UEFA Europa League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли човече..ако прочиташ малце во фан клуб Интер стручњаците Стефан и Џонтра што пишеа нема да ти се верува..според нив Гамеиро бил непостоечки и просечен играч што врска нема од фудбал бидејќи реков дека е подобар и подокажан играч од Икарди..е дотолку се заминати стандардите во форумот.

Значи во сезона каде чоекот игра во животна форма и постигнува 30 гола не е повикан за репрезентација,а ги повикува неписмениот Жиру и Жињак што игра рекреативен фудбал во Мексико..има две објаснувања за ова..или Гамеиро е искаран со Дешамп,или Дешамп се дрогира надополнето со тежок ментален проблем....Жиру и Жињак бе:pos:

Не сум го гледал многу Икарди. Не се ист тип, нит играат во иста лига, ниту на иста возраст така да неблагодарно е да се споредуваат. Подокажан секако дека е Гамеиро пошто е во најдобрите години, а Икарди е многу помлад.
Штета што многу често се повредуваше низ годиниве Гамеиро, уверен сум дека ќе беше во многу поголем клуб моментално, како Атлетико на пример.
 
Штета за Ливерпул, наместо чекор напред они направија два чекори назад. Многу подобро ќе беше Ливерпул во ЛШ да иде поради тоа што недостига во тоа натпреваривање, вака сега Севиља кој никој не се замара за нив ќе ги гледаме како испаѓаат од групи.

Констатацијата ти нема никаква логика бидејќи Ливерпул играше во ЛШ ланската сезона каде во група со Лудогорец и Базел заврши на третата позиција и доживеа неуспех,за разлика од Севиља каде играше во групата на смрта составена од Јувентус,Сити и Минхенгладбах со тоа што се покажа солидно како за прв пат и имаше две победи.[DOUBLEPOST=1463615278][/DOUBLEPOST]
Не сум го гледал многу Икарди. Не се ист тип, нит играат во иста лига, ниту на иста возраст така да неблагодарно е да се споредуваат. Подокажан секако дека е Гамеиро пошто е во најдобрите години, а Икарди е многу помлад.
Штета што многу често се повредуваше низ годиниве Гамеиро, уверен сум дека ќе беше во многу поголем клуб моментално, како Атлетико на пример.

Разбирливо е дека не се за споредба,поинакви играчи се..ама овие двата стручњаците со невидено потценување коментираа за него како да се работи за Боби Замора..непостоечки бил,ваков бил,онаков бил...еве му во финале во Лига Европа го видоа непостоечкиот..во секоја акција на Севиља беше вклучен и нон стоп ја притискаше последната линија на Ливерпул..одличен играч е
 
Тоа што Ливерпул заслужено изгуби, изгуби и нема муабет.
Тоа што Син, Џонтра, Џони и Стек едвај чекаат лоша партија од Кутињо (кој реално беше затворен у шише цела текма и непостоеше), исто така чекаат, за да се утешат дека 10м евра за него не е кражба трансфер. Еве гледам Син „експерт сум за фудбал и ретко пишувам али пишувам длабоки постови на латиница“ пишал дека не вредел ни 5 милиони.

Мизерија настап, поготово од одбраната на Ливерпул. Туре со 95 години да ти биде најдобар играч од одбрана е поразително и поради тоа не заслужуваш успех во финале, макар било тоа пивскиот куп, не па европско финале.

Мислам дека е трагично да се просерава за квалитети на Џан, Фирмино и Кутињо, со оглед на тоа дека сите имаат по 22, 23 и 24 години и покрај тоа што покажуваат добри игри, се релативно млади играчи со простор за надогрдба.

Исто, малку е смешно да се сере со оглед на тоа дека огромен дел тука дркаа на перформансите на Ливерпул против Дортмунд, Јунајтед и Виљареал и „симнуваа капа“ за настапите и мудата кои ги покажаа.

Како и да е, фино е да играш во европско финале, макар тоа било ЛЕ. Заслужена победа на Севиља, се надеваме на посветла иднина и уште многу финалиња, па и некој трофеј, здравје.

До тогаш, можеме сите да спиеме со помислата дека Кутињо не вреди ни 5милиони евра.
 
Имаше шанса да го извлече максимумот од сезонава Ливерпул, ама не успеа. Огромна грешка направија со тоа што ги потценија Севиља по завршувањето на првото полувреме, каде што Ливерпул целосно издоминира. Таа доминација во првото полувреме на крајот се покажа како поразителна, бидејќи во второто влегоа како веќе да го освоиле трофејот. Покрај одличното прво полувреме, мислам дека беа оштетени англичаните и искрено, Ериксон кај што инаку е врвен судија, денеска не се покажа на висина на задачата и се исплаши да покаже на белата точка. Не ги видов многу добро ситуациите, ама барем една игра со рака во шеснаесетникот на Севиља беше намерна и заслужуваше санкција.

Сепак да бидеме реални. Во второто полувреме се покажаа сите дефекти кои ги поседува еден тим што е составен од горе-долу просечни фудбалери. Дефанзивната линија на Ливерпул е криминал и за тоа не треба да има никаков сомнеж. Дечкото што игра лево, Морено, буквално во 5-6 ситуации беше изваден од колосек. Ловрен не знам каква сезона изигра, затоа што слабо ги пратев, ама изигра катастрофален меч. Секогаш доцнеше, многу лошо се позиционираше. Се на се на Ливерпул му се потребни барем пет или шест играчи, квалитетни за прв тим. Претешко е на денешно време тоа да се направи за едно лето, ама мора да почнат да водат сосем друга трансфер политика од онаа досега.

Нема што да се каже за Севиља, едноставно докажуваат дека знаат како се игра елиминациона фаза во ЛЕ :cuc:. Одлично се опоравија после шокот во првиот дел и во второ полувреме буквално изгледаа како Баерн Минхен да напаѓа. Не му дадоа на противникот шанса глава да крене, а не нешто повеќе да направи. Апсолутно заслужен трофеј, секоја им чест.
 
По незнам кој пат се докажа шпански тим против англиски и доминацијата на шпанците во Европа. Читам на полувреме некој беше пишал дека Клоп го прочитал Емири како првоодделенски буквар :drk:
 
Реално за сумата која ја плати Ливерпул Кутињо е супер трансфер. Постојано е меѓу најдобрите поединци во тимот, а и ако освоеа ПЛ ќе беше меѓу најзаслужните.
Секако дека не е толку добар колку што го крева англиската штампа(т.е. Реал/Барса/Баерн материјал) и дека е можно да не му одговарал фудбалот во Италија и бил очаен, но дека бил крпа и никаков играч мало морген. Има магија бразилецот, под Клоп и со подобри соиграчи ќе има огромен напредок.

Иначе ова е прво изгубено финале за Ливерпул откако први заводиле, а и Клопо слабо со финалињава 1/6 имал добиено.
 
Мондо брат, џабе се вадења со муабети „не ни свирнаа пенали“ „абе три пати играа со рака“ кога севкупно земено Ливерпул беше послаб противник. Можеби можеше да се свирне некој пенал, можеби и требаше и малку се глупи муабетите што некои ги прават „абе ќе заебе финале“ ама не треба да биде основ за изговор, дека поради тоа не сме го освоиле. Заслужен трофеј за шпанците, нема муабет.
 
Кутињо е луксузен играч, и мислам дека никогаш нема да биде лидер, тој кога е опкружен со добри играчи вади страшни игри.Цреша на шлагот, кровот на куќата, за да го покаже најдоброто мора да има стабилна средина околу него.
Нешто слично на Кутињо се Озил и ДиМарија.
 
Со одењето на Суарез, сите навивачи на Ливерпул очекуваа (вклучувајќи ме и мене), новото заштитно лице, новиот двигател, новиот мотор на клубот да биде Кутињо. Кутињо има мајсторија, има магија, има знаење НО (големо но), сега за сега очигледно не може да биде тоа што во еден тим е Суарез или Роналдо; Меси или некој од тој тип на играчи. Играч кој недела за недела ќе решава утакмици. Дефинитивно, сега за сега, го нема тоа, мада, има само 23 години, така да, ништо не е изгубено.

Тоа не го менува фактот дека 10 милиони за Кутињо во било кое време од неговата професионална кариера е кражба. Да имав милион, ќе му даев на Морати, да пие една пијачка за зделката.
 
Изгубивме финале и пак ги мочаме жабариве :kuracc:
 
Realni da budeme prvo pol Pul bese Real ne gi iskoristi sansete moz imase i penal.Ali brate Sevilja u vtoro bese ko Barsa.Dogodina kupov treba da se vika pobedija Sevilja
 
Иронија и сарказам ретко покриваат празни аналитики другар... глупи комуникативни облици се тоа, претежно за мали деца.
Среќа па ти една длабока аналитика што даде...
 
Mnogu visoko bese postavena odbranata na Liverpool vo vtoro poluvreme.Toa im bese najgolemiot problem.

A presing bukvalno i da nemase,ocajno vtoro poluvreme.
 
Замисли човече..ако прочиташ малце во фан клуб Интер стручњаците Стефан и Џонтра што пишеа нема да ти се верува..според нив Гамеиро бил непостоечки и просечен играч што врска нема од фудбал бидејќи реков дека е подобар и подокажан играч од Икарди..е дотолку се заминати стандардите во форумот.

Значи во сезона каде чоекот игра во животна форма и постигнува 30 гола не е повикан за репрезентација,а ги повикува неписмениот Жиру и Жињак што игра рекреативен фудбал во Мексико..има две објаснувања за ова..или Гамеиро е искаран со Дешамп,или Дешамп се дрогира надополнето со тежок ментален проблем....Жиру и Жињак бе:pos:
Дечко нормален ли си ти што збориш бе? Ми го споредува Гамеиро со Икарди, земи обеси се најискрено ти кажувам. Знаев дека ќе го отечеш после она вчера, та преку тасета ако дал гол во финале, и Геце го реши финалето на СП па исчезна од мапата на живите.
Ти се смее народ бе Џони, земал пишал онојпат у фан клуб Интер дека Гамеиро и Лаказет биле боље шпицови од Икарди, доооооооооооооооооооооообар.[DOUBLEPOST=1463647496][/DOUBLEPOST]
Реално за сумата која ја плати Ливерпул Кутињо е супер трансфер. Постојано е меѓу најдобрите поединци во тимот, а и ако освоеа ПЛ ќе беше меѓу најзаслужните.
Секако дека не е толку добар колку што го крева англиската штампа(т.е. Реал/Барса/Баерн материјал) и дека е можно да не му одговарал фудбалот во Италија и бил очаен, но дека бил крпа и никаков играч мало морген. Има магија бразилецот, под Клоп и со подобри соиграчи ќе има огромен напредок.

Иначе ова е прво изгубено финале за Ливерпул откако први заводиле, а и Клопо слабо со финалињава 1/6 имал добиено.
Епа ај иди објасни му на Пеја. Он ни викаше на мене и Џонтра: Абе Нејмар го вика да дојде у Барса, како може да не е играчиште? :icon_lol:
Добар играч е, ама под итно треба некој Хазард/Роналдо/Суарез тип на играч во Ливерпул за да ги повлече сите конци. А исто така и на Стариџ му треба некој класа напаѓач до него, многу поефективен е така.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom