Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
каква политичка криза , какви бакрачи... во Црна Гора имаше силни нереди со апсење на опозиција, предходно бомби по редакции и убиства... ете сега во Хрватска има ептен политичка криза... Се тоа за кризата во РМ се прикаски за дебили.... има други причини, пред се проблемот со името, но не во буквална смисла... на Грција и е потребна нестабилна РМ поради нивни внатрешни социјални проблеми... освен тоа, РМ е полигон за припреми за дејства кон Србија која се декларира против НАТО...
Нема политичка криза пошто нема ни политика во Македонија, ние имаме криминална криза, народот не стана против власта оти не се слага со политика или политички ставови, туку затоа што е опљачкан, упропастен, доведен на раб на глад и беда. И младо и старо бега од овде, не зато шо не се слага со политика туку зато шо нема за леб да јаде, 600.000 се иселија не оти не се слагаат со политички одлуки и ставови туку шо не можат тука да си овозможат достоинствен живот, не ми смета мене лично став на власта околу НАТО, ЕУ, името, ми смета шо се умира по операциони сали поради недостиг на опрема и лекови во нив, ми смета шо во 21 век бериме милостиња по СМС и фејсбук да спасиме некое дете од смрт и болест, ми смета шо сум 15 пати повеќе заборчен (како држава) од 1991 а имаме од тогаш до денес, 10 пати понизок стандард, имаме упола повеќе невработени, патиштата ни се упропастени фабрики затворени земјоделието уништено енергетиката дотрајана а школите ни ги реновира УСАИД како да сме кенија или намибија а секоја година се зголемуваат давачки глоби и обврски.
Народот страда да врзи месецт и да куртули од извршители а гледа како со кофи се истураат пари собрани од него на глупости и се богати политичката елита.[/quote]
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2007
Мислења
824
Поени од реакции
833
Супер, дај ми инфо како ќе ги подобри овие работи што ти ги наброја, а понатаму одиме со моите прашања и те молам не ми спомнувај уште еднаш медиуми, фора груевски, такви фори со мене не ти требаат, зборуваме објективно и непристрасно кон ниту една партија, зборуваме како да го подобриме општеството каде што живееме и како да живееме подобар живот.

Зошто мислиш дека не си за во ЕУ?
Тогаш барем нема да има потреба блгари да се пишува цела мкд, сега е полошо, не сме во ЕУ, се пиша пола мкд Бугари за да извади пасош.
Да не збориме за помошта што се добива првите години за да се дигне државата на нозе, тоа што Бугарија и Романија имаа апаши на чело и не ги искористија тие поволности е доволен показател како не треба да постапат нашите.

Учиш без да си должен и во овој момент, не заебавај и ти дека со 200 евра годишна партиципација и 50 евра дом месечно се задолжи, јас потекнувам од сиромашно земјоделско семејство и сам се издржував цело време, па успеав да завршам факултет и постдипломски без да должам некому.
Зошто не сме сеуште за во ЕУ?
Оној момент кога целата маса ќе созрее и ќе сфати колку е битна неговата слобода и ќе се ослободи еднаш засекогаш, ќе одлучува заеднички и во заеднички интереси, без разлика дали е Македонец, Албанец, Ром, Турчин. Тогаш ќе станеме држава, систем кој не е корумпиран, систем моќен и зрел да влезе во една унија.
Не кажав дека ние не треба да се стремиме за таму, напротив тоа ни е единствен спас од пропаѓање и делење на државата. Нешто што треба да ни биде приоритет.

Баш!!!
Студентите и интелегенцијата во Македонија се најунакажаниот слој во државава.
0 средства за истражувачка опрема, за конференции за професорите да одат да работат на меѓународни проекти, да стекнат и разменат знаења со останатите колеги од различни делови на светот.
Што тој професор ќе го научи студентот? Да пресмета интеграл од 1/sin(x) де икс???
Толку е, нашата наука нема мрднато од времето на комунизмот студентот овде троши 4 години за да заврши некој квази факултет за после да биде ескплоатиран и сомелен од индустријата и машинеријата која е створена последниве години.
Тогаш студентот влегува во машината и се задоволува со некоја банална плата, станува член, дел од машинеријата која ќе го дроби и ќе му го цица сокот.
- Самиот знаеш какви се студентските домови, ни тие не беа мрднале од времето на комунизмот.

Греота е да кажеш дека на студентите им е добро, излегуваа, протестираа, беа тепани, апсени.
Но главно тие победија, остварија една голема победа.. Сами се изборија и тие допринесоа студентскиот да биде реновиран и да се добијат слободни автобуски карти.
Да не излезеа, никогаш немаше тоа никој да им го даде.
Разликата е во тоа што додека ти чекаше некој друг да дојде да ти ја реновираат мизерната соба или да добиеш слободна карта, некој се бореше и го оствари со борба.
Гледаш? Малку беа, но сменија нешто кон подобро, зошто и ти да не можеш да смениш нешто во иднина?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.903
Поени од реакции
35.762

На првиот дел ќе ти одговорам дека тоа нема да биде никогаш, често сум по терен низ села од Гостивар, Тетово, Чаир, Шуто Оризари... и ти гарантирам дека таков примитивен народ нема да мрдне од таа точка ни по 200 години, побргу ќе се вратиме ние 200 години назад, од што тие ќе отидат напред.
Потребно е да влеземе ако сакаме да опстанеме како држава и народ, можеби ќе се испразни уште повеќе државата, но голем дел од тие ако е државата стабилна откако ќе направат пари ќе се вратат пак да инвестираат тука.

Не реков дека на студентите им чини и самиот бев дел од тие протести, ти реков дека партиципацијата е ниска и може да си ја дозволи секој, не ги мешај работите.

Студентските домови ти се преживување, храната ти е наградна игра, може ќе има може ќе нема, а за програмата на факултет не сакам ни да коментирам, бидејќи тоа што го научив го научив од љубопитност и читање на интернет, на факултет учев за технологија од 1960 година и ме малтретираа со учење на глупости кои никогаш нема да ги употребам.

Уште повеќе што мене ме тревожи е тоа што факултети дозволија да завршат и будали кои не можеа ниту средно да завршат, е тоа ме вади од кожа, кога гледам благо ретардирани луѓе со диплома од факултет ми доаѓа да си ја запалам мојата и да се гонам некаде во планина.
Еден совет, многу брзо носиш заклучоци, за некој што не го познаваш не заклучувај пред време.

Џабе се вртиме во круг, заклучок е дека ситуацијата не чини и дека треба да е промени, а дали ќе се промени и дали тие што сакаат да не водат во иднина навистина ќе ја променат ќе видиме,
доволно посветив време на темава имам прилично обврски, терајте си со дискусијата, али запомнете, кој и да треба да не води мора да го контролира народот и тоа детална контрола, секој мал пропуст значи пропаст.
 
B

Bafra

Гостин
Нема политичка криза пошто нема ни политика во Македонија, ние имаме криминална криза, народот не стана против власта оти не се слага со политика или политички ставови, туку затоа што е опљачкан, упропастен, доведен на раб на глад и беда. И младо и старо бега од овде, не зато шо не се слага со политика туку зато шо нема за леб да јаде, 600.000 се иселија не оти не се слагаат со политички одлуки и ставови туку шо не можат тука да си овозможат достоинствен живот, не ми смета мене лично став на власта околу НАТО, ЕУ, името, ми смета шо се умира по операциони сали поради недостиг на опрема и лекови во нив, ми смета шо во 21 век бериме милостиња по СМС и фејсбук да спасиме некое дете од смрт и болест, ми смета шо сум 15 пати повеќе заборчен (како држава) од 1991 а имаме од тогаш до денес, 10 пати понизок стандард, имаме упола повеќе невработени, патиштата ни се упропастени фабрики затворени земјоделието уништено енергетиката дотрајана а школите ни ги реновира УСАИД како да сме кенија или намибија а секоја година се зголемуваат давачки глоби и обврски.
Народот страда да врзи месецт и да куртули од извршители а гледа како со кофи се истураат пари собрани од него на глупости и се богати политичката елита.
[/quote]

Па ако толку страда народов што не е по улици да протестира ... или да тепа извршители, судии, политичарите што го крадат :cautious:
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Бафра,
Не е решение насилие,тоа најмалце го посакува секој, цела работата е да не дојди до тоа, а народот да ги отвори очите.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
824
Поени од реакции
833
Па ако толку страда народов што не е по улици да протестира ... или да тепа извршители, судии, политичарите што го крадат :cautious:
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
По 743 испишани страници, го добивме постот на темата.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Па ако толку страда народов што не е по улици да протестира ... или да тепа извршители, судии, политичарите што го крадат :cautious:
Немаме ние искуство во демократски односи, директно од ропство преминавме во социјализам каде сите беа сигурни, покрив над глава, школство, одмори, здравство социјално.... синдикатот таму беше задолжен само да носи полутки, пакетчиња за нова година, сувомеснати, кашкавали, зимници и организира одмори за деца и работници.
Споредбено, една франција, италија, грција, имаат организации кои ќе ја парализираат земјата со организиран протест.
Ни нашите постари генерации немаат искуство како се спротивставува на власт, а немаме ни законска заштита за протестари, ти следува отказ, ти следува притвор, ти следува слаби оцени на школо, можеби запалена кола, искршени џамови....
Седни пред ТВ и гледај како лица од власт осомничени за криминали не можат да ги обвинат или притворат, а напоредно обичниот народ оди затвор за ќебапи, коприви или протести...
“седи дома, не скокај, парче леб јадиме...“
на снимките Циле од битола е спремен веднаш да отпушти работници кои кај него земаат 8000 плата и ранат фамилија зато шо гласале за друга партија.
Во разговор очи в очи, че ти се изнакука таксист или работник па дури и административец на неправди и лош живот, али во даден момент ќе си наведне глава и со семејство ќе влези штиклиран во автобус со сендвич под мишка пошто или му зависи работата од тоа или му е ветена работа поради тоа.
накратко, успееа во голема мерка да го уништат достоинството, и да го сведат грото на покорна исплашена маса.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Бафра,
Не е решение насилие,тоа најмалце го посакува секој, цела работата е да не дојди до тоа, а народот да ги отвори очите.
Народот има очи, ама цело време замижува кој од страв, кој од тоа што е дел од корумпираноста, итн. итн.

Со среќа во чекањето со ваков народ :P
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Народот има очи, ама цело време замижува кој од страв, кој од тоа што е дел од корумпираноста, итн. итн.

Со среќа во чекањето со ваков народ :P
..смени го...шо му еб..ш матер коа е толку глуп..., пушти го со неговиот избор, онака штиклиран пред автобус и со сендвич под мишка...без достоинство и ко исплашена покорна маса
Ти пробај да најдеш некој друг народ за да му солиш памет..., може повеќе ќе ти се погоди од овој...ваков недостоен ни за ЕУ...:sneaky:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.136
Поени од реакции
8.927
Политичката криза ја загрози препораката за ЕУ
Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, а сѐ поголем број европски и домашни претставици сметаат дека во прашање е и препораката за почеток на преговори со Европската унија, па дури и кандидатскиот статус.
Најголема пречка за влегувањето на Македонија во ЕУ и НАТО не е Грција туку Грујо. Неговата про европска ориентација е само фарса за пред странците и албанските партнери. Еве чувме и од гатачката дека на Македонија не и е местото таму туку ние сме си античка сила која што може да опстои сама. Некој во 2006та да ми кажеше дека ние нема да влеземе во овие организации до 2016та ќе му се смеев во фаца.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Народот има очи, ама цело време замижува кој од страв, кој од тоа што е дел од корумпираноста, итн. итн.

Со среќа во чекањето со ваков народ :P
на народот му треба искрено поштено некорумпирано водство.
Види само од 45 до 91 шо се можеше овој народ да направи. Од феудална земја, стана индустриска, со фабрики, рудници, автопатишта, аеродроми, електроцентрали, пруги и железници, градежништво со огромен капацитет и механизација, болници, универзитети...
и доктори и инженери и агрономи и пилоти и уметници, и иноватори.. да ти е гордост да ги гледаш тие години кога се работеше за општа корист.
И сега има многу паметни луѓе во Македонија и капацитети и надежи али тие се паметни и бегаат надвор или се сиромашни и не можат да се дошколуваат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
каква политичка криза , какви бакрачи... во Црна Гора имаше силни нереди со апсење на опозиција, предходно бомби по редакции и убиства... ете сега во Хрватска има ептен политичка криза...
пак ли со Хрватска. Хрватска е веќе во ЕУ
каква политичка криза , какви бакрачи...
до каде сме со поглавијата за членство? Ме прашувет децана па да знам шо да им кажам
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
на народот му треба искрено поштено некорумпирано водство.
Види само од 45 до 91 шо се можеше овој народ да направи. Од феудална земја, стана индустриска, со фабрики, рудници, автопатишта, аеродроми, електроцентрали, пруги и железници, градежништво со огромен капацитет и механизација, болници, универзитети...
и доктори и инженери и агрономи и пилоти и уметници, и иноватори.. да ти е гордост да ги гледаш тие години кога се работеше за општа корист.
И сега има многу паметни луѓе во Македонија и капацитети и надежи али тие се паметни и бегаат надвор или се сиромашни и не можат да се дошколуваат.
Не е што ти треба , туку ШТО ЗАСЛУЖУВАШ тоа добиваш.
Така и со нас, што сме заслужиле тоа си добиваме.
Грујо и БЦ и да биле поштени ако тие под нив се подмитливи,неспособни и неморални џабе ти е, или ќе ги сменат или ќе ги скинат :D
Имаш 180.000 администрација, 300.000 пензионери, 20.000 социјални случаеви (може и повеќе да се овие) и очекувате економски напредок :confused:.

Врска 41-91 има друга тема, и таму те прашав ЗАШТО не постои тој систем ако толку бил успешен,праведен, некорумпиран итн итн... ама не даде одговор
Цената за тој нереален систем сега си ја плаќаме и ќе си ја плаќаме уште долго.

..смени го...шо му еб..ш матер коа е толку глуп..., пушти го со неговиот избор, онака штиклиран пред автобус и со сендвич под мишка...без достоинство и ко исплашена покорна маса
Ти пробај да најдеш некој друг народ за да му солиш памет..., може повеќе ќе ти се погоди од овој...ваков недостоен ни за ЕУ...:sneaky:
Ти бе 10.0000 коментари и уште на мандарински збориш :D

И ќе го пуштам нека иде нека изгори, само така можеби ќе ни дојде памет. Нејќу друг народ, си го сакам овој античкиов и најубав :cool: А за ЕУ тик так тик так е работава ;)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не е што ти треба , туку ШТО ЗАСЛУЖУВАШ тоа добиваш.
Така и со нас, што сме заслужиле тоа си добиваме.
Грујо и БЦ и да биле поштени ако тие под нив се подмитливи,неспособни и неморални џабе ти е, или ќе ги сменат или ќе ги скинат :D
Имаш 180.000 администрација, 300.000 пензионери, 20.000 социјални случаеви (може и повеќе да се овие) и очекувате економски напредок :confused:.

Врска 41-91 има друга тема, и таму те прашав ЗАШТО не постои тој систем ако толку бил успешен,праведен, некорумпиран итн итн... ама не даде одговор
Цената за тој нереален систем сега си ја плаќаме и ќе си ја плаќаме уште долго.

Ти бе 10.0000 коментари и уште на мандарински збориш :D

И ќе го пуштам нека иде нека изгори, само така можеби ќе ни дојде памет. Нејќу друг народ, си го сакам овој античкиов и најубав :cool: А за ЕУ тик так тик так е работава ;)
...Bafra.., ти нема спас, нема леб за тебе овде...фаќај ти некој од ефтиниве авиони на Визер, док има субвенции и ги има...после ќе мораш пешки ко мигрантиве по пруга и да се пентариш по жичани огради....док маџарски чардашлии те боцкаат со електрични стапови....:sneaky:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom