КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Се урива објектот на Цаноски „Космос“

Од рано утринава и со силно полициско обезбедување, градежни инспектори од општина Гази Баба се наоѓаат пред комплексот во изградба-Космос, на бизнисменот и пратеник Фијат Цаноски. Со намера да урнат еден дел од него, поточно шест ката, или околу 35.000 квадратни метри од објектот.
Цаноски, на кого не му беше дозволен пристап до објектот, тврди дека се што гради досега е легално и за тоа поседува документација, како и дека се уште не му е поминат рокот за жалба на, како што тврди, заклучокот кој што му бил неправилно доставен. Најави кривични пријави и тужби и правда и пред меѓународни судски институции.

АЛФА ТВ
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
http://kajgana.com/makedonija/fijat-canovski-policijata-mi-zabrani-da-vlezam-na-sopstveniot-imot

Пратеникот Фијат Цановски денеска кусо изјави дека полицијата не му дозволила да влезе на својот имот и дека згора на тоа не му покажала налог.
Тој тврди дека изградбата на објектот е целосно според законот.
„Јас сум свесен дека сум пратеник од опозицијата, но токму затоа се грижев целата изградба да е целосно според законите“, вели Цановски.
Инаку, во моментот објектот е опкружен со силни полициски сили, а на местото се собрани и повеќе пратеници на опозицијата. И на новинарите не им беше дозволено да пристапат до објектот.
Уривањето на станбениот комплекс “Космос“, започна денеска рано изутрина. Причината за тоа, според надлежните, се сериозни повреди на Законот за градење и констатирани неправилности и нелегални дејствија во текот на изградбата, ќе се урне дел, односно шест ката или околу 35.000 метри квадратни од објектот.
Инспекторите пред десетина дена утврдија прекршување на Законот за градење и законските процедури, противправно постапување, значителни отстапувања.
Општина Гази Баба потенцира дека против сите учесници во градењето ќе бидат превземени соодветни законски мерки се со цел да стави крај на урбаната мафија.
Комплексот “Космос“ се гради покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.820
Поени од реакции
50.025
фино го начекаа, А1 не работи-нема кај да се жали и удри.

Ја лично, не верувам дека некој може да е толку глуп да гради објект со триста неправилности, кога добро знае дека го чекаат и на најмал кикс.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Ке се урива КОСМОС ајдеее кој се закача со власта ќе го рушат :tapp:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Од авион се гледа дека е политичка местенка.
Инаку 100% оправдувам, не треба да се бираат средства во борбата против комуњарите, племето да им се сотре накази едни изродски.

На ред е ФОН, треба да се сруши затоа што продуцира морони.
 
I

Iblis

Гостин
Од авион се гледа дека е политичка местенка.
Инаку 100% оправдувам, не треба да се бираат средства во борбата против комуњарите, племето да им се сотре накази едни изродски.

На ред е ФОН, треба да се сруши затоа што продуцира морони.
Абе тие морони се веќе произведени, на дообука се на ФОН, некој од нив и ќе го биде, ФОН ни е најмал проблем :D
Сеа Фичо го попапа, има утврдени неправилноси кај објектот, не ги тргнал на време и законот се спроведува, додуша малку селективно во последно време(уствари коа ќе размислам така одсекогаш се спроведувал закон тука и во Турско).
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Едно време памтам на А1 идеа реклами за ФОН и владата као имале соработка. Што толку ја спукаа не ми е јасно.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Сеуште пола администрација и дел од влада има дипломи од ФОН.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Може да прејудицираме се во моментот, дека е политичка местенка, селективна имплементација на законот, но јас барем знам дека голем дел од нашите фирми и претприемачи работеа на сличен начин како што е сценариото за Космос, се плаќа комуналии или пак се одобрува проект со одредена намена, и во анекс на тој објект се додаваат уште 1000 квадрати деловни простории или пак нешто друго што не е никаде спомнато. Кога ќе дојде цремето за инспекција и поминување од страна на министерство проработува системот кај што буши пара, не буши бургија и објектот е легален. Ако Цаноски поседува легални документи за објектот, тогаш не му можи никој ништо, судски го добива случајот, ама изгледа нешто смрди и кај него што само изјавува дека е легално, но не приложува никакви докази барем досега како што е копија од одобрен план за архитектонско решение до медиумите.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Не е само Космос,уште многу треба да се срушат.. Ќе почнат ли еднаш во Тетово,Куманово и Гостивар ?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Не е само Космос,уште многу треба да се срушат.. Ќе почнат ли еднаш во Тетово,Куманово и Гостивар ?
Таму не чепкаат, те молам - забранета зона е тоа!
 
I

Iblis

Гостин
Не е само Космос,уште многу треба да се срушат.. Ќе почнат ли еднаш во Тетово,Куманово и Гостивар ?
Така е бе Цитро, се што не одговара да се сруши, системот мора да се зачува, власта мора да се одржи, или си со нас или си на "голи оток" oh wait тоа беше во комунизмот:P
Него требаше да се остави човекот да си догради, да си доплати за неплатеното + каматичка + казничка, ќар за сите, ем ми изгледа убав објектот, ем ќе имаше нови станови на пазарот, ем ќе имаше парички за во буџетот, а Фичо сакал-нејќел на пола изградена зграда веројатно би се согласил.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Така е бе Цитро, се што не одговара да се сруши, системот мора да се зачува, власта мора да се одржи, или си со нас или си на "голи оток" oh wait тоа беше во комунизмот:P
Него требаше да се остави човекот да си догради, да си доплати за неплатеното + каматичка + казничка, ќар за сите, ем ми изгледа убав објектот, ем ќе имаше нови станови на пазарот, ем ќе имаше парички за во буџетот, а Фичо сакал-нејќел на пола изградена зграда веројатно би се согласил.
Мене се ова со комплексов и со А1 телевизија, ми личи како пресметка на два мафијашки клана:) Долина на Волците....:P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom