Не сум пишал поопширно на темава, ама ај ќе пишам сеа.
Прво, навистина јавните институциите се партизирани и партиската книшка е многу голем плус за вработување, истото важи и за врските, нормално е тука и криминалот за све и свашта...
Второ, ГДОМ се без компас (т.е. како ќе им кажат од партијата)
Трето, „Шарената револуција“ не е подржана од мнозинството на граѓани, напротив од многу мало малцинство, ако гледаме на ниво на држава. Ако вие шарените не го сфаќате и не го признавате ова, многу се лажете.
Четврто, ДА Сител е за нигде медиум, плус уше некои други... Ужас...
Петто, СДСМ никогаш нема да дојде на власт се' додека не го смени пристапот кон Македонците со тоа што ќе бидат повеќе одбранбено поставени кон македонската историја и македонските државни граници и нормално нема никогаш Заев да биде премиер се' додека има изјави од типот - би сакал ќерка ми да учи и албански јазик. Тоа не проаѓа кај мнозинството Македонци. Политичката сцена моментално нема друга партија која би можела да го победи ДПМНЕ, и затоа го спомнувам СДСМ, како најголем политички противник на ДПМНЕ.
Шесто, ДПМНЕ се како мали деца со нивните „контра-протести“, „контра-изјави“, контра „граѓански иницијативи (здруженија)“...
Седмо, до тие што го застапуваат ставот дека за да паднат овие криминалци треба да се подржуваат ист тип на луѓе само од другата страна нели тоа значи дека се вртиме во ист круг -- маѓепсан круг, а не одиме напред што е и целта на секоја ре-во-лу-ци-ја.
Осмо, ДПМНЕ сакаа(т) да завладеат со буквално се' во државата и нормално како и секој нормален човек сум против тоа и против претседателот што нема свое јас (немам коментар за обраќањето од вчера - негативно речено...).
И за крај, ГДОМ се без мозок, а и шарените со нивните бојадисувања на споменици и згради, фасади, кршења на стакла итн. Сигурен сум дека да не беа тие бојадисувања и кршења, и луѓе кои управуваат каква ќе биде агендата на еден протест на „Шарената револуција“ од типот на промотори на „соживот“, на улица не 2,000, не 3,000 туку ќе имаше 100,000 луѓе, секој ден. И да, ова не значи дека кршењето стакла и бојадисувањето го израмнувам со криминал од милиони евра, туку кажувам дека исто како што и криминалот не го сака народот (не вклучувајќи ги оние кои ги бранат криминалците -- без мозок, тие), исто така и кршењето и бојадисувањето не го сака овој народ. Најмногу ми е жал за: оние кои се изманипулирани и искористувани (посебно од таа „десна“ страна -- гдом-ците), оние кои вистински си ја сакаат сопствената држава и оние кои поради тоа што ништо се нема сменето последните 15 години страдаат. И сфатете, постојат луѓе кои имаат трет, четврт, петти... став.
Се надевам никој нема да ме сфати погрешно.