Има некое инфо негде дали Кинезите ќе ги врата
@курајбер и
@Нинович у Милан ?
Јас можда боље и да не пишувам. Само така ми испуњаваат желби.
Коа го потпишаа Синиза реков дека не пишувам додека е тој во Милан. Релативно брзо го тргнаа. Еве го сеа во Торино, уствари каде и му е нивото, па догодина здравје најверојатно ќе го спасува Палермо од испаѓање.
Не дека е Синиза главен кривец за било што, фала му за Ромањољи и Донарума и само тоа. Не беше тренер каков што сакав во Милан.
Моите осечаи во врска со ситуацијава во Милан можда најдобро ги отсликува желбата да умрат сите заедно. Освен 3-4ца исклучоци.
Коа ги пцуев сите поврзани било како со Милан гледајќи ги на последните 10ина утакмици и им го посакував поренаведеното, сакаа да ме избркаат од дома, мислејќи дека сум луд, пореметен и штетен за околината.
Сеа од оваа перспектива, викам дека на Милан му треба радикална промена. Некој посериозен потрес. Дали е тоа масовна чистка (ама стварно масовна), дали е промена во раководните структури, дали е промена на сопственоста или пак сите овие заедно. И сите проблематични карактери и шиликуранти како Менез, Боатенг и Балотели надвор од тим. Во ваква атмосфера, такви луѓе само ја влошуваат ситуацијата.
Од информациите до денес, најверојатно најблиску е промена на сопственоста. Знам дека сите го сакаме тоа, ама шкакљива работа е и мора да се биде претпазлив и во таа работа. Тешко дека може да биде полошо од ова моментално, ама немој да се донесеме во некоја таква ситуација, затоа што тек тогаш нема да има назад.
Така да, додека нема нешто од радикалниве работи спомнати погоре, додека не се случи нешто што би покажало искрена желба за промена и сериозен план за излез од ова срање, мислам дека нема што да се пишува за Милан. Најверојатно се е кажано.