенко таму се кине.
Но тоа е долга тема и не би ја распредал сега. Видливо е само едно и не само кај нас: секој кој ќе проба да најде некаква подруга локална солуција освен глобалистичкото донесување на просјачки стап и апсолутна зависност..веднаш бива анатемисан и дообро уиграна шема веднаш почнува да работи на негова елиминација. Дали ќе се најде решение за тоа , и секако не кај нас, ние за тоа никогаш сме немале капцитети, туку на светско ниво...... ни оџата од Битола не би можел да каже..што нормално не значи дека сега треба да легнеме и да чекаме да умреме, туку треба креативно да се прилагодуваме на состојбата и да пробаме да избегнеме бришење од списокот на живи народи и држави...,процес кој интензивира под чергата од многу одамна...
 
`Извозот од ТИРЗ зголемен за 30% во првите 4 месеци`
samo ne kazuvaat kolku se zgolemil uvozot vo istite tie tirz za istiot period. poso toa ne zvuci taka dobro kaj obicniot glasac :0
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=96714
 
Компаниите од тирз скоро ништо ефективно не произведуваат каде што се користат македонски суровини освен ефтината работна рака. Суровината се носи од странство тука само се доработува, спојува и склопува и се враќа назад. Ништо не се креира или умствено вложува.
 
Odi objasni im na vmrovcite,deka ne e zlato sve sto sjae.
 
Компаниите од тирз скоро ништо ефективно не произведуваат каде што се користат македонски суровини освен ефтината работна рака. Суровината се носи од странство тука само се доработува, спојува и склопува и се враќа назад. Ништо не се креира или умствено вложува.
Значи крајот не ви се наоѓа, премијеро и владата се отепаа низ светот шетање да ви најдат господска работа, ко џентлемени со штрафцигер и леткум во чисти климатизирани простории да си работите, вие жалите оти не сте копале руди, влечкале колички, дробеле камења топеле тешки метали...
Место да ја благословите власта која напраи да работите помалце и од кралицата Елизабета, вие протестирате и сакате да ги урнете уз помош на нелегално прибавени снимки од разговори добиени од американската амбасада и сорос во соработка со странските служби.
Е баш би сакал да ви се вратат комуњарите на власт па да ви отворат рудници, земјоделски комбинати, фабрики па да рмбате по цел ден во смени да немате време да седите по кафиќи и денсате по диско клубови цели ноќи, да ве вјанат со изградби на пруги пробивање на тунели, градење на централи па да ве видам кога ќе плачите и се удирате себеси в гла како бевте наивни и наседнавте на лагите на заев и од господа и аристократи станавте пролетери и работници
 
Интензивно се инвестира и во патиштата.
Еве, регионалниот Битола Демирхисар Кичево

Се инвестира и во болници и рехабилитациони центри
Бања Кежовица под Штипска болница, пред да го земат нашите антички реформатори да го реновираат, изгледа снимано негде 2014

и според текстот, снимено сега, откако е реновирано

Како што вчера еден збореше на тв, ова е наука во здравството, вакви достигнувања нема ни во Германија и Америка. Ова Бејли и Орав не можат да ни го донесат со нивните притисоци, ова само со труд се постигнува...и со залагање на владата

исто така се вложува и во иднината на младината како и во нови погони за печурки т.н. печуркари, две во едно
 
Последно уредено:
не знаев кај да го ставам. ова мора негде да светка.
сега не сме лидери во регионот во инвестиции ама затоа во спортот...битно да се врти за просте масе дека сме некакви лидери :lolzz::lolzz:
sport.jpg
 
Контроверзниот бизнисмен Ури Бидер се обидува да влезе во Макпетрол
Сериозни индиции и документи упатуваат дека зад компанијата Балкан петролеум од Лондон која најави преземање на Макпетрол стои контроверзниот бизнисмен Ури Бидер познат по уништувањето на романската рафинерија РАФО. Од април неговото име веќе стои и во централен регистар на РМ како раководител на подружница на фирмата Алов, која се занимава со трговија на големо на нафтени деривати.

А во РАФО
Децениска голгота поминале вработените во романската рафинерија Рафо и на крај останале без ништо. Протести и штрајкови со глад го следеле децениското пропаѓање на некогашниот нафтен гигант. Уште неколку стотината вработени кои останале да ја вардат фабриката, пред новинарите се песимисти.
 
Контроверзниот бизнисмен Ури Бидер се обидува да влезе во Макпетрол
Сериозни индиции и документи упатуваат дека зад компанијата Балкан петролеум од Лондон............................
..овој Ури Бадер не би знаел ни каде е Македонија , а не па Макпетрол , ако некој од овде не го води за раче.. Треба да се види кој е тој, ако тоа воопшто и значи некому нешто....
 
Tреба да се вратиме во минато, председник да живее во голем мрачен замок и секој инвеститор оди кај него и како се наближува гледа на зидините набиени на колец глави а гаврани им колваат лица и очи, а пред вратите во обесени метални кафези кој уше жив кој полумртов оставени на сонце и студ без храна и вода полека скапват затвореници, и да му се покаже на тие глави и луѓе “Оној не заеба за 3 милиони евра, оној затворил компанија оставил 1000 души без работа, овој се обидел да затаји данок....“
 
..такво беше минатото???? ...во кое тоа минато си леткал бе ти Let 3??? ..или дефинитивно има паралелни светови , а една од портите била некаде на Курделес , па откога го поклопија ти стана недостапна.....:):)
 
Последно уредено:
Tреба да се вратиме во минато, председник да живее во голем мрачен замок и секој инвеститор оди кај него и како се наближува гледа на зидините набиени на колец глави а гаврани им колваат лица и очи, а пред вратите во обесени метални кафези кој уше жив кој полумртов оставени на сонце и студ без храна и вода полека скапват затвореници, и да му се покаже на тие глави и луѓе “Оној не заеба за 3 милиони евра, оној затворил компанија оставил 1000 души без работа, овој се обидел да затаји данок....“
Не е тоа минатото, тоа е иднината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom