EП 2016 - Група А (Франција, Романија, Албанија, Швајцарија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
На Романија можеби. Албанија најверојатно испаѓа. 0-3 гол разлика имаат, а не гледам како би ја наполниле Романија па со 3 бода и гол разлика некако да се протуркаат.

Во право си , на Романија и е потребна победа за трето место и мислам дека со 4 бода е сигурно пласирана во осминафинале.
 
Дешамп е коњина од тренер и ако не ги консолидира редовите многу веројатно е дека ќе го изеде од првата посериозна селекција во нокаут фазата. Не може да не им ја пронајдеш позицијата на Погба и Гризман, едни од најдобрите играчи во свет. Ти ебам тоа мувлата мртва, ко оженет да е со Матуиди и Жињак.
 
Нема шанси како трети да отидат понатака, морат да ги тепат Романците со едно три разлика. Ќе има многу третопласирани екипи со повеќе од три поени, а и тие што ќе бидат со три бода ќе имаат подобра гол разлика од Албанија.
Најверојатно во оваа група и групата на Хрватска и Шпанија ќе отпаднат третопласираните екипи.
 
Во право си , на Романија и е потребна победа за трето место и мислам дека со 4 бода е сигурно пласирана во осминафинале.
Со победа можат и второ да бидат ако Франција ја тепа Швајцарија :D
 
Ова најмногу ме нервира на крај ко ќе се изват,ќе начекаат посериозен противник ќе им се деси севен ап како на Бразилците.
 
Иначе тревава на Велодром е ораница, до полуфинале каша има да се направи. Премногу нерамнини и поради тоа денес сите паѓаа.
 
Oчај Французиве, очај. Еден шут во рамки на гол да немаш до голот (освен стативата на Жиру), е срамота. Класичен бункер игра Албанија, овој почнува со Канте и Матиуди во постава, самоубиство. Не ги зема Бензема и Гамеиро, го зема Жињак кој не само што е ист профил на играч како Жиру, туку и којзнае кај игра.

Лоши одлуки на Дешамп, со ваква мртва игра тешко Французиве до нешто повеќе.
 
Примањето гол во 90тите минути веќе станува како правило за Албанија, многу пати се повторува истото. Да се бориш 90 минути, а потоа за 5 минути да примиш 2 гола, ова влијае и врз играчите, се плашам дека за Романија нема да бидат мотивирани како што влегоа против Франција.

Гледам дека за слабата игра на Франција ги обвинувате само играчите на Франција, но не ги фалите играчите на Албанија кои трчаа за секоја топка ... се виде разликата кога се заменија поквалитетни играчи со послаби, одма се отвори играта на Франција, тогаш паднаа и головите.
 
Настрана заебанциите што ги правиме, одлично изиграа Албанците, и со Швајцарија беа солидни, ме изненадија како се покажуваат, не се топовско месо на никој, борбени се, технички не се лоши, можеби ќе завршат со нула бодови но дефинитивно досега не се посрамотија.

Французите беа очај денес, но квалитетот дојде до израз на крај, муабетите за како ќе изиграле со посериозна репрезентација ќе ги правиме кога ќе дојде таа репрзентација, ништо не мора сегашнава игра да значи.
 
Заслужија бодови Албанциве и од вечерашниов меч и од оној во саботата.

Хисај е добар бек. (y)
 
Последно уредено:
Тој Ајети у Фросиноне што игра искина позади, сам ја држеше цела одбрана, од кога излезе на 10тина минути пред крај ко да се раштимаа позади.
Хисај истотака коска играч, за тие што не го прателе Наполи сезонава, вака игра на секоја утакмица, одличен бек, што би рекол Панчев, изузетен бек овој Хисај.

Добро се покажаа вечерва браќата, со Швајцарија не ги гледав ама вечерва баш ме изненадија, цврсти у одбрана и кога ја изнесуваат топката не ја влече еден играч туку со дупли пасови на 1-2 додавања идат у напад, штета немаат некој брз шпиц што ќе знае да извлече сам коа ќе биде потребно.
Нешто ко Атлетико Мадрид за сиромашни се. :D Така ми делуваат.

Јеби га, ќе испаднат ама дефинитивно не се посрамотија ко што очекувавме и се надевавме сите овде, страшна работа заврши тој селекторот.

Учи Македонијо мртва мајка да ти ебам корумпирана.
 
Албанија моментално страда од еден напаѓач во составот..немаат некој напред да се загради или да ја стегни со глава иначе како тим се многу борбени и технички солидни да не речам,не паничат и физички се добро подготвени што е ретко за некоја Балканска екипа..ама кога ќе видиш скоро цел состав му е од дијаспората па тука лежи зајакот зошто се физички подготвени...ама ионака беа во претешка група и самиот пласман на ЕП за нив е огромен успех.


А Французите реално добро си изиграа во второто полувреме..не знам зошто толку се критикуваат кога во вториот дел за разлика од првиот беа заангажирани,трчаа,се бореа за секоја топка и беа поагресивни..посебно се почуствува тоа кај Погба кој обично си игра курташак и е несериозен ама во неколку наврати имаше добри шпринтеви ,Паје искина на крајот..дриблинзи,нафрлувања,пасеви..прав лидер на екипата,а вие што го критикувавте не знам што фудбал гледавте?..па најмалце двајца нон стоп го чуваа Паје
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom