jovankrstevski1
ТАТА_МАТА
- Член од
- 2 декември 2012
- Мислења
- 855
- Поени од реакции
- 602
Значи не можам повеќе со вакви институции заборавени во времето. Истата институција, со истиот ентериер, со истиот метод на работа од пред 50 години и без изгледи дека нешто ќе се промени.
Да напоменам дека овој пост пред се, се однесува на главната пошта под Железничка станица од која понатаму се разнесуваат пратките во локалните пошти.
1. Известие за пристигната пратка. Со години се користи истото картонче за да те известат дека пратката е пристигната, целото е со печатни грешки и зборови што не постојат во македонскиот литературен јазик и на никој не му е гајле. Кога ќе размислам какво е се друго, картончето е најмалиот проблем (нека го прикачи некој ако му се наоѓа при рака)
2. Поштата може тебе да ти доцни, но ти не смееш да и доцниш на поштата. Доставата на пратки во светски рамки драстично се подобри. Hong Kong Airmail Post почна да доставува пратки од другиот крај на светот за една недела, а понекогаш исто толку време и треба на нашата пошта за да ја обработи истата. И за тоа треба да бидеме луѓе и да ги разбереме, но ако ти не си го проверил поштенското сандаче и не ја подигнеш за 5-7 дена ќе ја вратат од каде што е купена. Зошто? Бидејќи ти си тој кој треба да биде во служба на поштата а не обратно.
3. Пратката е пренасочена. Гледаш дека пратката е пристигната онлајн, си велиш ќе одам да ја земам. Одиш кај поштарите, не е кај нас пренасочена е на приемно одделение. Одиш на приемно одделение, а дечко утре ќе ти стигне известување дека од задутре можеш да дојдеш да ја земеш. Па добро бе 2 врати ве делат со поштарите, организирајте се и дајте ми ја пратката. 3 дена процедура за нешто што треба да одземе максимум 5 минути.
4. Губење на пратки. Моето досегашно искуство покажало дека, пратките без број за следење без проблеми стигаат доколку е пластика, имаат ситни и лесни работи, но доколку е во кутија и/или изгледаат симпатично, мистериозно ќе исчезнат. Доколку е книга може да ја скинат опаковката за да се види што книга е и ако е на англиски така со скината опаковка ќе ви ја достават без пардон. Се разбира за ова не можам со сигурност да потврдам чија вина е but it fits the description.
5. Ако отидете 10 минути пред крај на работно време, како во око да сте им бркнале. Ако отидете во сабота кај поштарите (а најверојатно и другите денови) 10 минути пред истекот на работно време, џабе сте отишле. Се спакувале, раздолжиле и се на пат накај дома. Затоа што работно време е за пи*кици.
Морам да им оддадам почит на 20% од вработените кои одговорно и чесно си ја вршат работата и покрај сите услови, но сепак нешто е труло. А тоа не е само ентериерот и екстериерот на македонски пошти.

Последно уредено: