Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Toj не е мистерија. :icon_lol:

Пробај од овие ако имаш некој испуштено, немаат хорор примеси.
Прегледај го приврзокот 148642
Inception и Gone Girl сум ги гледал другиве се сите 0.За Cloud Atlas секаде ги пишува сите овие категории-Drama ,Scy-fy, Mystery.Побарај кај сакаш.

Vanilla Sky, 10 Cloverfield Lane, Gone Girl, Predestination, Transcendence.
Ниту еден не ми се допадна .
 
Nice Guys растури, одамна се немам така смеено на филм, лудница беше, макар што на моменти Гослинг делуваше како да не сака да глуми.
Исто и Sisters ми беше забавен, guilty pleasure.

The Nice Guys е една од најјаките комедии шо сум ги глеал последните 2-3 години, заедно со Deadpool, лудница сценарио, Рајан Гослинг врв у комбинација со Расел Кроу! :D Топ 8/10
сте ме претркуеле. А тамам мислев прв ќе го предложам. Totally agree with MyloXyloto, добар беше Расел Кроу, али како сум се смеел на Рајан. Посебно ко беа во вилана. :pos:
Плус само двајца во салата, јас и еден постар човек. Смеење на раат. Исто 8/10. :D

За прва половина од годинава па и има комедии, за разлика од лани-полани ко едвај една у цела година имаше. Дедпул супер комичен, браќава Гримзби и Финиве момци се топ.

@Iceboy немој со Sisters, дали 2ка му дадов, искрено се надевам оној WTF со Тина Феј ќе е поарен.[DOUBLEPOST=1464807649][/DOUBLEPOST]
Toj не е мистерија. :icon_lol:

Пробај од овие ако имаш некој испуштено, немаат хорор примеси.
Прегледај го приврзокот 148642
man по ова треба mystery lover да се пишам, освен Кловерфилдска и јагнињата што не сум ги гледал другото се ми е изгледано.

@khz777 гледај Identity (2003). Прејак мајндфак, плус сите погоре што ти ги сликнал викид. Најдоброто од мистерија ти е тоа. :D
 
Последно уредено:
Пошто одамна му се токмев, конечно денес ми текна на него - Ruben Östlund, шведскиот режисер на Force Majeure, оној кој ме купи со својот реализам и плима од емоции во драмата во зимското одмаралиште. Денес ги гледав неговите останати две долгометражни филмови, Play (2011) и Involuntary (2008).

Play ми се допадна повеќе, реализам и расизам во вистинска смисла на збор! Базиран на вистински настани и случаи од судници говори за банда деца црнци кои малтретираат и крадат од тројца бели деца. Како и Force Majeure и овде се приметува неговиот начин на снимање, кратки сцени поврзани во една целина (што најмногу се приметува во неговото првенче Involuntary). Крајот на Play ми беше одличен! Препорака за сите што го сакаа Force!

Involuntary се повеќе неповрзани приказни во едно за ненамерни или намерни ситуации. Интересен начин на снимање и случки. Добро филмче како за долгометражен првенец.

И да, плени со реализам и емоции секој филм на Рубен. Иначе моментано во фаза на пред-продукција е неговиот прв англиски филм The Square, во кој Елизабет Мос ќе ја има главната улога.
 
Последно уредено:
Warcraft-ов добар испадна мајке ми. Треба едно 5 минути да се навикнеш на CGI ликовите но после влагаш у филм (буквално) и си тече приказната. Има ептен ситници и детали кои само оние кои ги играле игрите ќе ги приметат ама солидно филмче е и за останатите. Ќе направи многу пари гарант, што е добро пошто ќе ја молзат франшизава додека носи пари а тоа значи повеќе филмови за нас!

8/10
 
13 Hours in Benghazi добро филмче. Не беше премногу спор, ниту напорен си имаше некој убав баланс и добра хемија у екипава, у глобала солиден филм очекував срање пошто нели Мајкл Беј. :D
 
па дури и да не ти се свиѓа ќе ставиш лајк барем или фала ќе пишеш, а не глупи се, не ме интересира. Некој одвоил време да ти помогне нешто да ти преложи, никаква култура да се немало.
Не ве ни цитирам повеќе зошто кога ми давате предлог јас ќе напишам дека не ми се допаѓа филмот ,вие ми враќате со погрдни зборови или цинизам .Ако не ни совпаѓаат мислењата нема потреба така да ми одговарате .Како на пример сега и секое мое мислење во темава.
 
Не ве ни цитирам повеќе зошто кога ми давате предлог јас ќе напишам дека не ми се допаѓа филмот ,вие ми враќате со погрдни зборови или цинизам .Ако не ни совпаѓаат мислењата нема потреба така да ми одговарате .Како на пример сега и секое мое мислење во темава.
Слободно пиши си, некој ако сака ќе ти одговори. Не се замарај со овие филмаџииве. Да знаеш само какви глупи филмови ги фалат во темава.
 
Слободно пиши си, некој ако сака ќе ти одговори. Не се замарај со овие филмаџииве. Да знаеш само какви глупи филмови ги фалат во темава.
Океј е .Јас ги разбирам и нив секој си има свое мислење и го ценам нивното време , но одговараат со понижување како да сум ги опцул.Некои коментари се директно упатени кон мене за да ме омаловажат со намера .
 
Океј е .Јас ги разбирам и нив секој си има свое мислење и го ценам нивното време , но одговараат со понижување како да сум ги опцул.Некои коментари се директно упатени кон мене за да ме омаловажат со намера .

некој ти предложува филм што го гледал, му оставил голем впечаток и сеа ти што не си го ни видел ни постерот му викаш глуп дека е, што сакаш да ти врати?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom