ЕП 2016 - Група Е (Белгија, Италија, Ирска, Шведска)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе заврши како прва во групата Е?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Не го заборавајте и Де Роси, си изгази онака лабаво рутинирано..
 
Полека малку луѓе, прво коло е во групата, далеку е уште тоа кој каде и колку ќе направи на првенството :). Да не се брза со заклучоци, вака пред две години Италија ја доби Англија во првото коло, за после тоа да не игра воопшто фудбал против Костарика и Уругвај. Она што мене ми дава надеж е тоа што тренерот на клупата не е Прандели како тогаш, туку е Конте во кој сум 100% сигурен дека нема да им дозволи на играчите да им падне вниманието и концентрацијата. Кога сме кај Конте мислам дека како и почесто, малку му се препишува заслугата за мечот, иако тие играчи тактички тој ги поткови.

Се на се добар меч гледавме, во првото полувреме италјаните изиграа перфектно. Тројката во одбрана заедно со Буфон на висина на задачата, Кандрева беше затворен во првото и не можеше во нападот да се покаже многу, но затоа во одбрана помагаше страшно. Дармиан многу лош, имаше простор ништо не искористи. Де Роси и Пароло солидни, не знам зошто се деградира Пароло кој играше во рамките на своите можности, без апсолутно ништо да згреши, плус ја имаше таа асистенцијата со глава кон Пеле кога натскока двајца белгијци зад грб. Пеле имаше неколку лоши додавања, ама одличен е во играта со глава и во контролата на долгите топки. Го заслужи голот на крајот :cuc:

Во второто премногу се затворија италјанците. Мислам дека непотребно беше тоа, ама можеби и толку се можностите. Дармиан, Кандрева и Џакерини направија три катастрофални додавања во противничката половина што резултираа со жолти картони за Едер и Бонучи. Тие индивидуални грешки беа можеби единствениот лош аспект вечерва. Кандрева си го доби просторот во второто полувреме и изигра онака како што и вообичаено игра, само нели ретко кој го гледа па затоа 90% од луѓево се изненадени (y) Имобиле одличен кога влезе, иако е голем, сепак поседува брзина и ја искористи до максимум со повлекувањето на контрите. Мота не покажа ништо посебно, ама ќе послужи како ротација за Де Роси.

Сепак што и да се случи до крајот, сепак се покажа дека репрезентативниот фудбал не зависи премногу од индивидуалните имиња, туку од целокупниот перформанс на тимот заедно со тренерот. Една репрезентација мора да биде компактна на теренот, играчите да се движат како едно. Белгија и покрај имињата на теренот очигледно тоа го нема. Имаат играчки капацитет да се поправат, се е во рацете на нивниот селектор.

И последна работа која мислам дека се покажа е дека солиден дел од луѓето на форумов пратат фудбал или само неколку години или го гледаат премногу на ограничен сегмент. Тоа не е никаква провокација :backa:, туку е едноставен факт. Не може човек да мисли дека било кој меч на европско ќе заврши со неколку голови разлика во полза на едниот тим, а камоли кога тимот кој треба да претрпе пораз е Италија. Фудбалот постои долго време, а Белгија е релативно нова репрезентација. Никако не смее, а и не може да биде на исто рамниште со Германија, Италија, Шпанија и Франција, па макар овие играле и со ваков ограничен тим како италјанскиов на првенството :LOL:

Е така...
 
Белгија ти е најпреценета репрезентација. Играчи одлични, ама као екипа са тешка мизерија. За разлика од Италија, која со кои играчи и да игра, се знае каков менталитет имаа. Не знам што се залетаа свите дека Белгија лесно ќе тепала.

А искрено и Вилмотс се испосра денеска. Фелаини цела утакмица му игра, Караско го става као последна замена у 80-та минута. Ги угуши Мертенс и Азар по лево, со која памет не знам.
Jas sum retardiran i glup
 
Јас разбирам дека е тешко да бидиш тренер на репрезентација,посебно па на вакви големи натпреварувања каде сите од тебе очекуваат резултат бидејќи водиш екипа со квалитетни играчи што играат во најсилните лиги......ама брате неможам и неможам да ги разберам овие тренери како Вилмотс,Хоџсон и Дел Боске..кој од кој подебили и позакоравени со нивните пресмешни и преаматерски одлуки ....

Не знам дали тие ги носат одлуките за играчите кој и каде да игра,еве конкретно за Вилмост ќе спомнам бидејќи се работи за Белгија..како е можно да го игра Фелаини?.која му беше целта со него?..наместо да го игра Де Брујне на средина и Караско/Мертенс на крило па да добие играта на динамичност тој идиотот го става Фелаини на средина:confused:?!?!..шо мислеше да прај чоекот?..Наинголан најдобар поединец цело полувреме тој го вади во 55 минута а Фелаини и останатите на ништо не личат..како да сака чоекот намерно да ги пропадни..не е можно толку да е глуп.
 
Белгија ти е најпреценета репрезентација. Играчи одлични, ама као екипа са тешка мизерија. За разлика од Италија, која со кои играчи и да игра, се знае каков менталитет имаа. Не знам што се залетаа свите дека Белгија лесно ќе тепала.

А искрено и Вилмотс се испосра денеска. Фелаини цела утакмица му игра, Караско го става као последна замена у 80-та минута. Ги угуши Мертенс и Азар по лево, со која памет не знам.
Jas sum retardiran i glup
 
Италија со послаб квалитет на играчи ги утепа тактички Белгија, браво конте зверу.
 
Секоја чест за жабариве, школска утакмица си изиграа, типично италијански. (y)

Него, како може тренеров на Белгија да ги игра и Витсел и Фелаини прва постава, тоа ти е самоубиство. Башка денес и го вади Наинголан кој беше еден од подобрите на терен. Фелаини или Витсел во тандем со Наинголан, во прв тим да влета Караско/Мертенс како крило или Дембеле на полушпиц доколку Де Бруин е на крило, а може и него да го проба како полушпиц.
 
Ck3G8xlVAAYAqSR.jpg:large

Нема подобар, нема ни да има ни на негова позиција нит како чоек. Коќе се пензионира фудбалот ќе изгуби премногу. Константност, класа, играчиште,победник и спортист. Ако нешто сака Италија од шампионатот ова е клучниот играч, лидер прав во секоја смисла.
 
Ck3G8xlVAAYAqSR.jpg:large

Нема подобар, нема ни да има ни на негова позиција нит како чоек. Коќе се пензионира фудбалот ќе изгуби премногу. Константност, класа, играчиште,победник и спортист. Ако нешто сака Италија од шампионатот ова е клучниот играч, лидер прав во секоја смисла.
Glej go so naprai pred da se desi fotkava


Vaka smesno delue stvarno ama mozese da si ebe mater i evropsko i sve da poebe u picku mater, edna od najbizarnite povredi ever ke bese ova.
 
^:pos::pos:


Btw, сега уште повеќе ми е криво што Маркисио и Верати ги нема во оваа екипа и што она магарето Балотели е ван форма, му ебам племето, ама тој да беше во форма, плус овие двајцата повредениве, оваа Италија ќе имаше посебно шмекче, ќе беше опасна и за најкомпактните екипи на Европсково.
Белгија ја тепаа, но ќе имаат проблеми понатаму со изнасањето на топката и организирање на нападите, Де Роси имаше фластер цела утакмица, при почнување на нападот Фелаини не го оставаше, демнееше над него, а во 2-3 наврати дефанзивата примерно ја проследи топката до Пароло(кога неможеа на Де Роси) кој требаше да продолжи во напад, но тој секогаш ја враќаше. Среќа тука се Бонучи и Киелини кои сами можат да повлечат напред, едниот со долга топка да најде играч, другиот може да истрча до таму со топката:D

Како и да е, тој проблем постои и кај и да е ќе се осети, затоа на Конте најпаметно би му било на местото на Пароло да го стави Мота, овој има почесто играно со Де Роси и подобро ќе се надополнуваат. Дури постои варијанта во која Кандрева би го земал местото на Пароло во средина, а Флоренци на десната страна(во случај кога треба да се брка резултат).
Е сега, не ми е јасно зошто Едер игра пред вујче Заза, освен борбеност што покажа ништо друго, а Заза ја има истата борбеност дури поенергичен е и би умеел да направи нешто повеќе во шеснаесетникот. Го пцуев Конте што го пушти Имобиле наместо некој од Заза, Шарави и Инсигње, ама овој позитивно изненади.
Дармиан беше под големи импресии, како до сега да играл трета лига, а од еднаш се најде на Европско, изигра пичкарски у стил на цела белгиска репрезентација.

Антонио Конте, колку и да ми е антипатичен, сепак капа му симнувам, секој тим што го водел е бил борбен до крај,максимално дисциплиниран и организиран, секој играч знае точно што треба да прави на теренот(освен што треба да трча како коњ), абе тренериште, немам зборови, едвај чекам да видам како ќе го стокми Челзи и ќе држи тренерски лекции во италијански стил на Клоп, Мурињо и Гвардиола:icon_lol:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom