Откако во првата сезона ги исполнивме очекувањата на стручниот штаб, а тоа беше пласманот во втората лига, оваа сезона , со големи амбиции и уште поголеми очекувања, атакуваме на првото место во втората лига, а со самото тоа и обезбедување на место во најелитниот ранг од ова натпреварување. Со цел да се оградиме од секакви напади на новинарите и фудбалската јавност, тренерот на Бемфика јавно изјавува дека купот овојпат ќе биде за разигрување на вториот тим а со тоа би им дал шанса на играчите што имаат мала минутажа, да се докажат со цел да помогнат на тимот.
Мило ми е што во првата сезона, тимскиот дух достигна едно високо ниво, па се надевам дека и понатаму ќе расте тимскиот дух, за да има подобри тимски резултати, како и на теренот, така и надвор од него.
Сезона без пораз би било идеално нешто, но да не претеруваме уште од сега, останува да видиме дали играчите ќе ја задржат својата форма.
Пријателската против Менхенгладбах е еден доказ дека и бековите активно се вклучени во головите на својот тим па, тим со ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)