Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Не биди до толку мрзлив и ти, со едно пишување на гугл прво што ти излегува е ова https://authoritynutrition.com/intermittent-fasting-guide/
Ај у превод да ти објаснам, значи имаш период кога јадеш околу 4-8 часа (fed state) и период од 16-20 часа кога не внесуваш ништо освен кафе без шеќер и вода ( тука можеш и coca cola zero, која мене доста ми помогна). Најпрво почни со 16 часа, па потоа зголемувај колку можеш. Последниот оброк гледај да ти биде негде околу 7-8 часот навечер, следниот бидејќи ти е на работа од 12 часот ти е топ, понатаму ќе си зголемуваш како ќе ти се адаптира телото. Јас почнав со 16/8 часа и сега веќе стигнав до 20/4 часа (Warrior diet) бидејќи имам околу 10 дена до одмор и сакам да се исчистам максимално. Добра страна на ова е тоа што си иам големи оброци кои ме најадуваат прилично добро и повеќе ми годи. И пази на калориите.
Поздрав.
Едно прашање околу диетава, само сум читал за оваа, а не сум ја применил на себе.

Покрај што внимаваше на калорискиот внес, како го распредели соодносот на макронутритиентите процентуално (протеини/јаглехидрати/масти)?
 
Член од
23 јуни 2016
Мислења
32
Поени од реакции
3
Здраво , нов член сум овде , вака имам 16 години висок сум 1,75cm почнав да одам во теретана пред 2 месеци , имам маса - не у смисол на вишок килограми туку затегнат , имам изразити бицепси ама не до толку , исто така имам испакнати гради , стомачни ги неам сите само првите 2 ми се знаат :icon_lol: , неделно одам 4-5 пати во теретана по 45 мин тренинг а некогаш и по 1 саат зависи после секоја серија колку одмарам , еве вака гледам темава се зборува за разни работи а и има ногу искусни , па сакам да питам што препорачувате вие да земам за да добијам по добро градена форма на гради , бицепси , трицепси , рамо , некои протеини , креатини , и какви кои се најефикасни , кои што не се штетни ? ;);) и уште нешто , теретана одам дента кај 11 саат , а поручек играам кошарка 2 саата , дали ќе ми штети толку спортување ? , но сакам да земам протеини/креатини само еднаш колку да ја подобрам мојата форма и после да престанам со користење , дали би штетело ако после еднаш престанам да користам протеини/креатини ?
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Едно прашање околу диетава, само сум читал за оваа, а не сум ја применил на себе.

Покрај што внимаваше на калорискиот внес, како го распредели соодносот на макронутритиентите процентуално (протеини/јаглехидрати/масти)?
140гр протеини, 100-150гр јаглехидрати и 70 грама масти. Јаглехидратите ми варираат од ден во ден, кога осеќам повеќе замор јадам повеќе јх, исто кога имам и нозе. Еднаш во неделата имам cheat day, си јадам скоро што ми текне, али гледам да не претерам и пак губам константо на килажа. Добрата ствар у ова е што имам по 2-3 големи оброци и не се замарам што јадам, башка секогаш сум сакал да се најадам ко човек, а не да ги цепкам на повеќе оброци.

Друже ти гледај да внесуваш доволно храна и протеини бидејќи премногу калории трошиш, за суплементи и глупости не се замарај.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
140гр протеини, 100-150гр јаглехидрати и 70 грама масти. Јаглехидратите ми варираат од ден во ден, кога осеќам повеќе замор јадам повеќе јх, исто кога имам и нозе. Еднаш во неделата имам cheat day, си јадам скоро што ми текне, али гледам да не претерам и пак губам константо на килажа. Добрата ствар у ова е што имам по 2-3 големи оброци и не се замарам што јадам, башка секогаш сум сакал да се најадам ко човек, а не да ги цепкам на повеќе оброци.

Друже ти гледај да внесуваш доволно храна и протеини бидејќи премногу калории трошиш, за суплементи и глупости не се замарај.
Ја гледав и јас диетата уште пред две години, али не ми се допадна на прв поглед како е замислено, многу долго време не се јаде, а потоа му трупаш нагло на телото што не ми се допаѓа, исто и оброк веднаш после тренинг немаш на овој начин.
Јас сум прва смена секој ден, а обично излезен од 7 наутро до 21 часот навечер, мачно ми е вака носење на два оброци на работа плус дозерка протеин после тренинг и една на работа измеѓу оброци, плус оброк навечер (3 цврсти, 2-3 дозерки протеин), цело слободно време во готвење ми оди :D
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Ауф, премногу замарање е тоа, јас у 2 оброци ќе набутам се и таман ми е :D Можеш додека си на работа само на кафе до 2-3 часот, само колку ќе издржиш незнам и навечер да јадеш и покасно до 10 часот, пак ќе имаш 16-17 часа fasting. Има еден лик Kinobody многу добро објаснува и неколку години го применува ова, буквално јаде скоро се, џанк фуд, мрсно, се пијанчи и пак е 7-8% bodyfat, разгледајте го.
 
banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
139
Поени од реакции
68

ако фатиш да им веруваш на сите фитнес јутубери секој ке ти каже другачие, и се разбира сите се натурал, само купи им ја програмата и ке станеш као нив во рок од 10 дена
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ова прашање сакав да го поставам оддамна,го заборавив, па сега се присетив со последниве два поста.

Дали е поголем ефектот со parkour и street workout од теретана??? Чисто ме интересира само, иначе далеку дека би применил нешто такво.

Имам другар у мало секојдневно работи улично вежбање, рацете и душата по шипките си ги остава, пие ко ненормален алхохол, све јади
без никакво препазување, ама апсолутно се. Зема само Омега, креатин и веј а втеретана не оди.
Па поичестено и поубава градба има од 80% од нас шо до детал следиме и пазиме се.

Чисто ме заинтересира начинот и волуменот кој се добива со соопствена тежина.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Едно прашање околу диетава, само сум читал за оваа, а не сум ја применил на себе.

Покрај што внимаваше на калорискиот внес, како го распредели соодносот на макронутритиентите процентуално (протеини/јаглехидрати/масти)?
Ѕирни гo reddit.com/r/leangains. Покомплициран протокол него обичниот IF е, со циклуси на помалце масти/повеќе ЈХ на тренинг денови, обратно на рест денови. Покрај ова имаш и бајаги протеин секој ден заради заситување при слабеење. Калкулатори за проценти included. Може да те интересира. :)
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
ако фатиш да им веруваш на сите фитнес јутубери секој ке ти каже другачие, и се разбира сите се натурал, само купи им ја програмата и ке станеш као нив во рок од 10 дена
Ниту сум ја купил програмата, ниту планирам да ја купам, ви кажувам за совет бидејќи јас применувам IF и до сега ми иде предобро.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.480
Поени од реакции
3.292
Ова прашање сакав да го поставам оддамна,го заборавив, па сега се присетив со последниве два поста.

Дали е поголем ефектот со parkour и street workout од теретана??? Чисто ме интересира само, иначе далеку дека би применил нешто такво.

Имам другар у мало секојдневно работи улично вежбање, рацете и душата по шипките си ги остава, пие ко ненормален алхохол, све јади
без никакво препазување, ама апсолутно се. Зема само Омега, креатин и веј а втеретана не оди.
Па поичестено и поубава градба има од 80% од нас шо до детал следиме и пазиме се.

Чисто ме заинтересира начинот и волуменот кој се добива со соопствена тежина.
Што се однесува до естетски изглед добиваш горе-доле ист резултат доколку знаеш како правилно да го оптеретиш и изолираш мускулот, што се однесува до добивање на сила се разбира со дигање на тегови ефектот е далеку поголем.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ова прашање сакав да го поставам оддамна,го заборавив, па сега се присетив со последниве два поста.

Дали е поголем ефектот со parkour и street workout од теретана??? Чисто ме интересира само, иначе далеку дека би применил нешто такво.

Имам другар у мало секојдневно работи улично вежбање, рацете и душата по шипките си ги остава, пие ко ненормален алхохол, све јади
без никакво препазување, ама апсолутно се. Зема само Омега, креатин и веј а втеретана не оди.
Па поичестено и поубава градба има од 80% од нас шо до детал следиме и пазиме се.

Чисто ме заинтересира начинот и волуменот кој се добива со соопствена тежина.
Една работа се заборава најмногу на форумов, хормони. Не сме сите ни приближно исти, резултатите следи ги на себе, не на други, види на тебе што највеќе ти одговара.
Сите го иамаме тој другар шо јаде пита бурек у 4 сабајле праи табли секој викенд и изгледа ко излезен од магазин. Не качуваме сите исто мускулна маса, не се чистиме од масти исто, не ни прија ист тип на тренинг, иста храна па да не праам муабет...
Она што го е одговорно за све ова се хормоните, присутност на тестостеронче, хгх, инсулинска сензитивност и тако даље. За среќа, на овие работи може значително да се влијае со стилот на живот и исхраната, само шо за едни е екстремно тешко, цепидлачење до калорија, за други иде боза.. така да не се обесхрабрувајте, work with what you've got.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ауф, премногу замарање е тоа, јас у 2 оброци ќе набутам се и таман ми е :D Можеш додека си на работа само на кафе до 2-3 часот, само колку ќе издржиш незнам и навечер да јадеш и покасно до 10 часот, пак ќе имаш 16-17 часа fasting. Има еден лик Kinobody многу добро објаснува и неколку години го применува ова, буквално јаде скоро се, џанк фуд, мрсно, се пијанчи и пак е 7-8% bodyfat, разгледајте го.
Ваква генетика еден на 1000 души има (доколку е природен што се сомневам), имам пријател што ќе ти го каже истиот муабет за џанк фуд, пијанчење и слично, дури и не вежба цела година туку 4 месеци пред лето, али 2 шеми удира секоја година :D иако сите го знаат како природен вежбач.[DOUBLEPOST=1466714995][/DOUBLEPOST]
Ѕирни гo reddit.com/r/leangains. Покомплициран протокол него обичниот IF е, со циклуси на помалце масти/повеќе ЈХ на тренинг денови, обратно на рест денови. Покрај ова имаш и бајаги протеин секој ден заради заситување при слабеење. Калкулатори за проценти included. Може да те интересира. :)
Ќе ѕирнам али за следна година, оваа се чистам по мој рецепт, реално не се жалам со мојава рецепта (освен што има прилично готвење и замарање), а временски прилично брзо и без губење на многу мускул
 
Член од
25 февруари 2016
Мислења
63
Поени од реакции
22
А зошто fake natty ?
Пошто тврдат дека не користат стероиди, а 2 или 3 шеми годишно праат и тоа со тренболони а не како нашите шеми. Јас не знам зашо се срамат од тоа што користат стероиди, јас да земам нема да кријам како педерче.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom