Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Шом си ме прашал. значи си бил малечок и не ги памтиш тие времињаВрска 41-91 има друга тема, и таму те прашав ЗАШТО не постои тој систем ако толку бил успешен,праведен, некорумпиран итн итн... ама не даде одговор
до 90 сетите СФРЈ крена навелико, поминавме скоро деценија кризи, стабилизации штедења... со динари купвавме по фри шопови, продавниците тежеа од роба и домашна и од увоз, платите беа високи, јас и жената 3 пати неделно ручавме во ресторан, плаќавме кирија не се думавме шо колку кошта... имавме бесплатно школство, здравство низок криминал, ефтини летувања, сигурна иднина во социјала пензија...
На ТВ не бомбардираа со серии од Америка, богати среќни фамилии, не знаевме шо работаат али пари не беа проблем, болести, смрт, немаштија не се гледаше, сите беа полни со племенитост и разбирање... тогаш почнаа да се јавуваат идеите за распад на СФРЈ, теории како така ќе ни биде уште подобро, пошто нели сите бевме робови на Београд. Секое семејство ќе имаше куќа и барем по 2 коли. Најголем проблем било шо Македонија немала своја сопствена војска, па да се викала Македонска, сопствена телевизија која ќе се викала Македонска и сопствена репрезентација која би се викала Македонска. Европа сакала наши производи, нашите домати и пиперки биле најубај и највкусни на цел свет и коштале кило марки за кило домати али Београд ни праел проблем да ги извезуваме, домашната ракија била поскапа од вискито, нашите праски и јаболка од Ресен биле светско чудо али поради СФРЈ нив за беспари ни ги земале словенци, Охрид бил светски туристички центар али Југославија го гушеше, во Алшар се наоѓал минерал кој е поскап од дијаманти али ЈНА го чувал руднико и пукал во секој кој се обидувал да влезе таму, Европа ќе ни ги врати Пирин и Егеј, следен конгрес на ВМРО ќе биди во Македонски Солун а бизнисмените од Македонија во дијсапората (кои биле најбогатите на свет) собрале милијарда долари и чекале да се осамостоиме па да ни ги дадат свечено а нивните бизниси да ги донесат во самостојна Македонија.....
Поверуваме....
Последно уредено: